1Димитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитување
3ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех на државата, а не трепна кога заедно со Заев го продаваа името
Шоу бизАлис Купер откри бизарен договор со неговата сопругаЛегендарниот Алис Купер откри дека има договор за самоубиство со неговата сопруг, Шерил Годард.Легендарниот музичар, сега фронтменот на групата на Џони Деп , Hollywood Vampires откри за Мирор дека ја сретнал Шерил кога танцувала на неговите концерти во 1975 година и дека наскоро сфатиле дека не може да живеат еден без друг. "43 години сум во брак со најдобрата девојка на светот. Никогаш не сме се изневериле", изјави 71-годишен рокер за неговата десет години помлада сопруга. "Ние направивме пакт -. Нема начин преживееме еден без друг. Кога тоа се случи, ќе одиме заедно..." "Подобро танцува сега отколку во 1975 година", вели Алис. "Ќе мислите дека сакам да се спасам од жена ми , но таа ми е најдобра пријателка, и нема начин да преживееме со други". И покрај овој пакт, Алис верува дека сè уште има доволно време и додава дека е инспириран од неговата мајката Ела Мее Фурние, која има 96 години. "Неуништива е . Тоа мора да е до гените . Имам 71 години и сум исто тежок како кога бев 30. Јас има тело што никогаш не се менува. Не пушам, не пијам 37 години. Јас сум единствен во бендот кој не се разболува." View this post on Instagram 43 years. Photo @cerealkyler A post shared by Alice Cooper (@alicecooper) on Mar 20, 2019 at 5:39pm PDT "И двочасовниот концерт е одличен аеробик ", вели Алис, кој во едно интервју откри дека најдоброто нешто што го направил е што се откажал од кокаинот во седумдесеттите години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитувањеМакедонците и Бугарите не ја изгубиле меѓусебната доверба, меѓутоа, ни треба подадена рака од Софија за воспоставување на постојан политички дијалог за надминување на разликите – изјави заменик шефот на дипломатија Зоран Димитровски во Софија. Пред својот говор, Димитровски ја поздрави публиката на бугарски јазик, притоа нагласи дека секој што сака да зборува на мајчиниот македонски или бугарски јазик треба да ја има слободата во тоа. Во овој контекст, Димитровски изјави дека вклучувањето на бугарите во македонскиот Устав никогаш не било проблем, меѓутоа, како што рече, добрососедските односи мора да се двонасочна улица. -Прашањето за вклучување на Бугарите во нашиот устав никогаш не било проблем и никогаш немало спротивставување на вклучувањето на Бугарите и почитувањето на нивните права.// Но, она што би сакале да видиме е потег и од бугарска страна - почитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за регистрација на организациите на Македонците во Бугарија,- -Зоран Димитровски Заменик-министер за надворешни работи и надворешна трговија. Димитровски изрази надеж дека во следните месеци ќе се подобри дијалогот на релација Скопје – Софија со што Брисел ќе донесе одлука за отворање на преговорите за членство. Лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче пак без оптимизам за европската иднина на државава. Тој стравува дека Македонија, во група со Косово и Босна и Херцеговина, како што вели, ќе остане слепо црево во Европа. -За прв пат, како еден дополнителен сигнал за волјата на ЕУ да се проширува е дговорот кој што се спрема за придружно членство на Канада. // Притоа најавува дека за четири земји ќе се изгради точна стратегија, пат во чекори до крајот на мандатот на оваа Европска Комисија, како тие ќе станат земји членки на ЕУ. За жал ние не сме во таа група,- -Венко Филипче, претседател на СДСМ. И покрај политичкиот проблем, Димитровски најави дека на 8 октомври во Софија ќе се одржи Самит посветен на стартешкито коридор 8, откако со посредство на ЕК се постигна договор за заедничка игзрадба на железничкиот тунел што ќе ги поврзува двете земји. Во меѓувреме, директорот на МЖ Инфранструктруа, Ивановски инфромриаше дека со залисилена динамика се работи на втората фаза на пругата Бељаковце – Крива Паланка и веќе се реалзиирнаи околу 40 проценти од проектот.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран почна масовна мобилизацијаИран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и Израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат структура која треба да опфати огромен број доброволци.Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат структура која треба да опфати огромен број доброволци низ земјата. Според Associated Press, повеќе од 600.000 Иранци се пријавиле во иницијативата „janfaday-e iran“, односно „оние кои го жртвуваат животот за Иран“, преку која доброволците треба да добијат воена и цивилно-одбранбена обука. Иранските власти очекуваат бројот на пријавени да надмине еден милион. Размерите на мобилизацијата станаа особено видливи денес во Техеран. Стотици илјади луѓе учествуваат на голем собир организиран со поддршка на властите, кој Ap го опишува како најголема јавна демонстрација на поддршка за иранската држава од почетокот на американско-израелските напади во февруари. Басиџ претходно најави дека само во техеран на 18 септември се планира масовна вежба со 313.000 учесници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех на државата, а не трепна кога заедно со Заев го продаваа иметоФилипче денес се најде да зборува за распродавање, а не трепна кога Заев го распродаваше името, јазикот и Уставот на државата.Селфито во авионот на пат кон „брзата ЕУ интеграција“ ја турна државата во ќорсокак, а што е до него и одма би потпишал нов бланко лист. Селективната принципиелност на Филипче е смешна, му пречат дата центри, не му пречат провизии од вакцини. Неговиот мандат како министер јасно покажа дека му одговара само некој тендер, провизија од вакцина, па дури сакаше и да одземе болница со уцени за судски спорови. Јасно ни е, на Филипче му пречи секој успех на Македонија, му пречат економските политики на Владата оти ја движат земјата во правилна насока, а за тоа говорат 8-те последователни квартали со раст на БДП од над 3%. Филипче да се преиспита што точно му одговара, дека до сега знаеме оти не му пречат висококатниците во Дубаи, златни визи, јахтите во Грчка, знаеме дека е фан на Џиновиќ и на Заев, ама не знаеме зошто му пречат сите неуморни напори на Владата да ја води државата напред и да го подобри животот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter