3Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките
МакедонијаАли Ахмети оствари средба со премиерот на Косово Авдулах ХотиПретседателот на Демократската Унија за Интеграција, г.Али Ахмети, денеска во Собранието на Република Македонија оствари средба со премиерот на Република Косово, г.Авдула Хоти, кој престојува во официјална посета на земјата.За време на оваа средба со г. Хоти, лидерот на ДУИ г. Ахмети рече дека Северна Македонија и Косово имаат одлични соседски односи и дека секогаш ќе останат исти. Ахмети и Хоти разговараа и за проширувањето на соработката меѓу нашите две земји со цел економијата, стабилноста и просперитетот во регионот. Лидерот на ДУИ, г.Ахмети му честиташе на г.Хоти за постигнатиот договор во Вашингтон, кој го отвора патот за заемно признавање меѓу Косово и Србија и истовремено овозможува интеграција во НАТО и Европската Унија, бидејќи тоа е единствениот начин што гарантира подобар живот за сите граѓани на Балканот. Претседателот на ДУИ, г.Али Ахмети за време на состанокот со премиерот на Република Косово г.Хоти разговараше и за достигнувањата на Македонија, споменувајќи го тука договорот со Атина и Софија и ориентацијата на земјата кон Европската Унија. Ахмети му порача на премиерот Хоти дека компромисите постигнати од Македонија со Грција и Бугарија треба да бидат референтна точка за дијалогот Косово-Србија, бидејќи само преку договор нашите земји можат да одат напред. На крајот од состанокот, лидерот на ДУИ, Ахмети истакна дека Република Македонија ќе ја поддржи Република Косово во спроведувањето на неопходните и важни реформи со цел да се поддржи владеењето на правото и правилното функционирање на косовските институции и во овој случај евро-атлантска интеграција. Со почит, Демократска Унија за ИнтеграцијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
СветПо нападот во Ормускиот теснец, пристигна порака од ИзраелИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе ја заштити слободата на пловидба и безбедноста на поморските трговски патишта.„Поставив едноставна цел. Целта на морнарицата, но и на Израел, е да ги обезбеди морските линии и слободата на поморската трговија, кои се од витално значење за Државата Израел“, рече Нетанјаху за време на посетата на поморската база во Хаифа, објавува „Тајмс оф Израел“. Неговата изјава дојде, според израелскиот портал, во време кога Иран продолжува да напаѓа танкери во Ормускиот теснец, а јеменската бунтовничка група Хути, која е поддржана од Иран, упатува нови закани до израелските бродови во Црвеното Море. Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) претходно денес објави дека танкер бил погоден од неидентификувана ракета додека пловел низ Ормускиот теснец. Индиректните разговори меѓу САД и Иран, одржани минатата недела во катарскиот главен град Доха, завршија без никаков значаен напредок по прашањето за Ормускиот теснец. Иран ги предупреди бродовите да не минуваат низ Ормускиот теснец преку јужната рута во оманските води, нагласувајќи дека секое поминување низ водниот пат мора да биде координирано со иранската војска.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранцуски суд: Ле Пен може на претседателските избори, но ќе носи електронска алкаАпелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од Европскиот парламент, но ја скрати нејзината забрана за вршење јавна функција, со што ѝ го отвори патот повторно да се кандидира на претседателските избори. Лидерката на крајната десница, сега може да учествува на изборите следната година, но под услов да носи електронска нараквица една година, што претходно изјави дека не го прифаќа. Судот ѝ изрече тригодишна затворска казна – две години условно и една година со електронски надзор. Ле Пен се кандидираше за претседател три пати. Таа стана главен ривал на Емануел Макрон, откако двапати се кандидираше и два пати загуби од него.Тагови: ле пен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени. Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07