Александер-Арнолд објави заминување од Ливерпул - Канал 5

Александер-Арнолд објави заминување од Ливерпул

 Одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд најави дека ќе го напушти клубот по завршување на сезоната 2024/25. 

Александер-Арнолд објави заминување од Ливерпул

Договорот на 26-годишниот Англичанец со Ливерпул истекува на 30 јуни 2025 година.

- Ова е најтешката одлука што некогаш сум ја донел. Ливерпул е клубот на мојот живот, мојот свет веќе 20 години. Љубовта и поддршката што ги чувствував уште од фудбалската школа на клубот ќе останат со мене засекогаш. Засекогаш ќе бидам во ваш долг, рече дефанзивецот во видеото објавено на социјалните мрежи.

Александар-Арнолд е производ на младинскиот систем на „Мерсисајдерс“ и е во системот на клубот од 2004 година. За Ливерпул одигра 352 натпревари, постигнувајќи 23 гола и 92 асистенции. Како дел од клубот, бранителот двапати стана англиски шампион, победник на Лигата на шампионите, победник на Купот и Суперкупот на Англија, двапати на Лига купот, а исто така го освои и Светското клупско првенство.

Претходно новинарот Дејвид Орнштајн изјави дека фудбалерот оваа недела ќе потпише договор со Реал Мадрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Откупната цена на вранецот ќе изнесува 21,8 денари, а на смедеревката 20 денари за килограм

Откупната цена за килограм винско грозје од сортата вранец ќе изнесува 21,8 денари, додека за смедеревката ќе изнесува 20 денари, соопшти денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

Серафимовски: Откупната цена на вранецот ќе изнесува 21,8 денари, а на смедеревката 20 денари за килограм

„Овие цени се утврдени врз основа на реалните трошоци на лозарите и законски предвиденото зголемување од 25 отсто. Обезбедуваме фер, транспарентен и предвидлив процес, во кој трудот и вложувањата на лозарите се соодветно вреднувани“, истакна министерот Серафимовски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја утврди производната цена за двете најзастапени сорти винско грозје согласно Законот за виното и Методологијата за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет.

Пресметката ја изготви Земјоделскиот институт - Скопје, како научна институција избрана преку јавен конкурс. Производната цена е добиена врз основа на теренски истражувања, анкети и анализа на репрезентативен примерок на лозарски стопанства.

При нејзиното утврдување се земени предвид сите релевантни производни параметри, вклучително и трошоците за агротехнички мерки, заштита и прихрана, работна сила, механизација, репроматеријали, како и останатите фиксни и варијабилни трошоци.

Заради целосна транспарентност на постапката, анкетните листови користени при пресметката беа јавно објавени на веб-страницата на Земјоделскиот институт - Скопје.

Министерството останува посветено на доследна примена на Законот за виното и подзаконските акти, како и на создавање стабилни и предвидливи услови за производство и откуп на винското грозје, во интерес на лозарите и на развојот на домашната винарска индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Италија исклучени 850 камери за брзина

Возачите во Италија масовно се жалат дека камерите за брзина не ги исполнуваат сите законски барања, а сега нивните жалби дадоа сериозни резултати.

Во Италија исклучени 850 камери за брзина

Бидејќи бројот на жалби со текот на времето драстично се зголеми, неколку општини одлучија целосно да ги исклучат своите радари додека не се донесат појасни прописи.

Италијанската влада сега реагираше и воведе нови национални правила за радарските системи. Сите уреди во земјата мора да ги исполнуваат идентичните технички барања, објавува RevijaHAK.

Пред да бидат ставени во употреба, камерите мора да поминат ригорозно тестирање, а потоа и редовни периодични проверки за да се гарантира апсолутна точност на мерењето. Новите правила, исто така, носат значително повисоки технички стандарди кога станува збор за препознавање на регистарски таблички.

Исто така, ако опремата е сервисирана на кој било начин или нејзиниот софтвер е ажуриран, таа мора да помине низ нова постапка за верификација пред да се врати на патот.

Министерот за инфраструктура и транспорт на Италија, Матео Салвини, изјави дека камерите за брзина мора да служат исклучиво за зголемување на безбедноста на патиштата, а не како скриен инструмент за полнење на локалните буџети.

Иако оваа изјава звучи популистички, овој пат е поткрепена со конкретни технички промени. Реформата беше поздравена и од организациите за безбедност на патиштата и од здруженијата за заштита на потрошувачите.

Сепак, повеќето камери во земјата продолжуваат да работат - околу 3.150 камери ги исполнуваат новите стандарди и ќе продолжат да ги евидентираат прекршоците како и досега. Од друга страна, околу 850 италијански камери во моментов не ги исполнуваат потребните услови и затоа се исклучени - барем засега.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Кремљ станува исклучително опасен“

Литванскиот претседател Гитанас Науседа денес потврди дека разузнавачките служби добиле информации за можни руски провокации во Полска или балтичките држави, чија цел би можела да биде тестирање на единството на НАТО.

„Кремљ станува исклучително опасен“

Во интервју за „BNS“, Науседа рече дека станува збор за можни ограничени напади врз критични инфраструктурни објекти, вклучувајќи ги енергетските и транспортните мрежи, кои би можеле да се извршат со различни средства.

„Не можам да негирам дека имаме такви информации и дека зборуваме за целни операции кои, многу веројатно, би можеле да бидат насочени кон критични инфраструктурни објекти“, рече литванскиот претседател.

Тој изјави дека поради овие проценки, мерките за заштита на клучните објекти во земјата се зајакнати, особено оние важни за функционирањето на енергетскиот систем и поврзувањето на Литванија со европската мрежа.

Според него, можните руски активности би можеле да вклучуваат физичко оштетување на инфраструктурата, од саботажи до напади со беспилотни летала.

„Сè што може да го запре функционирањето на овие објекти мора да се сфати сериозно“, рече Науседа.

Зборувајќи за војната во Украина, литванскиот претседател оцени дека ситуацијата во Кремљ се влошува и дека Русија станува се поопасна поради растечкиот притисок предизвикан од последиците од војната и украинските напади врз руската инфраструктура.

„Кремљ станува исклучително опасен, бидејќи во очај почнува да разгледува работи што претходно не ги разгледувал“, рече Науседа.

Тој додаде дека Литванија не смее да се потпира на фактот дека ризиците ќе се намалат, туку мора да биде подготвена да одговори на можни закани.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер