Со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
2Со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
ФудбалАлегри по победата над Наполи: Важно е што имаме 12 бода повеќе од нивТренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е задоволен од резултатот на дербито со Наполи, но не е импресиониран од играта на неговите избраници. Јувентус синоќа го победи Наполи со 1:0 во натпреварот од 15. коло на Серија А. - Победата на овој натпревар беше многу важна, бидејќи ни овозможи да се одлепиме од Наполи на 12 бодови разлика. Треба да продолжиме да напредуваме бидејќи сè уште правиме премногу технички грешки. Во првото полувреме момците играа добро, а во тешките моменти тимот се претвора во гранитна блока, изјави главниот тренер на клубот од Торино, Масимилијано Алегри. Во пресрет на другите натпревари од 15. коло на Италијанското фудбалско првенство, Јувентус е лидер со 36 бодови, Интер е втор со 35, следуваат Милан со 29, Рома со 24, Наполи е петти со 24 бода. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаПрскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскањеДенеска и утре се реализира авионска дезинсекција против комраци, а од 23 до 26 август ќе се реализира теристична дезинсекција на подрачјето на градот, соопштија од Град Скопје.Како што се наведува во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се наведува во соопштението.Тагови: Град Скопје комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурностЕкономските резултати се мерат со бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност.Доколку направиме компаративна анализа со периодот на владеење на СДС и ДУИ, ќе видиме дека просечната плата во периодот од јули 2024 до мај 2026 година расте за 70 проценти повеќе на месечно ниво во споредба со периодот од јуни 2017 до мај 2024 година. Во јуни 2017 кога СДС дојде на власт, просечната плата изнесуваше 22.808 денари, која до нивното заминување во опозиција, мај 2024 година порасна на 41.252 денари. Тоа значи за седум години, односно 84 месеци влада на СДС и ДУИ, просечната плата се зголемила за 18.444 денари или за околу 220 денари месечно. Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт просечната плата во јули месец 2024 година изнесуваше 40.961 денар, која за нецели две години, до мај 2026 година се зголеми на 49.544 денари. За време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ за 23 месеци, просечната плата се зголемила за 8.583, што значи дека месечно растела за околу 373 денари или за 70% повеќе отколку во периодот кога СДС биле влада. Уште позначајна е разликата кај старосните пензии. Во периодот на оваа Влада, старосната пензија бележи 325 проценти побрз месечен раст во споредба со периодот на претходната влада на СДС и ДУИ. Компаративната анализа на параметрите го покажуваат следното. Просечната старосна пензија во јуни 2017 била 15.273 денари, додека во мај 2024 година изнесувала 22.937 денари. За седум години власт на СДС просечната пензија се зголемила за 7.664 денари, односно месечно растела само за околу 91 денар. Во јули 2024 година просечната старосна пензија била 22.858 денари, додека во мај 2026 изнесувала 29.663 денари, што претставува зголемување од 6.805 денари за период од 23 месеци. Ова значи дека месечно просечната старосна пензија во периодот на власт на ВМРО-ДПМНЕ расте по околу 296 денари, што е за 325% повеќе од периодот на власт на СДС. Ова се реални економски показатели кои покажуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за повисок стандард, повисоки плати и повисоки пензии. Разликата меѓу политиките на СДС и ДУИ и политиките на оваа Влада е видлива и мерлива, а бројките се најдобар одговор на сите политички конструкции. Граѓаните заслужуваат економски раст што се чувствува во секое семејство, а тоа е политика на ВМРО-ДПМНЕ и резултатите што го испорачуваме, работа, раст и повисок стандард за граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Клековски даде четвртина извештај за водата - остатокот граѓаните нека си го соберат самиТака изгледа министер за здравство во владата на Мицкски. Најави целосен извештај за водата. А излезе само со дел, четвртина, парче. За останатото им рече на граѓаните: одете кај ЦУК, кај АХВ, кај „Комуналец“. Ако сакате да знаете што пиевте, шетајте. Соберете си го досието сами. Тоа не е транспарентност. Тоа е екскурзија. Прво тој отиде на одмор додека Гостивар се труеше, додека се ширеше жолтицата и западнонилската треска. Сега граѓаните ги праќа на екскурзија по институции. Министерот што треба да го собере системот го растура одговорот на четири шалтери. По 22 дена труење и околу 5.000 заболени, јавноста не бара брошура. Бара еден документ: сите мостри, сите лаборатории, сите датуми, сите бактерии, сите вредности, кој потпишал дека водата е за пиење. Не четвртина кај министерството. Не остаток кај комуналното. Не парче кај агенцијата. Не алиби кај кризниот центар. Ако извештајот е целосен, зошто мора да се бара по делови? Ако фактите се јасни, зошто се делат според тоа кој ги нарачал? Ако нема што да се крие, зошто граѓанинот станува курир меѓу институции што се под иста власт? Клековски е министер, не туристички водич. Водата за пиење е јавно здравје. Јавното здравје не е сопственост на претпријатие. Не е архива што се издава на барање. Се објавува. На едно место. Со потпис. Пред народот што пиеше фекалии 22 дена. Објавете го целиот извештај. Денес. Без упатства каде да одат граѓаните понатаму да бараат. Дотогаш ова не е одговор. Ова е признание дека повторно бегате. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter