СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?
1СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?
3Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов
БалканАлбанските извозници обвинија дека парите од криминалот ја намалиле вредноста на евротоАлбанските извозници обвинија дека парите од криминалот ја намалиле вредноста на еврото и побараа помош од меѓународните финансиски институции. Албанските извозници побараа од претставниците на меѓународните финансиски институции интервенција и помош на монетарната и фискалната политика што ќе ги ублажи шоковите на девизниот курс во земјата, јави агенцијата Балканвеб. Според нив, како што оценуваат во дописот, врз падот на вредноста на европската валута влијаат парите од криминалот а тврдењата дека јакнењето на лекот се должи на јакнењето на економијата. „Вашата помош во првите чекори на албанската транзиција за нас е од огромно значење. Ние многу го цениме фактот што вашите институции ги сметаат деловните здруженија како корисни партнери во спроведувањето на структурните и секторските реформи. Веруваме дека вашата институција ќе ни ја понуди потребната експертиза, која се заснова на фактот дека имате долгогодишно искуство и од речиси сите земји-членки“, се наведува во дописот. Се додава дека Заедница на извозници денес претставува над 5.000 извознички компании, со повеќе 200.000 вработени и има придонес од речиси 23 отсто во БДП. - Благодарение на нивниот раст и консолидација, извозниците се еден од главните столбови за зголемување на конкурентноста и подобрување на трговскиот биланс и салдото на тековната сметка, посочуваат извозниците Заради запознавање допис е доставен и до гувернерот на Централна банка на Албанија, Гент Сајко и министерката за финансии и економија, Делина Ибрахимај. Европска валута, еврото, годинава го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лекот, кој моментно се менува за 103 лека наспроти 124 на почетокот на годината. Реакцијата на извозниците е прва од економскиот сектор во која се обвинува дека тоа е поради внес на средства во земјата обезбедени од криминални активности. Надлежните тврдат дека тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па сè до менувачките операции во големи износи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаСДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?До каде е истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија?Да не биде ова уште еден блеф и стандардна лага на Мицкоски за смирување на јавноста? По предупредувањата на македонските телевизии и реакциите на СДСМ беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката. Но, што се случува оттогаш? Дали институциите навистина истражуваат? До каде е предметот? Што е утврдено досега? Или Мицкоски само купува време додека јавноста заборави? СДСМ внимателно го следи случајот. Нема да дозволиме мачкање очи и затворање на предметот во фиока. Со месеци СДСМ предупредува дека Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, се обидува да воспостави медиумска контрола и во Македонија. Преку Еуроњуз и Ало, српската медиумска машинерија влегува во земјата на начин за кој се отворија сериозни сомнежи дека се заобиколуваат македонските закони. Задолжените за пропаганда се веќе спремни, Началникот Латас и Ивона Талеска. Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, а европската перспектива се блокира, на власта ѝ е потребна пропаганда. Да нема критика. Да нема незгодни прашања. Да нема одговорност. Да има само пропаганда и контрола. СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот. Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија. Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година. Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТатко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало22 годишен маж во Беране Црна Гора е уапсен од полицијата откако лажно сведочел дека неговото дете паднало од помошен монтажен објект и починало.Полицијата била известена дека детето било донесено во здравствена установа каде била констатирана само смрт. Докторите повикале полиција и за случајот бил известен јавен обвинител каде побарал обдукција на телото на детето. Инспекторите се посомневале во исказот на таткото каде детално го обработиле местото на несреќата, и бил даден автомобилот на 22 годишниот маж на вештачење. „Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, соопшти црногорската полиција..Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван ЈордановВчера граѓаните на Штип повторно беа без вода за пиење, на 40 степени.Резултат на неспособноста на ВМРО-ОКГ и градоначалникот Иван Јорданов. Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип. Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не. Штипските бунари кои функционираа половина век, над 50 години се запуштени. СДСМ со години апелираше дека штипските бунари коишто треба да бидат алтернативен избор за водоснабдување, не смеат да се остават уништени, како што ги уништи ВМРО. Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ се фатија за парк од 120 милиони денари наместо да ги стават во функција. СДСМ и во советот на Штип имаше многу иницијативи, предлози, конкретни мерки. Но Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии. Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните. Проблемот со водата не е само локален во Штип, со ВМРО-ОКГ во над 50 населени места ширум Македонија, водата не е безбедна, во Гостивар над 5.000 луѓе беа отруени. За хаосот со водоснабдувањето мора да има одговорност. Македонија не смее да биде држава во која во 21 век граѓаните се плашат да се напијат чаша вода од чешма. Прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММТагови: Трајче Стојчевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter