Албанскиот премиер Рама со пораки до Србија и до Косово - Канал 5

Албанскиот премиер Рама со пораки до Србија и до Косово

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека одлуката на Србија за прогласување ден на жалост за „убиените вооружени лица  во Косово" е неоправдана и неприфатлива.

Албанскиот премиер Рама со пораки до Србија и до Косово

Според него „ова е најлошиот сигнал што Србија може да го испрати на регионот и на евроатлантската заедница".

- Иако требаше да отвори сериозна истрага за членовите на таа криминална група, нивните врски со трговци со оружје и други поединци или субјекти, во Србија или на друго место, потенцијално ангажирани во создавање вооружено движење на северот на Косово, Белград, со оваа одлука, која нема никаква врска со 21 век, го разгорува пламенот на вооружен конфликт како никогаш досега од 1999 година! Ова не само што е неоправдано и неприфатливо, туку и за осуда со сета сила на зборови и инструменти со кои располага евроатлантската заедница, наведува Рама.

Toj нагласува дека сега е моментот кога Србија треба да одлучи дали ќе биде со Европа и демократскиот свет, или со "сенката врз себе од крајот на 20 век, со духовите и злосторствата од своето неславно минато од 90-тите".

- Ова е моментот кога Србија мора јасно и цврсто да одлучи дали ќе биде со Европа и демократскиот свет на 21 век или со сенката врз себе од крајот на 20 век; со вредностите и принципите на Европската Унија и евроатлантската заедница или со духовите и злосторствата од нејзиното неславно минато од 90-тите; со европското утре на нејзините невини деца или со вчерашниот виновник за убиствен и самоубиствен национализам! Ова е моментот кога Европската Унија и САД мора јасно и решително да одлучат дали ќе го подигнат демократскиот аларм на највисоко ниво за да се запре ескалацијата на конфликтот на северот на Косово, кој влезе во најопасна фаза од 1999 година или ќе продолжат да го одржуваат Дијалогот за нормализација и посветеноста на КФОР на исто ниво кое сега е сосема недоволно! Ова второто денес е сосема непрепорачливо, но утре може да стане сосема неоправдано, бидејќи утре може да биде доцна за првото, оценува тој.

Затоа, додава, апелот на Албанија до големите пријатели и стратешки сојузници на Западен Балкан е: Денешната акција не ја оставајте за утре!

Освен до Белград, тој се обрати и до Приштина, каде што „е потребно сериозно размислување во оваа тешка ситуација".

- Ова е моментот кога и Косово мора многу сериозно да размисли и јасно да одлучи дали ќе продолжи со дејствието одделно од своите незаменливи пријатели и своите неоспорни сојузници или ќе дејствува во хармонија и разбирање со евроатлантската заедница за да се постигне најголемата цел во историјата по победата на војната и прогласувањето на независноста, конечното признавање како земја членка на оваа заедница. Сите други патишта, освен ова второто се патеки на илузии со болни завршетоци, кои го оддалечуваат Косово од главната цел, го празнат од духот на иднината и го претвораат на најапсурдниот начин заложник на мирот среде Европа, бидејќи излезе како победник од борбата да стане слободна европска земја, посочува Рама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? 

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија.

Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите.

На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија.

Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер