Албански работник брусел железо на покрив- изгоре целиот хрватски остров Чиово (ВИДЕО) - Канал 5

Албански работник брусел железо на покрив- изгоре целиот хрватски остров Чиово (ВИДЕО)

Пожарот кој во четвртокот избувна на Чиово е под контрола, но се уште не е изгаснат.

Албански работник брусел железо на покрив- изгоре целиот хрватски остров Чиово (ВИДЕО)

За да не се прошири, 150 пожарникари и денеска ги киснат надворешните делови на пожарот.

Фотографиите од воздух кои ги објави Далмација Данас покажуваат колкава штета предизвикал пожарот. Истото го покажува и видеото на YouTube.

Изгореа 500 хектари ниска вегетација и борова шума. Во гаснењето на пожарот учествувале 152 пожарникари од различни противпожарни единици од МВП Сплит, ЈВП Трогир, Сињ, Сплит, Подстрана, Макарска и Сињ, како и ДВД-а Трогир, Округ, Марина, Шегет Врањица, Каштела, Гомилица, Младост, Сплит, Слатине, Подстрана, Врањиќ, Солин, Омиш и Дуги Рат.

YouTube video

Покрај копнените сили се приклучија и три противпожарни авиони од типот Канадер и четири Ер Трактори со цел да се потисне ширењето на пожарот од воздух.

Пожарот зафатил површина обрасната со трева, ниска вегетација, макија и борова шума. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите и ангажирањето на противпожарните авиони, пожарот е успешно локализиран и не се проширил на населените области.

Вчера, во текот на вториот ден од гаснењето на пожарот, на терен биле 160 пожарникари кои пристигнале со 40 противпожарни возила од споменатите противпожарни единици, но во акцијата се вклучија и два противпожарни авиони Canadair CL 415 и три противпожарни авиони AT 802 FireBoss.

Полицијата вчера по спроведена истрага потврди како дошло до големиот пожар на Чиово. Полицијата уапси двајца работници од Албанија под сомнение дека го подметнале пожарот. По истрагата, еден од работниците е ослободен. Полицијата точно опиша што се случило. Пожарот избувнал бидејќи 45-годишникот брусел железо.

@apartmani_kraljevic

Sami početak ove strave i užasa.......

♬ Suspenso - Criptofonio

„Полициските службеници од Полициската станица Трогир завршија кривична истрага за 45-годишен странски државјанин на Албанија, за кого со кривичната истрага е утврдено постоење на основано сомнение дека на 27.07.2023 година во попладневните часови во текот на градежните работи, не го поставил пропишаниот уред за заштита од пожари, сметајќи дека со ваквите дејствија нема да се загрози имотот и животот, брусел железо на покрив од објект, поради што настанала искра, која предизвикала пожар. Опожарени се 500 хектари ниска вегетација и борова шума“, соопшти полицијата.

„Со опишаното однесување ги исполнил карактеристиките на кривичното дело Загрозување живот и имот со општо опасни дејствија или средства од член 215 став 2 во врска со став 3 од КЗ и вечерва заедно со кривична пријава ќе биде предаден на надзорникот на притворот“, соопштија вчера од полицијата, пренесе Индекс.

„Во однос на другото лице кое синоќа беше донесено во полициските простории не се утврдени елементите на кривичното дело, а лицето попладнево е пуштено на слобода“, се додава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седлоски: Не дојдовме во Швајцарија само да одиграме натпревар

Македонската репрезентација вечерва ја очекува нов дуел со Швајцарија, десет дена по натпреварот во Скопје. Селекторот Гоце Седлоски очекува реакција од тимот и подобра игра во однос на првиот меѓусебен дуел.

Седлоски: Не дојдовме во Швајцарија само да одиграме натпревар

„Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме, со колективна игра и еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме добар натпревар и да се израдуваме по поразите кои ги имавме“, изјави Седлоски.

Селекторот потврди дека здравствениот билтен е добар и дека сите фудбалери се подготвени за натпреварот, а најави и промени во составот поради густиот распоред и четирите натпревари во период од 12 дена.

„Сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса. Ќе има свежи играчи и некои промени, затоа што не може да се издржи таков период. Од секој играч сакам подобро. Имаме и млади момци кои се примени добро од постарите и од меч во меч мора да бидеме подобри“, додаде Седлоски.

Селекторот истакна и дека критиките треба да бидат насочени кон него, а фудбалерите во овој момент да ја имаат потребната поддршка.

Висар Муслиу очекува од македонската репрезентација максимална тимска ангажираност против еден од најквалитетните противници во групата.

„Швајцарија не е само офанзивно силна репрезентација, имаат квалитет од голман до шпиц. Не може да говориме само за одбрана, затоа што ќе ни биде потребна тимска игра од напаѓач па до голман. Сите мора да учествуваме дефанзивно ако сакаме да бидеме успешни“, вели Муслиу.

Дефанзивецот признава дека резултатите во овој циклус не се онакви какви што очекува јавноста, но нагласува дека тимот мора да покаже реакција.

„Се наоѓаме во тешка ситуација, нема резултати, а сите ги очекуваа затоа што го навикнавме народот со добрите резултати. Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот. Лигата Б е поквалитетна и тимски и индивидуално, но мора нешто да покажеме. Не смее само противникот да се прашува.“

Муслиу упати и апел за поддршка од навивачите, особено во период кога резултатите не се на посакуваното ниво.

„Ние сме луѓе, имаме емоции. Кога оди добро, никој ништо не кажува, но кога има толку навреди кон некого, не е убаво. Сега ни е најмногу потребна поддршката. Не е исто за нас што немаме победа и гол, но мора да гледаме напред. Чекаме поддршка на секој меч и сакаме секој да верува во нас. Како што имавме добри резултати порано, можеме и на наредните натпревари да бидеме подобри.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција со пресврт до убедлива победа над Белгија

Најдобрата фудбалска репрезентација на Франција, синоќа по резулатски пресврт ја победи Белгија со 4–1 во Париз, во натпревар од 4. коло на групата А1 во Лигата на нации.

Франција со пресврт до убедлива победа над Белгија

Белгија поведе во 35. минута со голот на Доди Лукебакио, по асистенција на Ромео Лавија. Франција направи голем пресврт во продолжението од натпреварот, предводена од клучниот придонес на Мајкл Олисе, Дезире Дуе и Рајан Шерки, кои влегоа во игра во второто полувреме. Дуе израмни во 77. минута, а само четири минути подоцна Шерки постигна гол за водство на Франција, по асистенција на Олисе. Потоа, Олисе постигна уште два гола – во 88. минута и во судиското надополнување (90+1).

На вториот натпревар од групата А1, Италија ја победи Турција со 3–1 во Болоња.

По вчерашните средби Франција е на чело на групата со 10 бода, Италија има седум, а Белгија шест, додека Турција е без бодови.

На другите натпревари од Лигата на нациите синоќа: Босна и Херцеговина – Полска 1–0, Романија – Шведска 0–1, Северна Ирска – Грузија 0–0, Украина – Унгарија 1–2, Црна Гора – Ерменија 0–0 и Кипар – Латвија 2–1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Народен Театар Битола со две награди на Денови на комедија во Куманово

Со доделувањето на наградите на најдобрите, заврши годинешното 29.издание на Фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово, кој оваа година се одржуваше од 23 септември до 5 октомври.

НУ Народен Театар Битола со две награди на Денови на комедија во Куманово

НУ Народен Театар Битола доби две награди и тоа за најдобра режија: Марјан Георгиевски и за најдобра костимографија: Андреј Георгиевски, за претставата „Секстет“.

Со својата изведба екипата на оваа претстава повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче. „Секстет“, комедијата од Марк Камолети, и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката.

Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Сценографијата е на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски.

Во текот на фестивалските денови, публиката имаше можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведбата на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот беше затворен со претставата надвор од конкуренција, „Не можам да платам, не сакам да платам“ на Театар Куманово, посветена на годинешниот лауреат Игор Џамбазов,

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.

Честитки за целата екипа, да се множат успеси и убави претстави!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер