Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот
1Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот
Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
1Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
2Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
Шоу бизАлбанската пејачка Блеона во најскандалозно издание (ФОТО)Никогаш не била повеќе разголена познатата албанска пејачка Блеона Керати.Кога во 2014 се појави на доделувањето на Американските узички награди во прозирен фустан , сите светски медиуми со денови пишуваа за неа. Деновиве пејачката Блеона објави фотографии на Инстаграм на кои е речиси сосема гола . 39 – годишната Блеона , родена во Корча , Албанија , од 2010 живее во САД , каде се занимава со музика и актерство. ,, Родителите не се многу среќни поради мојот стил на облекување . Кога ме видоа на телевизија во оној прозирен фустан , со денови не излегуваа од дома од срам “, изјави Блеона во интервју за американски медиуми. Но , таа не застана. На гламурозната забава на магазинот Венити Фер , организирана по доделувањето на Оскарите и годинава се појави во контроверзен фустан. На последните фотографии сликани на одморот на Сардинија, во Италија , Блеона се појавува во топлес и со најмала можна танга. A post shared by Bleona (@bleona) on Dec 19, 2017 at 9:12am PST .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионотВо Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава.Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава, во рамките на студиска посета посветена на влијанието на европската интеграција врз трансформацијата на земјите од Западен Балкан. Таа ја поздрави образовната програма и истакна дека студентите, како идни европски професионалци и лидери, со своето знаење и критичко размислување можат да придонесат кон мирот, безбедноста и солидарноста на европските народи и граѓани. За неа, сестраната регионална соработка и меѓусебната подршка на патот кон ЕУ имаат исклучително значење не само за нашите меѓусебни односи, туку и за оние на членките на ЕУ кон нас. Студентите се интересираа за уставните надлежности на претседателот во внатрешната и надворешната политика, како и за неговата реална улога во евроинтеграцијата. Тие ѝ поставија на Сиљановска-Давкова прашања врзани за: последиците од (не)спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур врз кредибилитетот на европските институции; македонската европската перспектива и можностите за интеграција во амбиент на постојната блокада; придобивките од членството во ЕУ, како за македонската држава, така и за Унијата, како и за ставот на претседателката за етапната интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Претседателката смета дека проширувањето треба да биде засновано врз исполнување на Копенхашките критериуми. Исто така, верува дека постепената интеграција може да донесе конкретни придобивки уште пред полноправното членство, но дека не смее да биде негова замена. Сиљановска-Давкова потсети дека органите на ЕУ не смеат да заборават на принципите и вредностите, содржани во конститутивните документи, без коишто ЕУ не може да биде заедница, туку само политичка и бирократска машинерија. Сиљановска-Давкова истакна дека, како претседателка со директен и силен изборен легитимитет има обврска да ги претставува сите граѓани и затоа инсистира на дијалог и консензус за прашањата од национален интерес. На крајот, студентите ѝ се заблагодарија на претседателката за дијалогот и ја поканија да го посети Колеџот на Европа во Тирана.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
МакедонијаДенеска треба да продолжи судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази од одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судскиот процес за за пожарот во дискотеката „Пулс. Во текот на доказната постапшка се оечкува да сведочат дури 244 лица, информираше претседателката на Кривичниот суд. Во меѓувреме, на 3 октормври завршува притворот на газдата на Пулс, првообвинетиот Дејан Јованов – Деко. Согласно законот за кривична постапка, притворот не може дополнително да му биде продолжен, бидејќи в сабота се навршува една година од одобрувањето на обвинителниот акт. Поради тоа, судот по службена должност ќе треба да одлучи со какви други мерки ќе го обезбеди неговото присуство во натамошната постапка Одбраната на Јованов најави гаранција во имот вреден речиси 200 илјади евра, со образложение дека со тоа дополнително ќе се гарантира дека тој нема да ја напушти државата. Но, одлука засега нема. Списите за гаранцијата се испратени до јавното обвинителство, од каде, според судот, сè уште нема пристигнато мислење.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет „Флајдубаи“ ги прекинува летовите кон Израел; Нетанјаху издаде соопштениеИзраелската министерка за транспорт, Мири Регев, побара суспензија на сите летови на „Флајдубаи“ (Flydubai) кон Израел по драматичниот инцидент што се случи утрово на летот од Дубаи кон Тел Авив.Според извештаите на израелските медиуми, Регев исто така побара од Управата за цивилно воздухопловство да истражи дали Обединетите Арапски Емирати го прекршиле договорот за воздушен сообраќај потпишан со Израел. Според истите извори, тој договор предвидува дека на израелска територија можат да слетуваат само авиони управувани од пилоти кои се државјани на земји со кои Израел воспоставил дипломатски односи. Првичните и сè уште непотврдени информации укажуваат на тоа дека копилотот на овој лет – идентификуван од некои медиуми како државјанин на Оман – го нападнал капетанот и се обидел да го урне авионот пред да биде совладан од патниците. Вреди да се напомене дека Израел нема дипломатски односи со Оман. Бенјамин Нетанјаху изјави дека е прерано да се извлекуваат заклучоци за тоа кој стои зад нападот на летот на „Флајдубаи“ (Flydubai) кон Тел Авив. Во меѓувреме, израелскиот амбасадор во ОН го опиша инцидентот како терористички напад, но не обвини никого директно. „Флајдубаи“ најави прекин на сите летови кон Израел додека трае истрагата и ја повика јавноста да се воздржи од шпекулации. Инцидентот се случи на лет од Дубаи кон Тел Авив, во кој патуваа повеќе од 170 патници, главно Израелци. Според достапните информации, еден од пилотите го нападнал другиот со нож во пилотската кабина, обидувајќи се да ја преземе контролата врз авионот. Додека авионот нагло губел висина, неколку патници упаднале во пилотската кабина. Тие успеале да го совладаат напаѓачот, да го стабилизираат авионот и да извршат принудно слетување во Саудиска Арабија. Во интервју за „Фокс њуз“, израелскиот премиер Нетанјаху најави дека ќе го открие идентитетот на напаѓачот и дали тој имал соучесници, но предупреди дека е прерано да се зборува за можна вмешаност на Иран. Пилотот што го извршил нападот моментално е на испрашување кај саудиските власти, а Нетанјаху очекува осомничениот наскоро да биде екстрадиран во Обединетите Арапски Емирати. Израелскиот премиер изјави дека разговарал со претседателот на ОАЕ, кој се согласил да му дозволи на Израел да учествува во испрашувањето. Yaniv, who neutralized the terrorist pilot, told Netanyahu: “I pulled the yoke up and stopped the plane’s dive. It’s lucky I had some aviation experience from @MaydayAirCrash series https://t.co/pnInfbxol2 — Amichai Stein (@AmichaiStein1) September 30, 2026 Како и други светски лидери, и Нетанјаху ја пофали храброста на патниците и на екипажот. Неговиот кабинет објави видео во кое патникот Јанив Хајун, водоинсталатер по професија, му го опишува инцидентот на премиерот. Тој раскажа како патниците слушнале крик и почувствувале промена во притисокот додека авионот почнал нагло да понира; потоа насилно влегле во пилотската кабина и го затекнале напаѓачот кај контролите. „Го фатив напаѓачот, го стегнав околу вратот и прв го извлеков“, рече Хајун за време на средбата со Нетанјаху, откако патниците се вратија во Израел. Додека другите се бореле со напаѓачот, Хајун ја фатил управувачката палка и ја повлекол кон себе, исто како што видел на телевизија. Потоа, членовите на екипажот ги презеле контролите. Пилотот кој бил нападнат со нож е индиски државјанин, капетанот Смит Мачар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00