Албанија: Околу 500 илјади кокошки уништени поради птичји грип - Канал 5

Албанија: Околу 500 илјади кокошки уништени поради птичји грип

За еден месец, по појавата, птичјиот грип во Албанија згасна неколку живинарски фарми, кои главно се наоѓаа во областа Рашбул, кај Драч.

Албанија: Околу 500 илјади кокошки уништени поради птичји грип

Според официјалните податоци на Министерството за земјоделство, досега во двете големи компании „Реас“ и „АИБА“ од птичји грип Х5Н1 угинале 497.986 кокошки.

-Министерството за земјоделство излезе со соопштение во кое се наведува дека угинатите и заразените кокошки се уништени. Нивното уништување е направено преку процесот на палење, но без да се наведат повеќе детали за местото, објавија албанските медиуми.

Исто така досега се уништени над 975 илјади контаминирани јајца (561.180 јајца кај Реас и 413.880 јајца во АИБА), бидејќи биле во магацините каде што била заразената живина.

Како последица на тоа во земјата се чувствува недостиг од јајца, чија цена на пазарот постојано расте. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доналд Трамп сака Инфантино да застане на чело на Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфатнито ги поседува вештините за улогата генерален секретар на ОН.

Доналд Трамп сака Инфантино да застане на чело на Обединетите нации

Според американскиот весник „Њујорк пост“, претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно сака претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да го наследи Антонио Гутереш на функцијата генерален секретар на Обединетите нации.

Според извори блиски до Трамп, американскиот претседател смета дека Инфантино „ужива почит кај луѓето ширум светот“ и поседува единствена способност да ги обединува различните страни.

Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН се ближи кон крајот, а оваа година треба да се избере нов челник на организацијата. За да ја обезбеди таа функција, на Инфантино би му била потребна поддршката од Советот за безбедност на ОН, кој брои 15 члена, вклучувајќи пет постојани членки со право на вето.

Потоа, за именувањето би била потребна потврда од Генералното собрание на ОН. Сепак, засега не е познато дали Инфантино воопшто размислува за премин во Обединетите нации или дали разговарал за таа идеја со Трамп.

Паоло Ѕамполи, италијанско-американски бизнисмен и специјален пратеник на Трамп за глобални партнерства, ја пофали идејата, тврдејќи дека Инфантино би можел успешно да ја извршува таа улога. „Тој би завршил одлична работа. Луѓето го сакаат, а постојат и одредени сличности меѓу улогите на претседател на ФИФА и генерален секретар на ОН“, изјави Ѕамполи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алексеј Покушевски повеќе не е кошаркар на Партизан

Српскиот кошаркар Алексеј Покушевски повеќе не е член на Партизан, соопшти белградскиот клуб. 

Алексеј Покушевски повеќе не е кошаркар на Партизан

„Во предвидениот рок, клубот одлучи да не ја активира дополнителната година од договорот, со што поранешниот заменик-капитен стана слободен да избере нова средина. Поку, твојот Партизан ти посакува многу среќа и успех во продолжението на кариерата“, се наведува во соопштението на „црно-белите“.

Покушевски има 24 години, а пред доаѓањето во Партизан настапуваше за Олимпијакос, по што беше избран како 17-ти пик на НБА-драфтот и кариерата ја продолжи во Оклахома Сити Тандер. Тој помина две сезони во дресот на Партизан, при што ги освои АБА-лигата и титулата шампион на Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски домаќин на делегацијата од Република Индија

Чест е моја, денес да бидам домаќин на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму и на претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, на свеченото откривање на бистата на Махатма Ганди во Скопје.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски домаќин на делегацијата од Република Индија

Во името на Град Скопје, на претседателката на Индија ѝ посакав срдечно добредојде во нашиот град.

На овој свечен настан во Музејот на град Скопје, со поставувањето на бистата на Махатма Ганди, Скопје добива траен потсетник на вредностите што тој ги застапуваше - мирот, ненасилството, слободата, вистината и моралната храброст.

Неговото наследство нè потсетува дека најголемите промени започнуваат со почитта кон човекот и со уверувањето дека дијалогот секогаш е посилен од поделбите.

Овој чин има особено силна симболика токму во Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза.

Иако нивните мисии биле различни, Махатма Ганди и Мајка Тереза ги обединува една универзална порака дека човечноста, љубовта, сочувството и грижата за другиот се најголемата сила што ја поседуваме.

Скопје е град кој длабоко ја познава вредноста на солидарноста.

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, нашиот град ја почувствува подадената рака од целиот свет.

Токму затоа денес продолжуваме да градиме мостови на пријателство, меѓусебна почит и соработка меѓу народите.

Силно верувам дека овој значаен настан ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на пријателството меѓу Македонија и Индија и кон отворање нови можности за соработка во културата, образованието, науката и поврзувањето на нашите народи.

Нека ова спомен-обележје биде траен симбол на вредностите што нè обединуваат и порака дека мирот, човечноста и пријателството немаат граници.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер