Актерот Мето Јовановски на чело на жирито на ИФ „Монодрама-Битола 2013“

Доајенот на македонското глумиште, актерот Мето Јовановски е избран за претседател на меѓународното стручно жири за претстојниот интернационален фестивал на монодрама што од 24 до 28 април ќе се одржи во Битола.

Од Центарот за култура од Битола, кои се домаќини и организатори на фестивалот, информираат дека освен Јовановски, во жирито ќе членуваат Соња Михајлова, Нина Мазур, Марцин Боткиевиц и Вјацеслав Терешченко, а селектор на фестивалот е битолскиот актер Петар Мирчевски.

- Годинава на фестивалот ќе бидат прикажани монодрамски остварувања на актери од Словенија, Романија, Србија, Шведска, Украина, Тунис и од нашата држава. Главен фестивалски предизвик секако дека е наградата „Гран-При“ за која конкурираат исклучителни актери како што се Олга Град, Луминица Борца, Страхиња Бојовиќ, Елиас Фајнгерш, Марина Куклина, Видмантас Фијалкаускас, Мехер Авахри, Владимир Јачев, Хауард Рип или Билјана Таневски кои ќе настапат во Битола, истакна Наташа Николовска, портпарол на фестивалот.

Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола кој годинава одбележува 15 години постоење, ќе биде отворен со театарската претстава на МНТ-Скопје „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски во режија на Слободан Унковски, а ќе биде затворен со претставата „Женидба“ во изведба на Театар Комедија од Скопје.

Сајкоски: Со програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на инвестиции во патната инфраструктура

Со програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на инвестиции во патната инфраструктура, повисоки плати и пензии

Идната влада во Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ на чело Христијан Мицкоски како премиер ќе донесе и нови инвестиции, ќе донесе подобрување на инфраструктурата, ќе имаме подобро образование, ќе има повеќе и за пензионерите, рече од митингот во Маврово Ростуше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во петтата изборна единица, Ѓорѓија Сајкоски.

Затоа, додаде Сајкоски, повикуваме да ја поддржите програмата „Платфрома 1198“, бидејќи тука има за пензионерите, бидејќи со неа се обврзуваме дека во рок од три месеци по формирањето на владата ќе има зголемување од пет илјади денари за секој пензионер или во текот на целата година ќе добиваат плус 60 илјади денари.

„Но, кажуваме дека ќе има покачување и на платите, дека ќе ја завршиме инфраструктурата во Македонија, бидејќи останаа не дозавршени и Градско – Прилеп, остана незавршен и Извор – Бошков Мост, патот Кичево – Охрид и многу други работи останаа незавршени. Но, ние ветуваме и се обврзуваме дека ќе ја завршиме патната инфраструктура. Ќе го изградиме патот Букојчани – Кичево, ќе го завршиме патот Гостивар – Кичево, ќе направиме да има побрз проток на стоки и услуги со што ќе се даде можност на новите инвеститори да вложуваат во Република Македонија“, рече Сајкоски.

Додаде дека Македонија мора да ја ресетираме, институциите да ги реорганизираме, да станеме репрезент во регионот, бидејќи денес сме срам во регионот, а тоа можеме да го направи само ако добиеме силна и недвосмислена поддршка и ако сите, масовно излеземе на овие избори.

„Излезете сите и масовно гласајте за Македонија биде економски просперитетна, да биде правна држава, да ги искорениме криминалот и корупцијата. За да имаме правна држава, за да имаме економски просперитетна Македонија треба да имаме влада која што може да испорача за сите и која што нема да биде уценувана од никого, а тоа зависи од вас. Да направиме Македонија да биде не уценувана, да излеземе во што поголем број, да ги победиме со пенкало овие криминалци на власт и да донесеме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што ќе донесе раст, развој и правна држава“, истакна Сајкоски.

Волстрит Џурнал: Осигурувањето ќе плати 350 мил. долари поради уривањето на мостот во Балтимор

Осигурителната компанија „Чаб“ се подготвува да плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд поради уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор во март, објави денеска „Волстрит Џурнал“.

Весникот наведува дека исплата на отштетата се очекува да биде одобрена за неколку недели. Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте други поради уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурителните куќи четири милијарди долари, што би била рекордна исплата во областа на транспортот. Шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот во Балтимор долг 2,4 километри, поради што се урна целата конструкција.

Осигурителната компанија „Чаб“ заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите од несреќата најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот, пишува „Волстрит Џурнал“./МИА

Петковиќ на средба со амбасадорите на Квинта

Белград го поддржува процесот на Лајчак за формирање ЗСО

Директорот на владината канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска на средба со амбасадорите на земјите од Квинтата во Белград изјави дека Србија го поддржува процесот за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО) на специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

На средбата на која присуствуваа српскиот амбасадор во Америка, Марко Ѓуриќ и претставникот на Делегацијата на Европската Унија, беше разгледана неопходноста од формирање на ЗСО, последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, која неодамна се одржа во Брисел, како и политичко-безбедносната ситуација во Косово.

Петковиќ ја пренесе јасната порака од Белград за неопходноста од формирање на ЗСО, на која Србите на Косово чекаат 11 години.

Петковиќ и Ѓуриќ го повторија ставот на Белград дека нацрт-статутот на ЗСО изготвен од ЕУ, кој се однесува на јурисдикцијата и структурата на ЗСО, како што стои во договорите во 2013 и 2015 година, може да биде добра основа за продолжување на дискусиите и договорите за конечен статут на ЗСО. /МИА

притисни ентер