3Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
2Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
Шоу бизАктерот Двејн Џонсон доживеал драматичен лет над Тихиот ОкеанНа „Инстаграм“, 52-годишниот актер го сподели своето искуство од лет што „тргнал малку наопаку“.Двејн „д’ Рок“ Џонсон, најплатениот глумец за минатата 2024 година, доживеал драматичен миг што го принудил да откаже патување со приватен авион од Хаваи до Тексас, каде што требаше да учествува на спортски настан на новата американска Обединета фудбалска лига (УФЛ). На „Инстаграм“, 52-годишниот актер го сподели своето искуство од лет што „тргнал малку наопаку“. Имено, по 40 минути лет, му пришол пилотот со сериозен израз на лицето... View this post on Instagram A post shared by Dwayne Johnson (@therock) - Пилотот клекна пред мене, ме погледна во очи и рече: ‘Господине Џонсон, извинете, но не може да го продолжиме летот преку океанот. Имаме проблем и мора да се вратиме во Хонолулу’... Благодарен сум што нè врати безбедно на земјата. Го сфатив ова како знак од Бога и универзумот да застанам и да размислам, раскажува Двејн. Пилотот Дејвид му објаснил дека се работи за неправилности со хидрауликата и прегревање, што не е нешто со коешто треба да се ризикува над Тихиот Океан. - Сите сме доживеале турбуленции, но ова беше лудо. И, се разбира, си велиш: „Дали е ова - тоа? Дали вака си заминувам? Ми стана јасно што е важно во животот!, продолжи „Карпата“. Во свој типичен стил, не пропушти да ја зачини приказната со малку хумор, раскажувајќи како стјуардеса го прашала дали му треба нешто, а тој само побарал од својот бренд текила. - Седев сам, со пијалакот в рака и сѐ ми стана јасно - што е важно, а што не. Имав еден од тие мигови!, заклучи глумецот, нагласувајќи дека сега уште повеќе ќе го цени животот и она што навистина има вредност. Двејн Џонсон го зазеде првото место меѓу најплатените глумци лани, со заработка од 103 милиони долари бруто или 88 милиони долари нето. Неговата голема зделка за филмот „Црвениот“ (Red One) чини 50 милиони долари, а заработи голема сума и со „Моана 2“ (Moana 2). Тагови: Двејн Џонсон драматичен лет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи.По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот. За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи. Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот. Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотУраган од четврта категорија се движи кон брегот на МексикоМоќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час. Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот. Жителите се повикуваат да се подготват. Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот. Државата халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо руски напади врз Запорожје загинаа осум лица, меѓу кои три децаНајмалку осум лица, меѓу кои и три деца, загинаа, а 16 се повредени во руските воздушни напади што беа извршени рано утринава врз градот Запорожје, на југоистокот на Украина, соопштија украинските власти. Во нападите уште 12 лица се водат како исчезОва го потврди Иван Федоров, копретседавач на советот за одбрана на запорошкиот регион, откако претходните податоци на националната полиција и на регионалната воена управа укажуваа на седум жртви во овој регионален центар, што се наоѓа на само неколку десетици километри од линијата на фронтот. „Рано утринава руските сили фрлија пет наведувани воздушни бомби врз станбените населби во регионалниот центар запорожје. Две од нив погодија станбени згради“, се наведува во соопштението на националната полиција. Украинските служби за итни интервенции извлекуваа луѓе од урнатините, јави известувачот на франс прес од местото на настанот. Русија во последните месеци ги засили нападите врз украинската територија, што доведе до зголемување на бројот на цивилните жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter