3Лефков: Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија
КултураАктерот Драган Спасов - Дац ја прими наградата за животно дело „Петре Прличко“На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес на актерот Драган Спасов - Дац свечено му беше предадена актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2013 година. Наградата која се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и 30 илјади денари му ја врачи градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Педесетгодишниот Драган Спасов-Дац е најмлад досегашен добитник на оваа награда која се доделува од 2006 година. Наградата, смета тој, е најверојатно одраз на она што досега го сработил. - Јас во театар сум уште од Академијата и буквално само во една - две улоги во сите тие претстави била помала улога, а сите биле главни или доглавни. Веројатно жири комисијата за мене како најмлад актер што ја добива оваа награда оцениле дека мојот опус е голем и затоа и благодарам за тоа, рече Спасов во одговор на новинарско прашање по доделувањето на наградата. За Спасов, глумецот, чие име го носи наградата бил голем актер од кој имало што да се научи. - Јас се уште сум восхитен од енергијата која ја имаше Прличко. Воситувачки е дека и кога беше во постари години, тој на сцена беше како пердув, истакна Спасов. Жири комисијата која одлучуваше кој ќе биде годинешен добитник на наградата беше во состав Зоран Љутков, Васил Зафичев и Јордан Витанов. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Гаши-РокасПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас.Претседателот Гаши истакна дека Европската Унија за граѓаните на нашата држава не е само политички и економски блок, туку таа претставува посветеност на вредностите како демократија, владеење на правото, човекови права и солидарноста. Тој потенцираше дека покрај тоа што нашиот европски пат е тежок и макотрпен, Собранието посветено работи на усвојување на законите од реформаската агенда. Се работи на домашните реформи поврзани со поглавјата и законодавството на ЕУ, не само заради тоа што тие се дел од нашиот евроинтегративен процес, туку затоа што се неопходни за нашите граѓани и за нашата просперитетна иднина. Исто така, тој изрази очекување дека наскоро ќе започнеме процес на преговори кој ќе биде одржлив и кој ќе може да се спроведе со цел да нѐ доведе до полноправно членство, а притоа да бидат заштитени нашите интереси. Амбасадорот Рокас истакна дека процесот на проширување на Европската Унија е актуелен и новите глобални геополитички случувања овозможуваат тој процес да биде забрзан. Тоа, додаде тој, ќе овозможи проширената Европска Унија подобро да одговори на новите геополитички предизвици. Двајцата соговорници се согласија дека во следниот период Собранието на Република Македонија има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда, кои се потребни за натамошно напредување на земјата кон Европската Унија како и за поцелосно искористување на можностите кои се нудат од Планот за раст на ЕУ за Западниот Балкан.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
БалканТешка сообраќајна несреќа кај Евзони: Судир на автомобил и камион (ВИДЕО)Сообраќајната несреќа се случила по наплатната рампа Малгара, на раскрсницата Евзони, кон Солун.Според првичните информации, автомобилот се судрил со камион, под околности кои засега не се разјаснети. 70-годишна жена го загубила животот во сообраќајната несреќа, а еден маж е однесен во болница со полесни повреди. Νεκρή 70χρονη από το τροχαίο στα διόδια των Μαλγάρων, αυτοκίνητο συγκρούστηκε με νταλίκα#ingr #news #τροχαιο pic.twitter.com/usZCugtep2 — in.gr/news (@in_gr) June 9, 2026 Што се однесува до околностите на несреќата, според досегашните информации, се чини дека автомобилот се судрил со камионот од задната лева страна. Сили на сообраќајната полиција веднаш излегле на местото на настанот за регулирање на сообраќајот и започнување истрага за причините за инцидентот. ‼️ Εθνική Οδός Θεσσαλονίκης – Αθηνών: Θανατηφόρο τροχαίο σημειώθηκε λίγο μετά τα διόδια των Μαλγάρων, με θύμα μία 70χρονη γυναίκα. 🚛 Σύμφωνα με μαρτυρίες, νταλίκα επιχείρησε να μετακινηθεί στην αριστερή λωρίδα, όταν το ΙΧ στο οποίο επέβαινε το ζευγάρι προσέκρουσε με σφοδρότητα… pic.twitter.com/2Lj7pwEYi9 — TA NEA (@ta_nea) June 9, 2026 Поради сообраќајниот метеж и возилата запрени на патот кај Евзони, веќе се забележуваат застои на овој дел од автопатот.Тагови: евзони сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаЛефков: Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во МакедонијаФилипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија.Додека низ кулоарите во Европската Унија се разговара за пристап на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, вклучувајќи и Македонија како лидер во реформите и Планот за раст, Филипче и Радев бараат уставни измени за внесување на Бугари во Уставот. Без никакви гаранции, без никаква заштита на националните интереси и без предвидливост на евроинтегративниот пат на Македонија кон ЕУ, Филипче и СДС со својот најлош рејтинг во историјата се борат за да направат ново предавство. Филипче и СДС доколку се на власт, ќе потпишат дека Македонија е од 1945 година, а пред тоа сме биле Бугари. Затоа Филипче и СДС се во опозиција, затоа што за власт, моќ, тендери и амнестија на криминалите, цела држава ќе ја продадат! Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16