Напад со нож во училиште во Истанбул: Средношколка нападнала основци, еден е во критична состојба (ВИДЕО)
2Напад со нож во училиште во Истанбул: Средношколка нападнала основци, еден е во критична состојба (ВИДЕО)
Шоу бизАктерката споделила тажни вести: Срцето на моето бебе престана да чукаАвстралиската актерка Клер Холт, најпозната по улогата во серијата „ The Vampire Diaries” проговори за тешкиот период во животот низ кој моментално поминува.Познатата актерка Клер Холт на својот инстаграм профил со целиот свет сподели дека доживеала спонтан абортус, бидејќи срцето на нејзиното бебе престанало да чука. Таа истакнала дека поминала низ вистински пеккол, и дека после загубата на нероденото бебе морала да направи киретажа, медицински зафат кој се спроведува после спонтан абортус за да се исчисти материцата. I took this photo 10 days ago, as I waited for surgery after my sweet little baby lost its heartbeat. I sent it to my fiancé in the waiting room to show him that I was ok. I wasn’t. I’ve never felt more broken in my life. I debated sharing this so soon and I’m still frightened about making such a private struggle public, but I’m doing it anyway because it's important. After my D & C, I spent hours on the internet searching for women who had been through it. I was desperate to find someone, anyone, who could relate to what I was feeling. Someone to tell me that the depression and hopelessness were normal. That it wasn’t my fault. That I wasn’t broken forever. I found a community of women who shared my exact experience. Who were open and vulnerable about miscarriage, something that isn’t often or openly discussed. It breaks my heart to think that losing a baby feels like something we have to keep to ourselves. Why is it any different than the death of a loved one? How is it any less meaningful? Here is what I have learned as I begin to crawl out of the dark hole: support is everything. I could not have survived this without the unconditional love of my partner. Despite his pain, he was my rock and my safety net. I will never know how to thank him. I also found that opening up to people is crucial. As soon as I told my story, almost everyone I spoke to told me theirs - their own, their wife’s, their sister’s. So many people go through it and understand the breadth of pain, yet so few people talk about it. Finally, I want to share a blog post that resonated with every part of me. You can find the link in my bio, @leandramcohen of @manrepeller articulates the emotional rollercoaster with an eloquence that I could never possess. To anyone out there who has been through a miscarriage, I understand you. I share every bit of your pain and you are not alone. Please be kind to yourself and I hope that you will be comfortable sharing your story too. A post shared by Claire Holt (@claireholt) on Mar 4, 2018 at 3:52pm PST „Ја направив оваа фотографија пред десетина дена, додека ја чекав операцијата бидејќи моето слатко дете почина. Му ја испратив на својот свршеник кој беше во чекалницата за да ми покажам дека сум добро, а не бев“ – напишала актерката. Признала дека не можела сама да поминува низ тоа и дека без поддршката на свршеникот целиот процес би бил уште потежок. „После киретажата, со часови пребарував по интернет барајќи жени кои поминале низ истото. Бев очајна во потрагата за некој, со кој би можела да се идентификувам. Некој кој би можел да ми рече дека депресијата и безнадежноста се нормални, дека тоа не е моја вина и оти нема да бидам скршена засекогаш“ – раскажала актерката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
МакедонијаФондот на ПИОМ ја демантира изјавата на нивниот директор Мемов Фондот на ПИОМ ја известува јавноста дека наводите за наводна изјава на директорот Никола Мемов — дека „доколку се продолжи вака, Фондот нема да издржи“ — се целосно неточни и паушални.Токму спротивното е вистината. Директорот Мемов во сите свои јавни настапи доследно потенцира дека исплатата на пензиите е сигурна и се реализира редовно, секој први во месецот. Никогаш не била доведена во прашање стабилноста и одржливоста на фондот, како и исплатата на пензиите. Пензионерите се сведоци дека своите пензии ги добиваат секој први во месецот. Ова тврдење се заснова врз постојното законско решение, според кое државата го надополнува евентуалниот недостаток на средства во Фондот, што значи дека државата е директен гарант за сигурната и навремена исплата на сите пензии. Фондот на ПИОМ укажува дека: ·Со реформата од 2005 година е формиран вториот пензиски столб, во кој се одлеваат 6 проценти или околу 1/3 од вкупниот придонес за пензиско осигурување (кој изнесува 18,8% од бруто-платата). ·При креирањето на овој систем, државата уште тогаш предвидела дека ќе се појави системски недостиг на средства за исплата на пензиите во Фондот. Поради тоа, во Законот за пензиското и инвалидското осигурување експлицитно е предвидено тој дефицит да се покрива директно од Буџетот на државата. Раководството на Фондот и директорот Никола Мемов, постапувајќи како одговорен менаџмент, ги анализираше состојбите во пензискиот систем и ги констатираше аномалиите на системот кои се провлекуваат со децении наназад, а кои стимулираат неплаќање на придонесите за пензиско осигурување и неправичност при определувањето на пензиите. За таа цел изготвена е детална анализа за која се дискутира во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Дополнително, релевантните меѓународни финансиски институции, како Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка, укажуваат дека е неопходна реформа на пензиските системи — не само во Македонија, туку и во повеќе земји членки на ЕУ. Фондот на ПИОМ потенцира дека нема надлежности во изготвувањето на законски решенија, таа надлежност е на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Фондот може да дава свои стручни мислења, предлози, анализи и сугеститии како да се подобри пензискиот систем во Македонија и е должен да ги спроведува законските задолженија. Фондот на ПИОМ во целост ги имплементира и ги поддржува политиките и мерките на Владата во сферата на пензискиот систем. Фондот на ПИОМ уште еднаш категорично подвлекува дека во ниту еден случај нема изјава со која се тврди дека пензискиот систем е нестабилен или дека може да биде доведена во прашање исплатата на пензиите, соопштуваат од ПИОМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
БалканНапад со нож во училиште во Истанбул: Средношколка нападнала основци, еден е во критична состојба (ВИДЕО) Средношколка нападнала ученици со нож во дворот на основно училиште во истанбулската населба Башакшехир.Осум деца се повредени и сите се однесени во болница. Едно дете е во критична состојба, јавува Анадолу. Нападот се случил во дворот на основното училиште „Кајашехир Шејх Шамил Имам Хатип“. Според досегашните информации, ученичката Ф. М. (родена во 2011 година), која учи во средно училиште во населбата Кучукчекмеџе, влегла во училиштето во униформа и нападнала деца со нож. Напаѓачката живее во близина на училиштето во кое провалила. Таа била совладана од обезбедувањето на училиштето, а потоа предадена на полицијата и приведена. ❗️🇹🇷#LATEST: 8 students injured in stabbing at Istanbul middle school Eight students were injured in a stabbing attack at a school in #Istanbul’s #Basaksehir district. The incident occurred on October 6 at Şeyh Şamil İmam Hatip Middle School in the Kayaşehir area. According to the report, a 15-year-old female student who attends another school came to the school and attacked other students with a knife. Eight students were injured in the incident and taken to hospital. — APA News Agency (@APA_English) October 6, 2026 Состојба на повредените Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, и началникот на полицијата, Селами Јилдиз, ги посетиле повредените ученици во градската болница Башакшехир Чам ве Сакура. Гувернерот Ѓул известил дека вкупно осум деца се повредени. „Пет деца имаат полесни повреди и очекуваме нивното лекување да биде завршено во текот на денот. Двајца ученици се под надзор, но нивната состојба се подобрува. Едно дете во моментов е оперирано и, со оглед на тоа што постапката е во тек, не можеме да правиме дополнителни проценки“, рече Ѓул. Министерот за здравство Кемал Мемишоглу објави на социјалните мрежи дека осум повредени лица се лекуваат во болници. Тој потврди дека едно дете е во критична состојба, а две се во умерена до тешка состојба. Покрената е истрага, наставата е прекината Министерството за образование потврди дека напаѓачот е уапсен како ученик во 10-то одделение. Во соопштението за медиумите се наведува дека по настанот, сите надлежни државни институции презеле потребни мерки и дека е покрената судска и административна истрага. Делегација на министерството е испратена во Истанбул, а двајца образовни инспектори се назначени за да ги истражат сите околности на настанот. Тимовите за психосоцијална поддршка почнаа да работат со ученици, наставници и родители. Наставата во училиштето е прекината за денес и утре. Канцеларијата на главниот државен обвинител во Кучукчекмеџе објави дека веднаш е покрената истрага со цел целосно да се расветли случајот. Судот забрани известување за нападот Советот за радиодифузија (RTÜK) објави дека со судска одлука е воведена забрана за емитување вести за нападот. Одлуката е донесена со цел да не се меша во истрагата и да се зачува јавниот ред. Според одлуката, објавувањето на какви било вести, интервјуа или анализи во печатени, електронски и социјални медиуми е забрането сè додека не се заврши истрагата.Тагови: Истанбул нож Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКајли Џенер изнајми цело кино само за себе, сите ја критикуваат: Нејзиниот живот е тажен (ВИДЕО)Дел од новиот влог на Кајли Џенер, во кој таа покажа како изнајмила цела кино сала за да излегува со своите пријателки, предизвика дебата на социјалните мрежи. Видеото досега е прегледано повеќе од 9,4 милиони пати, а корисниците дебатираат дали таков потег покажува луксузен животен стил или едноставно потреба за приватност. На YouTube, Џенер редовно споделува моменти од секојдневниот живот, вклучувајќи го и животот како претприемач и мајка. Во последното видео, таа покажа одење во кино со своите пријатели, каде што резервирале цела сала за себе за да го гледаат филмот „Верити“. Во видеото, Џенер се појавува со пријателките Викторија Виљароел и Анастасија Караниколау. Во празната сала, ги пречекале бројни закуски, а пред да започне филмот, разговарале и се забавувале. „Можела само да стави шапка“ Одлуката да се резервира целата сала не им се допаднала на сите. Еден корисник на X го споделил клипот, коментирајќи дека снимката покажува дека Џенер „мора да изнајми цела кино сала“ во Лос Анџелес поради тоа колку е позната. Објавата брзо стана вирална и собра повеќе од 9,4 милиони прегледи. Дел од корисниците сметаа дека нејзиниот потег е претеран и снобовски. „Или можеше само да стави шапка и да се облече како нормална личност за една вечер“, напиша еден корисник, чиј коментар собра повеќе од 44.000 лајкови. Други го опишаа нејзиниот животен стил како „тажен“ и „празен“, додека поединци сметаа дека познатите личности треба да бидат подготвени да се појават меѓу другите гледачи. Kylie Jenner shows how she has to rent out entire movie theaters when she goes to watch a movie with her friends in LA because of how famous she is 👀🍿 https://t.co/2RWcoM3MWk — keeno (@ayekeeno) October 3, 2026 Други тврдат дека ѕвездите нормално одат во кино Некои корисници не беа убедени дека Џенер морала да изнајмува цели кино сали за да ужива во филмот. „Можеше да оди инкогнито ако навистина сакаше“, напиша еден коментатор. Друг спомена неколку познати личности кои, според него, одат во јавни кина без никакви проблеми. „Кристофер Нолан редовно оди на AMC CityWalk. Кристен Стјуарт и Џек Блек се толку чести во моето соседство што дури и не им кажувате на вашите пријатели кога ќе ги видите веќе“, напиша тој. „Ве уверувам дека никој не се грижи дали таа жена седи во ходникот со нив.“ Џенер има причина да се грижи за безбедноста Сепак, некои од следбениците застанаа во одбрана на Кајли Џенер и потсетија дека нејзината желба за приватност може да има врска и со безбедноста. Семејството Кардашијан-Џенер ги зголеми безбедносните мерки откако Ким Кардашијан беше ограбена во Париз во 2016 година. Кајли, исто така, имаше проблеми со сталкерите и побара наредби за забрана во неколку наврати. Во една епизода од „Кардашијан“ од 2025 година, таа исто така зборуваше за стравот за сопствената безбедност по обвинувањата дека Ким била цел на заговор за атентат. Во видеото, Џенер не кажа дека ја изнајмила целата сала од безбедносни причини. Поради ова, некои следбеници веруваат дека таа едноставно сакала приватност и порелаксирана атмосфера за дружење со своите пријатели.Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook