Актерката откри страшни детали од својот живот: Ме силуваа два пати

Дваесет и деветгодишната актерка Еван Рејчел Вуд неодамна откри дека два пати била силувана од две различни лица додавајќи дека се уште ги чувствува последиците од тоа.

Еван Рејчел признала дека досега не сакала нејзиниот живот да се прераскажува како сентиментална приказна.

Ѕвездата на серијата „Западен свет“ (Westworld) во отвореното писмо објавено во магазинот „Ролинг стоун“ вели дека првиот пат тоа го направило нејзиното момче, додека вториот пат била силувана од страна на сопственик на еден бар.

„Бев жртва на физичко, психичко и сексуално злоставување. Не сакам да се срамам поради тоа. Жива сум, среќна и силна, но се уште не се чувствувам доволно добро“ – изјави Рејчел Вуд.

Сфатила дека е многу важно да се зборува за овој проблем и оти работите не треба да се “туркаат под тепих“.

„Тоа ќе ги потсети луѓето на причинетата штета и колку трауми од само неколку минути може да остават последици за цел живот. Не е работата во тоа да преболиш, да пројдеш преку тоа, туку тоа што веќе никогаш нема да бидеш ист“ – напишала актерката додавајќи дека сето тоа било пред да се обиде да изврши самоубиство кога имала 22 години.

„Тоа е најдобрата и најлошата работа која ми се случила“ – изјави таа.

Исто така признава дека смета оти нејзината ранливост е поврзана со нејзината бисексуалност.

Ги искористила замрзнатите ембриони да затрудни со мртвиот љубовник и да бара наследство

Жена од Кина, позната по презимето Ленг, имала афера со оженет бизнисмен кој загинал во сообраќајна несреќа во 2021 година.

Нејзината приказна покрена жестока јавна дебата, а сѐ започнало набргу по несреќата, пренесува SCMP.

Жената од провинцијата Гуангдонг тврдела дека нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на нејзиниот љубовник во приватна клиника. Развиените ембриони беа замрзнати и подоцна биле искористени за да ја забременат.

Таа во декември 2021 година родила син и му го дала името Ксиовен, а на крајот на минатата година го тужела семејството на починатиот за наследство.

Таа тврдела дека детето има право на удел во капиталот на компанијата и бенефиции за осигурување, но не можело да докаже како тоа е добиено, ниту дали љубовникот дал согласност неговата сперма да се користи во процедурата за ИВФ.

Како резултат на тоа, судот ја отфрлил тужбата, а приказната станала популарна.

Корисниците на социјалните мрежи, пред сѐ Веибо, го коментирале бизарниот случај. Поединци сметаа дека сега семејството треба да реагира.

„Се надевам дека вдовицата ќе поднесе противтужба“, напишало едно лице.

И адвокатите дале свое мислење. Така, се наведува дека процедурата за ин витро оплодување во лиценцирани клиники е легална, но дека за тоа треба да се договорат и двајцата родители - што во овој случај останало нејасно.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

притисни ентер