Актерката нападната од интернет насилници: Се на мене е лажно! - Канал 5

Актерката нападната од интернет насилници: Се на мене е лажно!

Актерката Синзиа Ланца доживеа непријатност откако некој креирал лажен ФБ профил во нејизно име и испраќал покани за пријателство до нејзини познаници. На овој ФБ профил се објавени нејзини фотографии од свадбата пред 11 години, а за тоа како изгледа денеска, пишува дека е „лажно и вештачко“.

Актерката нападната од интернет насилници: Се на мене е лажно!
Ова е Ланца денеска.

Cinzia Lanza was targeted by online trolls who set up a fake account in her name after she transformed her looks

А вака изгледала на свадбата пред 11 години.



The trolls posted photos of her from a decade ago


Во последните 11 години таа изгубила килограми, направила операција на носот и го сменила тенот. Вели дека не се срами од тоа што успеала да се трансформира, а лажната креирана страница ја пријавила на Фејсбук и на полицијата по што таа е отстранета.

- Не се срамам како сум се променила во последните 11 години. Луѓето се трансформираат. Користам лажен тен како и многу други девојки, а градите ми се зголемени но тоа е направено уште пред свадбата. Разликата меѓу двете фотографии е што сега сум многу послаба и направив операција на носот. Усните и забите ми се исти. Не кријам дека сум направила операција на носот. А тие на мојата фотографија напишале како да сум нешто лажно и вештачко - вели 31 годишната двеојка.

Нејзината мајка Лусија Франкит вели дека Синзиа е силна личност, но да му се случело ова на некој друг, би бил емоционално уништен.

Инцидентот е под истрага.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија купува танкери за течен природен гас (LNG) способни да пловат по мориња покриени со мраз

Водечкиот руски производител на течен природен гас „Новатек“ ја проширува својата флота за проекти во Арктикот, купувајќи најмалку два танкери за течен природен гас од класата Arc4, кои можат да се движат по замрзнати мориња.

Русија купува танкери за течен природен гас (LNG) способни да пловат по мориња покриени со мраз

Водечкиот руски производител на течен природен гас „Новатек“ ја проширува својата флота за проекти во Арктикот, купувајќи најмалку два танкери за течен природен гас од класата Arc4, кои можат да се движат по замрзнати мориња без помош на мразокршачи, објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци за регистрација и испорака.

Комерцијалниот оператор на танкерите „Северен Океан“ и „Северна Месечина“ е „Новатек Гас&Пауер Азија Пте“, според базата на податоци за поморски сообраќај „Еквасис“ и податоците на LSEG.

Нема мразокршачи Бродовите се изградени во Јужна Кореја во 2024 и 2025 година, а пред промената на сопственоста ги управуваше јапонската бродска компанија „Мицуи О.С.К. Лајнс“ (MOL). Претставник на „Мицуи О.С.К. Линеса“ одби да коментира за информациите за „Ројтерс“.

„Новатек“ не одговори на барањето на „Ројтерс“.

Според податоците на LSEG, танкерите ја напуштија Јужна Кореја за Арктикот и сега се движат по Северниот морски пат.

Стекнувањето на овие бродови е значаен чекор за „Новатек“, бидејќи ограничувањата на неговата флота досега го попречуваа развојот на проекти за производство на течен природен гас (LNG), особено „Арктика LNG 2“.

Медиумите објавија дека „Новатек“ стекнал четири танкери за LNG од класата Arc4, споменувајќи, покрај „Норт Мун“ и „Норт Оушн“, „Норт Лајт“ и „Норт Вали“.

Транспорт на LNG Во мај минатата година, ЕУ воведе санкции врз „Норт Мун“, „Норт Лајт“ и „Норт Оушн“ со цел последователно да ги отстрани од црната листа, бидејќи добија гаранции дека бродовите нема да учествуваат во испораките на LNG од проектите „Џамал ​​LNG“ и „Арктик LNG“.

Сите четири танкери го сменија сопственикот и операторите во септември и сега пловат под панамското знаме и под други имиња, според „Ројтерс“.

Самиот „Новатек“ се наоѓа на списокот со санкции што западните земји ѝ ги наметнаа на Москва, со наведена цел да се намалат руските буџетски приходи што се користат за финансирање на војната во Украина.

Во периодот од јануари до септември, руската компанија произвела 64,8 милијарди кубни метри гас – што претставува зголемување од 3,4 отсто во споредба со истиот период минатата година – објави во средата руската новинска агенција ТАСС.

Ако се вклучи и течниот природен гас (ТПГ), продажбата во тој период опаднала за 1,1 отсто, на 55,2 милијарди кубни метри. Заклучно со крајот на септември, „Новатек“ располагал со залихи од 1,5 милијарди кубни метри гас – вклучувајќи го и ТПГ – пренесе ТАСС, повикувајќи се на податоци од компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неизвесно е колку време ќе трае прекинот со вакцинирањето против туберколоза за новороденчињата

Неизвесно е колку време ќе трае прекинот со вакцинирањето против туберколоза за новороденчињата во родилиштата бидејќи засега не се знае кога точно ќе пристигнат БСЖ вакцините од јапонскиот производител и кога ќе бидат достапни за апликација. 

Неизвесно е колку време ќе трае прекинот со вакцинирањето против туберколоза за новороденчињата

Од Министерството периодов најавија дека „денови се во прашање“, но не даваат детали за едногодишната набавка откако целосно ја запреа имунизацијата на бебињата поради сомнежите за неквалитет на вакцината на бугарскиот производител „Бул био“ кои во Македонија се користат повеќе од 20 години.

Педијатрите велат дека во пракса ретко се случува да се види случај со „остеомиолитис“ кај дете, кој не може да настане само од вакцина, но баш предизвикан од имунизација до сега нема регистрирано, посочува д-р Мира Атанасова. Таа додава дека откако родителите ќе видат дека нивното дете примило БСЖ од истите серии кои се спорни, 683-1 и 807-1 барале појаснувања.

Во Хрватска трае истрагата, и иако производителот тврди дека веројатноста во четирите случаи на воспаление на коските на деца да била дадена многу поголема доза, тамошните власти тврдат дека сите вакцини биле дадени во различни вакцинални пунктови, како и дека по 10 години немање на ниту еден регистриран случај, 4 дечиња за една е доволен аларм за да се провери квалитетот.

Токму поради тамошните случаи и македонските власти решија да го следат примерот и да ја сопрат вакцинацијата што пак предизвика и уште понамалена доверба кај родителите.

Интересот е голем само за вакцината против грип, за неполни 24 часа 25.000 граѓани се пријавиле на вакцинаја.мк, а на располагање засега има 30.000 дози од тривалентната вакцина против инфлуенца на компанијата од Јужна Кореја GC Џи-Си Биофарма, обезбедени преку заем од Албанија преку УНИЦЕФ. 26.000 дози што допрва ќе треба да стигнат се од француската компанија Санофи, а за остаток 24.000 разговорите се во тек.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Белиот стап не е доволен“ - Лицата со оштетен вид бараат подобри услови и еднакви права

Непристапни тротоари и бројни пречки во секојдневието – слепите лица и лицата со оштетен вид сè уште се соочуваат со секојдневните предизвици .

„Белиот стап не е доволен“ - Лицата со оштетен вид бараат подобри услови и еднакви права

Не е доволно само да се обезбеди бел стап, туку и обука за безбедно и самостојно движење, вели директорката на „Димитар Влахов“, Александра Јаковчевска.

„ Затоа обуката за ориентација и мобилност ја сметаме за еден од основните предуслови за самостојност во таа насока веќе имаме поднесе Иницијатива до Бирото за образованието и заеднички работиме на создавање услови оваа обука системски да стане достапна за учениците со оштетен вид во редовните училишта“, --Александра Јаковчевска.

Беира Салифоска од училиштето „Димитар Влахов“ ја потенцира важноста токму на стручната обука:

„Правилната употреба на белиот стап се учи со стручна обука, таа вклучува препознавање пречки, користење ориентири, процена на безбедност и совладување на познати и нови маршути. Потребите се менуваат со возраста, па подршката треба да продолжи и кога ученикот преминува во средното образование и почнува почесто да се движи надвор од училиштет“– Беира Салифоска, државно училиште „Димитар Влахов“.

Од Сојузот на слепи лица предупредуваат дека и по децении постоење, правата на овие граѓани сè уште не се остваруваат според меѓународните стандарди. Кети Петреска бара законско признавање на факсимилот како начин на потпишување, но и поголема пристапност на јавниот простор, со тактилни патеки, безбедни премини и достапен јавен превоз.

Министерката за образование, Весна Јаневска, посочи дека годинава е зголемен бројот на образовни асистенти, што според неа е важен чекор кон поинклузивно образование.

„Меѓународниот ден на белиот стап е можност да се потсетиме до каде сме и до каде сме стигнале како општество, во нашата обврска на секое дете да му увозможиме да ги реализира своите соништа, таленти и потенцијали. Оваа учебна година ја почнавме со најголем број на образовни асистенти до сега, ангажиравме 1602 образовни асистенти во основното и 176 во средното образование“- Весна Јаневска.

На дебатата во Собранието, по повод Меѓународниот ден на белиот стап, министерот Ѓоко Велковски порача дека Министерството ќе продолжи да работи на подобрување на социјалната заштита, поголема достапност на услугите и создавање еднакви можности за лицата со попреченост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер