Актерката на мета на критики: Не ја охрабрувајте, очигледно е болна (фото) - Канал 5

Актерката на мета на критики: Не ја охрабрувајте, очигледно е болна (фото)

Со години ја “бие глас“ дека е преслаба, а дури кога објави слика од плажа, обожавателите ја засипаа со коментари бидејќи нејзината градба е повеќе од спорна.

Актерката на мета на критики: Не ја охрабрувајте, очигледно е болна (фото)

Имено актерката Тара Рид објавила на Инстаграм фотографија на која позира во костим за капење меѓу две пријатели на плажа во Доминиканската Република.

„Се забавувам со девојките“ напишала, а реакциите на нејзините обожаватели беа од “оди јади нешто“ до „изгледаш болно и преслабо“.

Веднаш беа направени два табори – тие кои ја поддржуваа и оние кои ја советуваа, а коментарите сигурно ја изнервираа, бидејќи многу брзо одговори дека и смета кога и зборуваат дека јаде премалку.

„Има толку дебели луѓе на кои никој не им зборува да јадат помалку. Јас сум сосема здрава. Доста ми е од луѓе кои ми кажуваат да јадам повеќе. Никогаш не сум имала проблеми со исхраната и не сум анорексична“ – изјавила актерката неодамна за американското издание на „Дејли меил“.

Дури изјавила и дека е задоволна од својот изглед и оти не би сакала да е подебела.

„Некои луѓе очигледно уживаат кога ќе пропадне некој кој некогаш бил славен“ – заклучил еден фан и додал дека не е само злобно кога на некој кој очигледно има проблеми со исхраната да му се говори дека супер изгледа, туку тоа може да биде и екстремно опасно.

„Немојте додатно да ја охрабрувате кога очигледно е болна и страда од некој облик на нарушување во исхраната, што е сериозен медицински проблем“ – додал еден од обожавателите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка..

Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер