Лишени од слобода 14 возачи и со двајца малолетници е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“
Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини
1Лишени од слобода 14 возачи и со двајца малолетници е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“
2Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини
Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
1Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
ЖивотАктерка Оскарот го чува во тоалет?!Холивудската ѕвезда Кејт Винслет во својата кариера има добиено многу награди секако и највредата, наградата Оскар за главна женка улога. Златната стауетка Кејт ја чува на многу невообичаено место, во тоалетот?! Во ток шоу славната актерка објасни зошто во тоалет го чува вредниот Оскар. Актерката со британско потекло Кејт Винслет неколкупати е наградувана за улогите, па иако е можеби најпозната по улогата на Роуз во најгледаниот филм на светот во идсторијата легендарниот „Титаник“, 48 годишната актерка доби Оскар за филмот „Читачот“ од 2008 година. Многумина би помислиле дека актерката својата колекција награди ја чува „под клуч“ или на некое посебно место, но не и Кејт! Додека гостуваше во една емисија, таа откри дека всушност ја чува златната статуа на Оскар во тоалетот. Кејт е убедена дека тоалетот е идеалното место каде оваа почесна награда треба да се чува. „Тоа е идеално место за Оскарите, бидејќи кога секој ќе влезе да се олесни, навистина може да одвои онолку време колку што им треба и да одржи говор за благодарност пред огледалото држејќи ја во рака статуетката “, објасни Кејт, „јас секогаш може да каже кога го прават тоа, затоа што кога ќе пуштат вода, тие остануваат уште неколку минути. Тогаш мислам - тој си игра со Оскар! Тогаш тие излегуваат сериозни како ништо да не се случило, а јас ги прашувам - како беше Оскар?" рече актерката и ги насмеа сите во студиото. "Тој е толку тежок! Ми одговараат со малку црвени образи. Тоа е урнебесно." Ова сознание ги изненади нејзините обожаватели, па ѝ ја доделија наградата за „најдобра домаќинка“ на социјалните мрежи, додека други ја нарекуваа „жена на народот“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 14 возачи и со двајца малолетници е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“Еден возел под дејство на алкохол, а останатите без возачка дозвола.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 14 возачи и со двајца малолетници е извршен службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 13 управувале возило без положен возачки испит и тоа: З.Т.(39), М.Л.(22), Х.В.(23), Б.Ф.(24), сите од Скопје, Х.Д.(19) од с.Морани, скопско, М.Т.(29) од Прилеп, В.И.(18) од Битола, Р.Н.(47) од с.Брезница, општина Македонски Брод, И.Ѓ.(42) од Кочани, Г.Н. (46) од Кавадарци, Ш.Р.(34) од Тетово, Б.А.(26) од Гостивар и Л.Ф.(22) од с.Чегране, гостиварско, кој удрил во паркирано возило. Исто така, со двајцата малолетници од Велес, во присуство на родител е извршен службен разговор затоа што управувале мопеди без возачка дозвола. Додека пак, под дејство на алкохол управувал Д.Ј.(39) од Делчево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометМакедонија заедно со Словенија и Србија се кандидира за домаќин на ЕП во ракомет во 2034. Српската ракометна федерација објави дека, заедно со федерациите на Словенија и Македонија, официјално поднела кандидатура за организација и домаќинство на Европското првенство во ракомет во 2034 година.Како што е наведено, кандидатура за домаќин поднеле и Австрија, Хрватска, Данска, Луксембург, Холандија, Шведска и Турција, а Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе донесе одлука следната година на својот редовен Конгрес. - Заедничката кандидатура ќе претставува проект кој, покрај спортскиот сегмент, ќе вклучува и институционална поддршка од владите на Србија, Словенија и Македонија, а во текот на следниот период, трите федерации и надлежните институции ќе работат на подготовка на комплетна кандидатура, која ќе ги вклучува сите потребни организациски, инфраструктурни, логистички и други аспекти важни за организацијата на еден од најголемите европски спортски настани - соопшти Српската ракометна федерација. Се додава дека за Србија, Словенија и Македонија, заедничката кандидатура претставува и потврда за намерата трите земји дополнително да го поврзат својот спортски потенцијал и да настапат заедно на европската спортска сцена. - Српската ракометна федерација, како и федерациите на Словенија и Македонија, ќе продолжат интензивна соработка во подготовката на кандидатурата во наредниот период, со цел заедничкиот проект да се претстави пред ЕХФ како сериозна и сеопфатна кандидатура за домаќинство на Европското првенство во 2034 година - соопшти Српската ракометна федерација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните срединиМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес потпиша девет договори за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој. Вкупната вредност на договорите изнесува 1.283.889 денари. Поддржаните манифестации се посветени на промоцијата на домашните земјоделски производи, подобрувањето на нивната препознатливост, непосредното поврзување на производителите со потрошувачите, како и афирмацијата на локалната традиција, гастрономијата и руралниот туризам. „Најкраткиот пат од нивата до пазарот понекогаш започнува на локалниот плоштад, место каде што производителот може лично да застане зад својот производ, да го понуди и да му овозможи на потрошувачот да ја препознае неговата вредност. Со оваа поддршка отвораме простор локалните заедници да го претстават најдоброто што го создаваат, а манифестациите да донесат конкретна придобивка за изложувачите и локалните производители“, истакна министерот Серафимовски. Поддршка за организирање манифестации добија: -„Еко кам мед“ од Македонска Каменица за „Денови на медот во Македонска Каменица“; - „Ума Сто“ од село Умин Дол за „Есенско пазарче“; - „Слоу фуд Лихнидос“ од Охрид за „Вкусови на ферментацијата – органско производство на храна“; - Општина Босилово за „Ајверијада во Општина Босилово 2026“; - Општина Василево за „Ден на празот“; - Општина Ново Село за „Костенијада“; - Општина Чучер-Сандево за „Традиција на Скопска Црна Гора“; - Општина Ресен за „Преспански јаболкобер“; - Општина Кочани за „Денови на кочанскиот ориз“. Избраните манифестации ќе се реализираат во периодот од 10 септември до 31 декември 2026 година. Преку нив ќе се промовираат производство на мед и органска храна, локални земјоделски производи и традиционална гастрономија. Со реализацијата на оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја продолжува поддршката за здруженија и единици на локалната самоуправа во организирањето манифестации што ја зголемуваат видливоста на домашните производители, ја поттикнуваат локалната економска активност и придонесуваат за развој на руралните средини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter