Актер позира сосема гол за да прати важна глобална порака (ФОТО) - Канал 5

Актер позира сосема гол за да прати важна глобална порака (ФОТО)

Аргентинскиот актер Себастијан Рули, кој го привлече вниманието со улогата на Хектор во теленовелата Руби, ги изненади своите фанови со серија фотографии на кои позира на плажа без ниту една крпче на себе.

Актер позира сосема гол за да прати важна глобална порака (ФОТО)

Тој најпрво ги задева фановите криејќи ги интимните делови со раце и тврди дека ќе им ги покаже дланките ако добие милион лајкови.

Откако прими скоро милион лајкови, тој навистина ги крена рацете на следната фотографија, но тогаш ги покри своите гениталии со парче отпадок.

"Ги покажав дланките, но ако не можете да видите повеќе, тоа е заради ѓубрето. Се надевам дека оваа фотографија ќе достигне до еден милион луѓе кои ќе сфатат дека е срам што сметот продолжува да се натрупува на плажите и да расипува многу работи, вклучувајќи ја и оваа фотографија. Да немаше толку ѓубре, оваа плажа би била рај Овој свет би бил поинакво место. Штета што сме неодговорни како општество и секогаш барајќи ја вината кај другите Не фрлајте ѓубре, не користете толку многу пластика. Исчистете ги плажите, да направиме што можеме повеќе да престане ова лудило , што ќе помогне да се подигне свеста за важноста на заштитата на нашата околина, нашата планета. Благодарам за вашите лајкови и коментари, но ќе бидам уште повеќе благодарен ако ја проширите оваа порака “, напиша актерот на фотографијата.

3/3 Finalmente!! Aquí mostrando las palmas de mis manos. Y si no se ve más es por la basura. Ojalá está foto llegue al Millón, pero de personas que piensen de esta manera: Lastima que la basura en las playas siga contaminando tanto, inclusive esta foto. Si no hubiera tanto plástico desparramado por todos lados, realmente está playa sería un paraíso. Este mundo sería muy diferente. Que pena que como sociedad no nos hagamos responsables y culpemos siempre a los demás. Empecemos por nosotros. No tiremos basura , evitemos usar tanto plástico . Limpiemos las playas, recojamos lo que podamos. Ojalá esta locura que se me ocurrió y que parece chistosa ayude a concientizar lo importante que es cuidar nuestro medio ambiente...”NUESTRO PLANETA” Gracias por sus likes y comentarios, pero más les voy a agradecer que ayuden a difundir este mensaje. #savetheplanet #notiresbasura #seresponsable #behero #limpiemoslasplayas

A post shared by Sebastian Rulli (@sebastianrulli) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот

Почина 76 годишен пациент од нилска треска на клиниката за инфективни болести. Пациентот по потекло е од ризичното прогласено подрачје од скопско Драчево. 

Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот

Пациентот бил 27 дена на клиниката за инфективни болести и бил со други хронични заболувања. Инфектолозите објаснуваат дека најчесто тешки пациенти на интензивна неега се повозрасните пациенти. Ова е четврт починат пациент од нилска треска.

На клиниката во последните часови приемни се два нови пациенти меѓу кои и 24 годишен пациент со полесна форма на заболување. Вкупно се хоспитализирани 20 пациенти со нилска треска, кај двајца од нив се чекаат официјални резултати.

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека вечерва ќе има 13та по ред теренско прскање за комарци. Градоанчалникот издал налози на 20 август да се спроведе теренска дезинскеција против возрасни комарци, а на 21 август ќе се врши авионско прсакње.

Според програмата од 23 до 26 август ќе има теренско прсакње против возрасни комарци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата останува

Честитка од министерот Борко Ристовски по повод 18 Август - Денот на Армијата.

Ристовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата останува

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, на централната свеченост што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид, во присуство на највисокиот воен и државен врв.

По повод 18 Август – Денот на Армијата, Ристовски упати честитка до припадниците на Армијата и до сите кои низ годините биле дел од македонскиот одбранбен систем.

„Денеска им оддаваме почит на луѓето кои ја избрале честа да ѝ служат на својата татковина.

Македонската Армија е создадена заедно со независна Македонија и повеќе од три децении е еден од столбовите на нашата државност. Генерации македонски војници ја носеле униформата со достоинство, професионалност и подготвеност да застанат во одбрана на државата и на нејзините граѓани.

Денес имаме современа Армија, рамноправен дел од НАТО, која се модернизира и се подготвува за новите безбедносни предизвици. Но технологијата и опремата се менуваат, а едно останува исто – човекот во униформа и неговата обврска кон државата, знамето и народот.

На сите припадници на Армијата, на ветераните и на семејствата кои стојат зад нив им го честитам 18 Август – Денот на Армијата.

Нека е вечна Македонија!

Честит Ден на Армијата!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво во актуелниот мандат

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво од почетокот на неговиот втор мандат, покажува најновата анкета на Ројтерс и ИПСОС.

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво во актуелниот мандат

Истражувањето покажува дека само 33 отсто од испитаниците го одобруваат неговото работење, додека 64 отсто не го поддржуваат. Околу 80 отсто од Американците се изјасниле дека американското учество во конфликтот со Иран ќе трае подолго време, додека само еден од пет испитаници смета дека војната била оправдана.

Падот на поддршката создава дополнителен притисок врз републиканците пред ноемвриските избори за конгресот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер