МакедонијаАКТ со нови докази за поврзаноста на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕАнтикорупцискиот тим на СДСМ денеска презентираше нови докази кои укажуваат на длабока и системска поврзаност на Алта банка со структури, финансиери и функционери на ВМРО-ДПМНЕ.„Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател дека се враќа фокусот за санкционирање на корупцијата и криминалот во регионот“, истакна Александар Саша Димитријевиќ генерален секретар на СДСМ, додавајќи дека ова е особено значајно за Македонија „заради врските и поврзаноста на актуелната власт во Македонија кои Антикорупцискиот тим на СДСМ целосно ги разоткри“. Тој потсети дека АКТ на СДСМ веќе објави „сериозен скандал со сомнителни зделки за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка“, институција која, како што беше нагласено, „во јавноста е препознаена како блиска до Вучиќ и структурите на СНС“. „Банкарот на Вучиќ – стана банкар и на Мицкоски во Македонија“, посочи Димитријевиќ. За овој случај, Антикорупцискиот тим побара „Управата за финансиско разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова сомнително преземање и темелно да се испита потеклото на парите“, но, како што беше потенцирано, „до денеска нема никаква реакција од ниту една надлежна институција“. Денеска беа објавени и нови имиња и нови врски. Во менаџерскиот тим на Алта банка, како што беше посочено, „стои името на Лидија Неделкова“, а во Надзорниот одбор е "Стевчо Јолакоски, баџанак на Панче Тошковски, актуелен министер во владата на Мицкоски“. Дополнително, АКТ го посочи и „малку познатиот Марјан Закев, член на менаџерскиот тим“, со поврзаности со бизнис структури „познати по офшор-структурите и бизнис круговите блиски до Мијалков и Камчев, како и со предметот ‘Империја’“. „Ако на ова се додаде и фактот дека за член на Управниот одбор на банката од Битола била избрана Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, сè е јасно. Ова е рентген слика за цела една структура – директен доказ за поврзаноста на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ, финансиерите и функционерите од оваа партија“, заклучи Димитријевиќ. Дали Мицкоски има сметка во Алта банка? Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска јавно постави прашања до институциите, по новите докази за целосна поврзаност на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ. „Дали затоа молчи Јавното обвинителство и не презема ништо?“ праша Александар Саша Димитријевиќ, по презентирањето на директни докази за поврзаноста на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ, финансиерите и функционерите од оваа партија. Во тој контекст, јавно го постави прашањето: „Дали Мицкоски има отворено сметка во Алта банка?“ Димитријевиќ потсети дека „во јавноста веќе се објавени информации за уплати во инвестициски фондови во Србија, поврзани со структури блиски до СНС“, поради што Антикорупцискиот тим бара одговори и за следните дилеми: „Дали некој функционер, член или близок соработник на ВМРО-ДПМНЕ има инвестирано или уплаќано средства во овие фондови?“ Димитријевиќ повтори дека АКТ претходно веќе побара „истрага за сомнителното преземање на Стопанска банка АД Битола и темелна проверка на потеклото на парите“, но институциите, како што беше нагласено, „до денеска молчат“. „Очекуваме одговори и одговорност. Работата не е завршена“, порача Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Битола: Спортска Битола го наполни стадионот на натпреварот Македонија против Црна ГораСиноќа спортот и верната публика на фудбалот, покажа и докажаа дека Битола е спортски град.Под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ се играше меѓународниот натпревар меѓу младите селекции на Македонија и Црна Гора. Натпреварот заврши со резултат 1:1. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на Општината Борче Димитровски, како и бројни спортски работници беа на трибините на стадионот. „Задоволство беше да бидам дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на натпреварот меѓу младата селекција на Македонија која со реми ги заврши настапите на домашен терен во квалификациите за младинското Европско првенство, откако во Битола одигра 1-1 против младата селекцијата на Црна Гора. Ова беше голем ден за спортска Битола, многубројната публика покажа и докажа дека Битола го сака, живее за спортот и за вакви големи настани под рефлектори на стадионот кој ги има сите услови и за меѓународни натпревари. Верувам дека и во иднина трибините на стадионот ќе бидат полни како вечерва, особено и со млади гледачи, кои вистински знаат да се радуваат на вакви големи натпревари“ вели градоначалникот на Битола. Во два дена, два големи спортски настани беа одиграни во Битола, пред два дена ракометен, а синоќа фудбалски спектакл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Салата со пестоВо петок (25.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Александра Илиевска.Состојки за денешниот рецепт: 2 - 3 домати свежа рукола една кеса 1 кромид тегличка песто 100 гр. сирење малку сусам Омлет 4 јајца 100 гр. сирење маслиново масло малку сусам сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРоналдо ја напушта репрезентацијата, дебатата се проширува: Се вклучи и селекторот на БелгијаЗаминувањето на легендарниот капитен Кристијано Роналдо од португалската репрезентација стана тема и на прес-конференцијата што ја одржа селекторот на Белгија, Марк ван Бомел. Холандскиот стратег ги коментираше постапките на Жорже Жезус, конкретно прашањето околу ветувањето дадено на играч дека ќе добие шанса за настап. Ван Бомел смета дека тренерот не треба однапред да гарантира минутажа, бидејќи начинот на кој се одвива натпреварот може да наметне потреба од поинакви одлуки. „Ако дадете такво ветување, мора да го исполните. Никогаш не сум му ветил на играч дека ќе игра, бидејќи никогаш не се знае што може да се случи. Мора да ги оставите опциите отворени, дури и ако му кажете на играчот дека постои голема веројатност да влезе во игра. Тоа е она што можете да го направите“, истакна селекторот на Белгија. Неговата порака се однесува на разликата меѓу најавување на евентуален настап и давање цврсто ветување за кое играчот очекува дека тренерот ќе го исполни. Ван Бомел остави простор за можноста португалскиот тренер да имал свои причини за таквиот потег, но повтори дека таков пристап не е дел од неговиот начин на работа. – Жорж Жесус веројатно имал свои причини, но на пријателски натпревар е полесно да се вети дека некој ќе одигра 40 или 60 минути. Да се ветуваат такви работи, да се размислува... Мислам дека никогаш не сум го направил тоа – додаде тој. Роналдо го напушти собирот по изјавите на Жесус и разговорите со претседателот на португалската федерација. Претходно, тој се загреваше на натпреварот против Норвешка, но не доби шанса да заигра. Капитенот најави дека во соодветно време детално ќе ја изнесе својата верзија за причините за заминувањето.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter