Ако не се зголемат цените во договоритe, тутунарите ќе земат 40 милиони евра помалку - Канал 5

Ако не се зголемат цените во договоритe, тутунарите ќе земат 40 милиони евра помалку

Зголемен е интересот за производството на тутун годинава откако добро помина откупот со 500 денари по килограм заедно со субвенцијата која е најавена дека наскоро ќе се исплаќа. 

Ако не се зголемат цените во договоритe, тутунарите ќе земат 40 милиони евра помалку

Ниските пролетни температури не неправија сериозни оштетувања кај производството на расад во прилепскиот регион каде се произведува најголемиот дел од тутунот.

Наскоро треба да почне и расадувањето по нивите а наскоро се најавува и исплатата на субвенцијата од 100 денари по килограм. Но тутунарите укажуваат дека не се задоволни од новите договори кои ги склучија според кои просечната цена за ова сега што го садат и цело лето што ќе го берат треба да изнесува 330 денари што заедно со субвенциите кои за догодина се повторно 60 денари за трета, 70 за втора и 80 денари за прва класа произлегува дека тутунарите ќе земат севкупно околу 400 денари односно колку што ја дадоа ланската реколта без субвенциите.

Ако не се седне на заедничка маса да се направат измени на цените ова ќе значи дека догодина тутунарите ќе земат околу 40 милиони евра помалку за произведениот тутун.

Откако драстично се намали производствот на тутун во Бугарија, земјава има шанси да го зголеми производството на тутун и да постигнува поголеми девизни приливи бидејќи на светско ниво има недостиг од околу 20 до 30 илјади тони на тутун односно толку колку што ние годишно произведуваме.

Годинава е зголемен интресот за тутунопроизводството откако ценовно поминаа добро со претходната реколта. Според потпишаните договори околу 30 илјади семјства ја планираат егзистенцијата од тутунот а приносот се очекува да биде околу 27 милиони килограми.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер