Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
2Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
МакедонијаАкцискиот план за малцинствата се уште во фаза на прибирање забелешки Акцискиот план за малцинствата, кој неодамна беше вратен од Софија на доработка и предизвика нови превирања меѓу Македонија и Бугарија .Акцискиот план за малцинствата, кој неодамна беше вратен од Софија на доработка и предизвика нови превирања меѓу Македонија и Бугарија е во стадиум на прибирање на сите конструктивни забелешки а потоа заедно со Патоказите за владеење на правото и реформи на јавната администрација ќе се предадат во Брисел, посочува заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Зоран Димитровски, кој потенцираше дека Акцискиот план е изготвен по насоки на европски експерти. -Се обидуваме односно ги правиме напорите навистина во Акцискиот план да бидат внесени сите забелешки, сите забелешки кои што се рационални и можат да допринесат кон унапредување на правата на малцинствата во Македонија. Интензивно сега работиме на завршување на сите реформски закони во овој грејс период кој што го имаме од шест месеци да ги завршиме сите, и нашето европско досие да биде чисто во таа смисла и да останат овие прашања кои се уште ги имаме како пречка за почеток на нашите преговори за членство,- -Зоран Димитровски - заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија. На денешниот состанок на меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Македонија и Хрватска, хрватскиот претставник Звонко Милас, посочи дека Хрватска и Македонија имаат одлични билатерални односи и е подгтовена да помогне и со унапредувањето и заштитата на малцинствата. - (Говориме за) промена на Уставот во Р.С.Македонија а со тоа и можност Хрватите соодветно да бидат дефинирани како хрватско национално малцинство. Значи, веќе неколку години имаме уверувања од највисоките македонски функционери, немаме причина да не веруваме во тоа. Претседателите на нашите влади зборуваа за тоа, а зборуваше и нашата дипломатија. Сигурен сум дека кога тоа ќе се случи, и се надевам дека ќе биде што е можно поскоро, Хрватите ќе бидат дефинирани како национално хрватско малцинство,- - Звонко Милас, државен секретар во Средишен државен уред за Хрватите надвор од Р.Хрватска. Димитровски се заблагодари на својот хрватски колега за досегашниот третман на македонското малцинство во Хрватска, но немаше конкретни податоци колку Македонци живеат во оваа земја. Според него, резидентното население е околу 4000 македонци, но со сезонските работници и студентите, оваа бројка, како што вели тој, достигнува и неколу десетици илјади. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)Тешка семејна трагедија се случи во Италија, кога 53-годишен татко и неговите две ќерки, на возраст од само 8 и 14 години, загинаа во ужасна сообраќајна несреќа.Несреќата се случила кратко пред 8 часот наутро на државниот пат Јонио-Тирено број 682, помеѓу раскрсниците Меликучо и Росарно. Автомобилот во кој се наоѓало четиричленото семејство се судрил со камион. Мајката на девојчето исто така била тешко повредена во несреќата и била однесена во болница во Полистена на лекување, објавува „Раи њуз“. Полицијата, екипите на брзата помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на трагедијата. Сообраќајот на овој дел беше запрен за да може полицијата да спроведе истрага, а екипите да го поправат патот.Тагови: италија ќерки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. Двајца пациенти се критични се уште, вели доктор Фадил Цана директор на Клиниката за инфективни болести во Вести Плус на Канал 5.. Морбилите се идна епидемија во Македонија. Од морбили умираат деца, вакцинацијата е единствен спас, објасни д-р Цана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евраПод раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа.Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра. Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне. Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook