САД одбележуваат 25 години од терористичките напади, кулите близначки „оживеаја“ со 3.000 дронови (ВИДЕО)
2САД одбележуваат 25 години од терористичките напади, кулите близначки „оживеаја“ со 3.000 дронови (ВИДЕО)
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
БалканАкција за апсење педофили низ цела Србија, досега се уапсени 12 лица Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека во рамките на акцијата „Армагедон“ се уапсени 12 лица осомничени за педофилија и поседување детска порнографија.Известија дека против едно лице во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава. „Осомничените се уапсени поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела прибавување, прикажување и поседување порнографски материјал со детска порнографија, експлоатација на малолетници за порнографија и сексуално вознемирување.“ Уапсени се П.Р.(47) од Вршац, С.И.(44) од Белград, Д.Ф.(51) од Бечеј, П.Г.(45) од Ада, Л.Р.(62) од Бачка Топола, Ј.С.(51) од Прокупље, С.В.(62) од Велико Градиште, Е.Г.(48), В.Д.(34), С.П.(34) од Нови Сад, У.С.(34) од Шабац и Д.М.(49) од Крагуевац“, соопшти МВР на Србија. Се сомнева дека во подолг временски период, преку Интернет, преземале, зачувувале на уреди и споделувале содржини создадени со искористување на малолетници за порнографски цели. Исто така, постои сомневање дека преку социјалните мрежи и мобилните апликации стапиле во контакт со малолетници кои прикажувале и добивале од нив содржини создадени со искористување на децата за порнографија, информираат од Министерството за внатрешни работи на Србија. „Тие се осомничени дека договарале и имале средби со малолетници со цел да стапат во сексуални односи. На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство“, соопштија од српското МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната службаПо повод Денот на АНБ, за првпат се реализира документарен филм „Чувари на тишината“ По повод Денот на Агенцијата за национална безбедност, за првпат се реализира документарен филм „Чувари на тишината“ кој ја раскажува приказната за развојот на безбедносната служба од формирањето на ОЗНА во 1944 година, преку УДБА, СДБ и безбедносните структури во независна Македонија, до формирањето на Агенцијата за национална безбедност во 2019 година. Филмот, преку архивски материјали, сведоштва и визуелни реконструкции, ја отвора и темата за работата на современата безбедносна служба и предизвиците со кои се соочува државата денес. Посебен фокус е ставен на три значајни области од работата на Агенцијата и тоа контратероризмот, контраразузнавањето и борбата против организираниот криминал и високите форми на корупција. „Чувари на тишината“ носи и лични сведоштва од поранешни и актуелни оперативци, кои зборуваат за природата на работата, одговорноста и предизвиците што најчесто остануваат далеку од очите на јавноста. Како што се истакнува во филмот, најголемите резултати на оваа работа честопати се оние што не се гледаат, туку се оние што ја прават разликата. На крај се прикажани изјави од носители на високи државни функции и раководители на институции со кои АНБ соработува, кои зборуваат за важноста на партнерството и заедничките напори во справувањето со предизвиците и ја честитаат годишнината на Агенцијата. Филмот е обид преку досега ретко виден пристап да се доближи работата на безбедносната служба до јавноста и да се прикаже нејзината улога во заштитата на државата и нејзините граѓани. „Чувари на тишината“ е приказна за историјата, работата и луѓето кои стојат зад безбедноста на државата. Документарниот филм можете да го погледнете во продолжение. Тагови: АНБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
СветСАД одбележуваат 25 години од терористичките напади, кулите близначки „оживеаја“ со 3.000 дронови (ВИДЕО)Соединетите Американски Држави денеска одбележуваат 25 години од терористичките напади на 11 септември 2001 година, во кои загинаа речиси 3 000 луѓе.Според најавите, се очекува американскиот претседател да присуствува на комеморација во Пентагон, зградата на министерството за одбрана на земјата, во која удри еден од киднапираните авиони, кратко време откако два претходно ги погодија кулите близначки на тогашниот Светски трговски центар во Њујорк. Во пресрет на 25-годишнина, беше изведен импозантен холограм со помош на светлосни ефекти, во кој кулите близначки повторно се појавија на местото на кое постоеја, на Менхетн во Њујорк. За светлосното шоу, кое траеше неколку минути, биле искористени 2.977 дронови со светилки, кои ги симболизирале луѓето загинати во нападите. Тагови: Њујорк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСите петмина кандидати за шеф на ОЈО ГОК остануваат во трката Заврши огласот за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со што петмина обвинители официјално поднеле кандидатури. Советот на јавните обвинители денеска на седница формираше комисија за подготовка на кандидатските листи која во следните три дена треба да провери кој од нив ги исполнува законските услови, и кој би влегол во трката, а формирашѓе и комисија за спроведување на изборот. -Официјално се пријавија пет кандидати, јавноста веќе ги знае. Значи за тие пет кандидати сега комисијата ќе разгледа дали ги исполнуваат условите согласно закон согласно огласот и ќе ги објават во рок од три дена. Потоа веќе е закажан изборот за 20 октомври. – Башким Бесими – Претседател на Совет на ЈО За позицијата, како што и самите потврдија, се кандидираа вишите обвинители од скопско Јове Цветановски и Трајче Пеливанов кој е и поранешен обвинител во СЈО. Потоа обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителките од ОЈО ГОКК Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. За обвинителот Цветановски, неодамна заврши и дисциплинската постапка која се водеше против него а ја покрена екс државниот обвинител Љупчо Коцевски. Дисциплинската комисија ја укина претходно изречената казна и не утврди одговорност, со што му се отвори патот да конкурира за раководната позиција на ојо гокк... Тој како виш обвинител по приговорот на АД ЕСМ, даде мислење да продолжи прекинатата истрага за мазутот во ТЕЦ Неготино која претходно беше прекината откако ова обвинителство не најде штета на државниот буџет. Државниот јавен обвинител Ненад Савески најавил дека нема да ја обжали одлуката на комисијата. -Одлуката ја примив. Нема да поднесам а освен тоа рокот за поднесување жалба е истечен. – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ На 28 октомври ќе се спроведе гласањето за нов шеф на ОЈО ГОКК кој ќе го наследи Ислам Абази. За петтемина кандидати ќе гласаат сите јавни обвинители во државата, односно околу 160 обвинители од сите јавни обвинителства. Потоа, Советот на јавните обвинители ќе го именува кандидатот кој ќе освои најмногу гласови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05