Ахмети организира средба на албанските партии на годишнината од рамковниот договор

Попладнево  претседателот на ДУИ, Али Ахмети организира средба на лидерите на партиите од албанскиот кампус.

Средбата ја следи Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

На оваа тема гостин во вонредните вести на Канал 5 е организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби.

Пристигна ли некој од поканети и што во ДУИ очекуваат да произлезе од оваа средба, кој се организира на денот кога се навршуваат 19 години од потпишувњето на Охридскиот рамковен договор?

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Поради ,,Јанос”, град во Грција стана европски рекордер(ВИДЕО)

Бурата ,,Јанос” позната како медитерански ураган денеска ја погоди западна Грција и поплави улици, сруши дрвја и ги остави островите Кефалонија, Закинтос и Итака без електрична енергија.

Противпожарните служби излегоа на 60 интервенции, претежно да испумпуваат вода од домовите и продавниците. Брод потона во Кефалонија поради големите бранови.

Градоначалникот на Кефалонија, Теофилос Михалатос рече дека никој не е повреден, но оштетени се домовите, транспортната инфраструктура и системите за водоснабдување. Слично е и на Закинтос и Итака каде многумина останаа без електрична енергија.

Бурата Јанос, која го погоди полуостровот Пелопонез, се чини поблага од очекуваното, соопштија метеоролозите.

„Циклонот ќе остане на запад со еднаков интензитет помеѓу шест и девет часот, а потоа, ослабен, ќе започне да се движи кон југ“, рече заменик-началникот за цивилна заштита, Никос Хардалиас.

Невремето може да ја погоди и централна Грција, каде се очекуваат обилни дождови, додаде Хардалиас.

Властите соопштија дека интензитетот и насоката на циклонот не може точно да се предвидат. Циклоните за прв пат се појавија во Грција во 1995 година, а се почести во последниве години.

Слично невреме ја погоди Грција во 2018 година, во поплавите во 2017 година загинаа 25 лица, а стотици останаа без покрив над главата.

Влијанието на ураганот Јанос може да се забележи и на количината на врнежи во Грција. Така, градот Ламија го урна европскиот рекорд со 142 мм врнежи на метар квадратен, следена од аеродромот Андравида со врнежи од 60 мм.

На четврто место е повторно локација од Грција, аеродромот Келфанија со 53,5 мм врнежи.

Царовска-Шаќири: Дигитална трансформација на образованието висок приоритет за МОН и МИОА

Соработката на Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество во делот на дигитализацијата на образованието беше тема на разговор на првата официјална средба меѓу министрите Мила Царовска и Јетон Шаќири.

-Двајцата министри се согласија дека Единствената национална платформа за настава на далечина е само прв исчекор кон модернизација на образованието, на чија доградба и развивање заедно ќе работат. Министерката Царовска нагласи дека ова е можност да создадеме систем на квалитетно образование достапно до сите деца, а Платформата ја создаваме како трајна вредност којашто ќе се развива и надградува, велат од МОН.

На средбата биле потврдени заложбите за создавање професионална, модерна и транспарентна администрација, што ќе биде сервис на граѓаните.

Царовска и Шаќири се согласиле дека тесно ќе соработуваат и во развојот на е – услугите од надлежност на Министерството за образование и наука.

Отказ за советникот на екс министерот Чулев

Отказот следува поради насилно и недолично однесување на З.Ѓ. во службата, соопштуваат од МВР

Министерството за внатрешни работи денеска, по спроведената дисциплинска постапка од соодветната дисциплинска комисија, му го откажа договорот за вработување на З. Ѓ. на работното место државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинет на министер при Министерството за внатрешни работи, кој на оваа позиција беше поставен во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше г-дин Наќе Чулев, а поради насилно и недолично однесување на јавно место, со што го нарушил угледот на Министерството за внатрешни работи. Именуваниот спротивно на правилата и прописите на Министерството се однесувал непрофесионално и неетички, односно на начин кој не доликува на еден полициски службеник.

Решението е донесено согласно член 208 став 1 точкa 4, 10, 14 и 20 од Колективниот договор на МВР, а во врска со член 187 став 1 точка 4, 10, 14 и 20 од Законот за внатрешни работи.

Дисциплинската комисија утврдила дека на 15.07.2020 (ден кога се одржаа парламентарните избори) околу 15,30 часот во Тетово, државниот советник З. Ѓ. отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот З.Т. и уште двајца полициски службеници, и на дрзок начин со навреди и пцовки се нафрлил врз З.Т. и се обидел физички да го нападне. Државниот советник насилнички се однесувал кон командирот З.Т.. и со таквото однесување го нарушил угледот на командирот З.Т. и угледот на Министерството за внатрешни работи, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници. Во врска со настанот било постапено од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за што бил изготвен извештај од 20.07.2020, согласно кој е поднесена и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за ГОКК.

Овој акт е уште еден показател на цврстата определба на МВР да има нулта толеранција за однесување спротивно на правилата и прописите на Министерството, а насилничкото однесување и предизвикување на неред да бидат најостро санкционирани. Полицијата е чувар на јавниот ред и мир, па оттаму МВР нема да дозволи полициски службеник да биде иницијатор и главен актер во негово нарушување. Напротив, полициските службеници треба да бидат пример со своето однесување. Заврши времето на неказнивост на луѓе на високи позиции само затоа што се дел од одредена политичка елита. Законите важат еднакво за сите граѓани.

притисни ентер