Агуеро во пренос во живо има проблеми со срцето: Што се случува, човече? (ВИДЕО) - Канал 5

Агуеро во пренос во живо има проблеми со срцето: Што се случува, човече? (ВИДЕО)

Серхио Агуеро е во пензија од крајот на 2021 година, откако мораше да ја напушти играта на натпреварот помеѓу Барселона и Алавес поради болки во градите.

Агуеро во пренос во живо има проблеми со срцето: Што се случува, човече? (ВИДЕО)

Прегледот покажал дека има срцева аритмија и дека мора да мирува три месеци, а дополнителните прегледи покажале дека Аргентинецот има сериозна срцева мана поради која мораше да ја заврши кариерата.

Оттогаш, Агуеро е доста активен на социјалните мрежи и е редовен стример на сервисот Twitch, каде неодамна стримуваше со најпопуларниот шпански стример Ибаи Љанос. Двајцата лежерно разговараа, но Агуеро во еден момент застана и се стегна за гради.

"Дали си добро?" Љанос го праша. Агуеро молчеше некое време, а потоа рече: „Мислам... Мислам дека имав напад на аритмија“. Љанос потоа го праша дали треба да одат во болница, на што Агуеро рече дека нема потреба.

"Имам вграден чип кој ме известува за проблем на мојот мобилен телефон, и веднаш кај мојот лекар ако нападот е посилен. Сѐ е во ред", додал Агуеро, на кој по завршувањето на кариерата му бил вграден и пејсмејкер, па може да живее нормален живот.

Во својата кариера, Серхио Агуеро остави најголема трага во Манчестер Сити, каде дојде од Атлетико Мадрид во 2011 година за 40 милиони евра. На 390 натпревари за Сити, тој постигна 260 гола со 73 асистенции и освои пет шампионски титули, а за Барселона постигна еден гол на пет настапи пред да се повлече.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тони Цетински на суд поради афера со лажни потврди за Ковид

Пејачот Тони Цетински се појави денеска во Загребскиот окружен суд, каде што започнува неговото судење како дел од аферата со издавање лажни сертификати за Ковид за време на пандемијата на коронавирусот. 

Тони  Цетински на суд поради афера со лажни потврди за Ковид

Цетински ќе ја презентира својата одбрана на суд по обвинувањата за поткуп и фалсификување документи.

Според УСКОК, Цетински е обвинет дека платил сума пари преку посредник за да се внесат лажни информации за неговата вакцинација против коронавирусот во официјалниот здравствен систем, иако вакцинацијата никогаш не била извршена.

Аферата со лажни сертификати за Ковид

Врз основа на тие фалсификувани записи, му е издаден дигитален сертификат за Ковид од ЕУ, а обвинителството го обвинува дека го користел тој сертификат во најмалку три наврати за да ги заобиколи тогаш важечките епидемиолошки мерки и ограничувањата за движење.

Оваа судска постапка е дел од обемна акција на полицијата и УСКОК, во која учествувале повеќе од стотина лица, вклучувајќи медицински работници, посредници и граѓани кои купиле сертификати. Истрагата откри сложен синџир во кој медицинските сестри и посредниците земале мито, обично во износ од 100 до 500 евра, во замена за внесување лажни информации во регистарот на вакцинирани лица.

Голем противник на мерките за Ковид

Додека повеќето од обвинетите во овој случај претходно се спогодија со УСКОК и прифатија условни казни или општествено корисна работа, Цетински ја отфрли можноста за спогодба.

За време на пандемијата, Цетински беше препознаен од јавноста како еден од најгласните противници на епидемиолошките мерки, задолжителната вакцинација и воведувањето на Ковид-пасови. Во претходните појавувања, пејачот и неговата одбрана ги отфрлија сите обвинувања, нагласувајќи дека ги сметаат обвинувањата на обвинителството за неосновани и најавувајќи дека ќе ја докажат својата невиност во редовни судски постапки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По девет дена спасени двајца работници заробени во тунел во Непал

Две лица беа спасени од тунел од хидроцентрала, девет дена по катастрофалните поплави што го погодија Непал, додека повеќе од 4.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.

По девет дена спасени двајца работници заробени во тунел во Непал

Спасувачките екипи, со помош на повеќе од 500 инженери, сè уште трагаат по исчезнати, а властите се надеваат дека дел од околу илјада лица кои се водат како исчезнати во шест хидроцентрали преживеале, бидејќи се засолниле во тунелите или работеле во нив за време на поплавата.. Потрагата е отежната од фактот дека поплавите го промениле теренот околу тунелите, донесувајќи големи количини кал и камења. Бројот на жртви во Непал и Тибет надмина три илјади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска ја откажа планираната посета на Србија поради величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

Пораката од Европската Унија и од Кос е повеќе од јасна.

„Величењето што ја придружува неговата смрт е неспоиво со вредностите врз кои се гради патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, напиша Марта Кос на X.

Тоа што денеска го кажува Европската Унија е токму она за што СДСМ рeагираше и се случи во Македонија.

Величењето на воен злосторник е неспоиво со европските вредности.

Но, Христијан Мицкоски ги заштити Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ по нивните ставови и величењето на Младиќ.

Нема оставки. Нема разрешувања. Нема одговорност.

Мицкоски свесно одлучи да ги заштити.

Сега уште појасно се гледа каде ја води Македонија оваа политика на Мицкоски по рецептот на Вучиќ.

Намерна изолација, далеку од ЕУ, антиевропска кампања и одработување за руската агенда, се нмаведува во партиското сопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер