Агелер: Пристигна тим од Вашингтон поагресивно да истражува корупција и кај сегашни функционери

САД ја почнуваат битката со корупцијата во Македонија, ќе има ли набрзо проширување на црната листа?

По неколкуте експлицитни најави дека ќе следуваат мерки за корумпираните политичари, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер објави дека веќе почнале со конкретни проверки.

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење, за да се покаже дека никој не е над законот“. – напиша Агелер на твитер.

Овој чекор треба да ги загрижи политичарите кои се, биле или планираат да влезат во криминал и корупција, оценува аналитичарот Петар Арсовски, кој смета дека овој тим од Вашингтон прави сериозна анализа и е во директна координација со американската администрација.

-Во принцип треба да се плашат сите оние кои биле вклучени во некакви коруптивни зделки. Мислам дека граѓаните, судејќи по последните анкети ќе се радуваат бидејќи еден од главните проблеми кои ги критикуваат во недостаток на напредокот на Македонија, е баш таквата ендемска корупција. Ова е еден од посесриозните чекори кои сме ги виделе, особено директен чекор од американската администрација што можеби навестува некаква поексплицитна борба со корупцијата, барем од нивна страна. – изјави Петар Арсовски, политички аналитичар.

Дека борбата со корупцијата ќе биде приоритет на Вашингтон, Агелер потенцираше уште пред да пристигне во дипломатската мисија во земјава. Мандатот го почна со пораките дека неказнивоста во Македонија мора да заврши, корупцијата е канцер кој го кочи напредокот на државата, а придонесува и за масовно иселување на младите.

На изненадување на многумина, таа директно го критикуваше и именувањето на Ислам Абази за шеф на обвинителството за организиран криминал, со порака дека САД се збунети од неговиот избор, особено поради потрошените милиони долари за обуки на обвинителите..

Дека ќе има проширување на црната листа со корумпираните на одговорни функции од земјите на Западен Балкан, пред неколку денови најави и специјалниот претстваник на Стејт Департментот, Ескобар.

-Штом луѓето го знаат тоа, лидерите треба да преземат акција да ги отстранат овие луѓе од одговорни позиции. Треба да ги тргнат тие луѓе од партиските списоци. И ова важи за сите држави во регионот“, „Корупцијата е најголем проблем за регионот. Многу е јасно дека сите партии кои се најнационалистички партии во регионот се и најкорумпирани. И тоа е факт., изјави Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД.

Можноста на црната американска листа да се ставаат и корумпираните се отвори откако Бајден лани го потпиша актот познат како Магницки. Досега од земјава по тој основ на листата се најдоа поранешниот премиер Никола Груевски и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер