СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам
2СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам
3ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење
ЖивотАфера „Пандорини документи": Протекоа 11 милиони документи откриени финансиски тајни Тајното богатство и бизнисите на светските лидери, политичари и милијардери се откриени во едно од најголемите протекувања на финансиски документи. Околу 35 сегашни и поранешни лидери и повеќе од 300 функционери се поврзани со документи од офшор компании наречени „Пандорини документи". Бројни лидери, вклучувајќи го и чешкиот премиер, кралот на Јордан и претседателите на Кенија и Еквадор, сокриле средства во офшор компании за да избегнат данок, покажа истрагата објавена во неделата од страна на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ). Истрагата во која беа вклучени 600 новинари, наречена „Пандорини документи", врз основа на околу 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги, откри повеќе од 29.000 офшор компании. ИЦИЈ откри врски меѓу офшор средства и 336 лидери и политички претставници кои формирале 1.000 компании, од кои повеќе од две третини се на Британските Девствени Острови. Според овие документи, јорданскиот крал Абдула Втори основал најмалку триесет такви компании во даночни оази и преку нив купил 14 луксузни имоти во САД и Велика Британија за повеќе од 106 милиони долари. Кралот на Јордан веднаш демантираше дека направил каков било престап при купување на луксузни куќи во странство, истакнувајќи дека за трансакциите во висина од околу 100 милиони долари од безбедносни причини и оти не се користени јавни фондови. Објавените детали се удар за кралот Абдула Втори, бидејќи Владата на Јордан се соочи со скандал оваа година, откако полубратот на кралот, поранешен престолонаследник, принцот Хамза, го обвини владејачкиот систем за корупција и неспособност. „Пандорините документи", исто така, покажуваат дека поранешниот британски премиер Тони Блер и неговата сопруга заработиле 360.000 евра со затајување данок на имот кога купиле канцеларија во Лондон со купување на офшор компанија која ја поседувала зградата. Документите го поврзуваат рускиот претседател Владимир Путин со недвижен имот во Монако и откриваат дека чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој следната недела учествува во изборна трка, не пријавил офшор инвестициска компанија преку која купил две вили во јужна Франција за 22 милиони евра. Премиерот на Чешка го оцени овој истражувачки проект како заговор смислен за тој да не победи на парламентарните избори, кои се закажани на 8 и 9 октомври. Тој негира дека направил нешто незаконско при купување на луксузен недвижен имот во Франција преку наменски формирани компании во таканаречените даночни оази. – Чекав да видам што ќе извлечат непосредно пред избори да ми нанесат штета и да влијаат врз чешките избори. Сега се работи за случај стар 12 години. Во него е јасно дека не направив ништо противзаконски ниту лошо, но тоа не ги спречува да ме плукаат и така да влијаат врз чешките избори, истакна Бабиш. Во документите го има и поранешниот француски министер и некогашен директор на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус-Кан Еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо инвестирал во два фонда со седиште во Јужна Дакота. Како што пренесува РТЦГ, меѓу документите е и името на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и членови на неговото семејство. Вања Чаловиќ Марковиќ и Дејан Миловац пишуваат дека Мило и Блажо Ѓукановиќ склучиле тајни договори за управување со нивниот имот во 2012 година, криејќи се зад комплицирана мрежа на поврзани компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар. Синот на претседателот на Црна Гора ја искористил оваа структура за да формира две скриени компании со фирми-ќерки во Лондон и Црна Гора. Меѓу документите што ги проучуваа истражувачките новинари на МАНС, пронајдени се заверени копии од договорот за собирање средства што Мило и Блажо Ѓукановиќ го склучиле на 21 јуни 2012 година со CM Skye 2 (PTC) Limited, регистриран на Британските Девствени Острови. Од договорот може да се види дека Ѓукановиќ го формирал Victoria Trust, а неговиот син Capecastel Trust. Тие наведуваат минимален основачки влог и прецизираат дека во фондовите, во кој било момент можат да бидат внесени имоти од самите основачи и од други лица. Фондовите се воспоставени за период од 80 години, а компанијата што управува со нив е овластена да купува и продава недвижен имот и компании во име на Ѓукановиќ, да отвора нови компании и жиро сметки, да дава и зема заеми и да извршува разни други задачи. Дека навистина станува збор за претседателот на Црна Гора и неговиот син покажува и заверената документација што била приложена при формирањето на фондовите – дипломатскиот пасош на Мило Ѓукановиќ и сметката за вода од неговата адреса во Подгорица, која служела како доказ за престој. Неговиот син доставил црногорска лична карта и фактура за изнајмување стан во Лондон, пишува МАНС. Во документите е и името на актуелниот министер за финансии на Србија и поранешен градоначалник на Белград, Синиша Мали. Новинарите од КРИК и мрежата OCCRP во 2015 година открија дека Синиша Мали, купил 24 луксузни апартмани во бугарското летувалиште Свети Никола на Црното Море. Вредноста на становите била околу пет милиони евра. Мали ги обвини дека лажат и призна дека купил еден стан, оној што бил регистриран на негово име. Српскиот претседател Александар Вучиќ со години го брани својот близок соработник од сомненија за вмешаност во корупција, исто така, тврдејќи дека КРИК лаже. – Имам апсолутна доверба во министерот Синиша Мали, рече Вучиќ претходно оваа година. Но, како што пишува КРИК, „Пандорините документи" докажаа дека Синиша Мали бил сопственик на станови и две офшор компании. Мали ги купил становите во 2012 и 2013 година, во време кога беше економски и финансиски советник на тогашниот прв вицепремиер на Србија, Александар Вучиќ. Мали купил 24 апартмани во Бугарија од компанија на Срѓан Дабиќ, поранешен кошаркар и директор на српската филијала на познатата руска нафтена компанија Лукоил. Мали не одговорил на повикот на новинарите на КРИК за интервју или на деталните прашања што му ги испратиле. Други звучни имиња се колумбиската пејачка Шакира, германската манекенка Клаудија Шифер и индискиот играч на крикет Сачин Тендулкар. Најбогатите луѓе во светот, политичари, олигарси, бизнисмени или криминалци имаат скриени богатства во таканаречените „даночни оази" како Бахамите или Белизе, но еден таква дестинација од неодамна станаа и САД, пишува Вашингтон пост. Како што се наведува во објавата на „Пандорините документи", најновото и многу пообено новинарско истражување од „Панама документите" пред неколку години, затаената готовина на светската елита и на супер-богатите е во вкупна вредност од 32 трилиони американски долари. Овие пари се неоданочени или мошне малку оданочени, и не вклучуваат недвижности, уметнички дела или скапоцен накит. Сумата е поголема од вкупниот БДП на САД за 2020 година Истражувањето е спроведено од тим на репортери од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, весникот Вашингтон пост и стотици други репортери низ целиот свет. – САД со своиите прилично либерали закони во места како Алјаска, Јужна Дакота, Невада или Делавер, воопшто станаа примамлив даночен рај за многу глобални клиенти, наведува весникот. Такво место во изминатите години станало соузната држава Јужна Дакота. – Даночен рај може да се смета земја или јурисдикција каде можеш да ги ставиш своите пари и да избегнеш плаќање данок на оние пари таму каде си ги заработил, вели новинарот Крег Милер. Речиси 12 милиони документи го откриваат сопствеништвото на моќни странски актери, како и на една жена која иако работела ниско платени работи, станала милионерка откако родила дете, наводно по долгогодишна врска со рускиот претседател Владмир Путин. Затоа Светлана Кривоногих, во Русија позната и како љубовницата на Путин, добила милионско сопствеништво, меѓудругото и стан во Монако вреден над шест милиони евра. Весникот наведува дека кога американските законодавци го дале правото на Јужна Дакота да стане даночен рај, тие сметале дека тоа ќе донесе економски бум и нови работни места во малку развиенета сојузна држава. Новинарите дознале дека државата сепак не постигнала таков развој, а Јужна Дакота станала една од ретките држави во светот со толку либерална регулатива за офшор компании. Бизнис центарот на градот Суикс Фалс, посебно една зграда, станала адреса на траст компании што менаџираат сметки, многу од нив сомнителни, во вредност од речиси 100 милијарди долари. -Тоа се странски милионери и милијардери меѓу кои има и такви кои во своите земји се обвинети за махинации, поткупи, експлоатација на работници или нарушување човекови права, наведува весникот. Такви како производителот на сок од портокали Хорс Хапел од Бразил, или Карлос Моралес Тронкосо, поранешен потпретседател на Доминиканска Република, кој упраувал со компанија за производство на шеќер. Се наведува дека иако американските политичари до неодамна ги критикуваа даночните оази во малите држави поради перење на пари и други криминални дејности, тоа сега всушност се прави и во средиштето на САД. „Пандорините документи" откриват и како американски државјани вршат преместување на пари на странски сметки додека се под кривична истрага. Весникот го наведуа случајот на Глен Годфри кој оснавал траст компанија за еден наводен убиец, за еден познат педофил, за член на колумбиската мафија од Њујорк, како за конституционалист кој нарачал убиство на судија, на обвинител и на даночен агент. Во своето истражување, весникот утврдува дека за обвинителите е мошне тешко да ги следат парите на офшор компаниите. Даночната служба на Австралија (АТО) соопшти дека ќе ги анализира податоците од Пандорините документи и оти ќе ги идентификува сите можни австралиски врски. АТО соопшти дека има меѓународна соработка, договори и соработка и оти редовно добива информации од различни извори во своите напори за борба против затајување данок и криминал. Претставник на АТО, Вил Деј истакна дека постојат голем број легитимни причини за некој да има офшор банкарска сметка или структура, но има и такви кои се обидуваат да ги сокријат сопствените интереси или финансиски грешки преку офшор трансакции. Тоа е најновото во серијата тајни документи што протекоа во последните седум години, по фајловите FinCen, Рајските документи, Панамските документи и Лукс Ликс. Во повеќето земји, ваквите постапки не можат да се гонат, но ИЦИЈ ги спореди говорите на политичарите против корупција со нивната инвестиција во даночни оази. Кенискиот претседател Ухуру Кенијата во неколку наврати изјави дека е подготвен да се бори против корупцијата и ги обврза државните службеници да бидат транспарентни во врска со нивниот имот. Но, „Пандорините документи" откриваат дека кенискиот претседател поседува фондација во Панама, а неколку членови на неговото семејство имаат над 30 милиони долари на офшор сметки. Американскиот центар за јавен интегритет во 1997 година го основаше ИЦИЈ, кој стана независен ентитет во 2017 година. Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари е независна меѓународна мрежа со седиште во Вашингтон, со повеќе од 200 новинари и 100 медиумски организации во повеќе од 70 земји. ИЦИЈ стана познат во април 2016 година, по објавувањето на „Панамските документи", истрага базирана на околу 11,5 милиони документи од панамска адвокатска фирма. Тогаш ги открија скриените средства на илјадници клиенти на Мосак Фонсека, вклучувајќи и некои познати личности. Документите предизвикаа оставки на исландскиот премиер Сигмундур Давид Ганлаугсон и пакистанскиот премиер Наваз Шариф. Во ноември 2017 година, ИЦИЈ ги објави Рајските документи врз основа на нов сет документи од друга финансиска компанија, Appleby. Меѓу познатите имиња и истраги за потези за криење на имотот и затајување даноци се принцот Чарлс, шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон и компанијата Најки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18
Европа„AfD“ ја менува стратегијата: Нов план за Европската унијаКрајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) сè повеќе се оддалечува од идејата за напуштање на ЕУ и го насочува својот фокус кон нејзино реформирање, со цел да го зајакне своето влијание, како во Европа, така и во самата Германија.Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) – која се појави како опозиција на политиките на Европската унија за време на кризата со еврото – сè повеќе се преориентира кон реформирање на ЕУ, наместо да се залага за нејзино напуштање. По историската победа на регионалните избори во Саксонија-Анхалт во септември, „AfD“ – која според анкетите на јавното мислење моментално е најпопуларната партија во Германија – е поблиску од кога било до можноста да стане дел од сојузната влада. Во рамките на партијата расте уверувањето дека зајакнувањето на десничарските позиции и растечкото влијание на политичките движења со слични ставови низ Европа, го прават реформирањето на Унијата одвнатре поповолен пат отколку нејзиното напуштање. „Од крајот на Втората светска војна, изгледите за реформирање на ЕУ во согласност со нашата визија никогаш не биле подобри“, изјави Себастијан Минценмајер, пратеник на „AfD“ во Бундестагот. Прашањето за напуштање на еврозоната – што беше клучен приоритет за многу од основачите и раните поддржувачи на партијата – се покажа како посложено за решавање, пренесува Ројтерс. Помладите членови на партијата, како што е 29-годишниот Жан-Паскал Хом – шеф на младинското крило на„ AfD“, „Генерација Германија“ – предупредуваат дека тврдокорниот став на партијата кон Европа би можел да го попречи нејзиниот најреален пат до власта: идна соработка со Христијанско-демократската унија (CDU) под водство на Фридрих Мерц. Засега, „CDU“ ја отфрла секоја можност за коалиција со „AfD“. Минатиот месец, во Европскиот парламент во Стразбур, копретседателката на „AfD“, Алис Вајдел – заедно со сојузниците од парламентарната група „Европа на суверени нации“ (ESN) – претстави стратешки документ насловен „Нов договор за Европа“. Наместо да се залага за излез од еврозоната и од ЕУ, документот предлага преговарање за нови договори со цел создавање на полабава форма на Унија. Се предлага воведување механизам за „исклучување“ (opt-out) за земјите-членки кои не прифаќаат заеднички политики – на пример, во однос на трошоците за одбрана или миграцијата – при што истовремено се повикува на построго спроведување на буџетските правила. Ова ја остава отворена можноста еврото да остане заедничка валута. Доколку овие реформски напори не успеат, документот предлага идниот европски правец на Германија да се одреди преку референдум. Извор: Индекс.хрТагови: AfD Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана самДодека Црна Гора започнува проверки на врските меѓу медиуми, телекомуникации и Алта банка, во Македонија сè е одамна докажано и документирано.ВМРО-ОКГ е директно врзана за медиуми, телекомуникации и банка. Орбан контролира околу 40 проценти од медиумскиот простор. Нови медиуми на Вучиќ влегоа на пазарот: Ало група, Информер и Euronews. Телекомуникациската поддршка доаѓа од Орбановиот 4iG и од Вучиќевиот Телеком Србија - државен ресурс користен како приватен. Алта банка служи како финансиер на системот, преку маркетинг агенции од ВМРО, примарно за Алфа ТВ и за порталите финансирани од Орбан. Конкретен пример: истрагата за перење пари преку Словенија со фиктивни рекламни услуги, која Мицкоски ја блокираше во обвинителството. Телеком Србија е сопственик на Euronews лиценцата. 4iG обезбедува телекомуникациска поддршка за пласирање на медиумските содржини. Управувањето со сите овие медиуми се врши преку палката на БИА, човекот за Македонија, „началник“ Латас и Ивона, уредничка на Euronews и Алфа ТВ. Тоа е македонската верзија на српскиот Информер. 4iG на Орбан и Телеком Србија ги плаќаат истите лоби куќи во Америка за Мицкоски и за Вучиќ. 4iG е поврзан и со трговија со оружје и со потребата за рудник на антимон. Во Унгарија веќе три министри се уапсени. Обрачот се стеснува околу Орбан. Во Србија Вучиќ падна. Почнаа апсења и истраги. Целиот правосуден систем почна да работи, а новата влада сè уште не е формирана. Уапсени се главни луѓе во полицијата. Ова е само почеток на крајот на една голема организирана криминална група - балканскиот картел. Мафијашки синдикат во кој е Христијан Мицкоски, а ВМРО е сестринска партија на СНС. Сите коцки се сложија a картелот се распаѓа. Паѓаат како домино. Мицкоски остана сам да ја чува касата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиењеНова патна инфраструктура не се гради, старата не се одржува.По девет години локална власт на СДС во општина Кривогаштани, граѓаните се уште со основни проблеми од секојдневниот живот, како исправна вода за пиење, функционални училишта, неодржувана инфраструктура и чиста животна средина. Еден од најсериозните проблеми е водоснабдувањето. Голем дел од населените места се соочуваат со чести прекини, дефекти на водоводната мрежа и проблеми со исправноста на водата, додека околу 40 проценти од населението воопшто не добива вода од општинскиот водовод. И покрај предизборното ветување на актуелниот градоначалник за носење вода од Студенчица, досега јавноста нема добиено конкретен план, временска рамка или информации за реализација на проектот, дополнително, и населените места кои се снабдуваат од овој систем во текот на летото се соочуваа со сериозни проблеми во водоснабдувањето. Загрижувачка е и состојбата во општинските училишта, при што намалувањето на бројот на ученици, иселувањето и неповолните демографски движења создаваат дополнителен финансиски притисок врз образовните институции. Ситуацијата е до толку загрижувачка што за првпат имаме училишта со блокирани сметки, додека општината не презема доволно мерки за рационализација на трошоците и долгорочно одржливо функционирање. Наместо сериозен пристап кон финансиското стабилизирање на училиштата, обезбедување непречено функционирање и квалитетен образовен процес за учениците, локалната власт предводена од СДС гледа само како да издејствува согласности за нови партиски вработувања. Градоначалникот на СДС на општина Кривогаштани бара служба за итна помош, а заборава да каже дека токму неговиот партиски претседател, Венко Филипче ја укина во период кога раководеше со министерството за здравство. Дополнително загрижува и финансиската состојба на самата општина која е со блокирана сметка и каде само тужените побарувања надминуваат 35 милиони денари, а вкупните долгови се значително повисоки. Овие состојби бараат транспарентност и одговори од градоначалникот, а граѓаните имаат право да знаат колкави се вкупните долгови, по кои основи се создадени и како општината планира да ги сервисира. Проблемите не завршуваат тука, локалната инфраструктура, полските патишта и јавните површини бараат сериозно внимание и континуирано одржување. Владината поддршка за изградба на улици е добредојдена, но таа не може да биде замена за обврските и одговорностите на локалната самоуправа. Особено загрижувачка е и состојбата со животната средина, горењето на депонијата кај Кривогаштани, загадувањето на почвата, водата и воздухот, како и нерешените проблеми со одводните системи и пречистителните станици, се прашања кои бараат конкретни институционални решенија, а не молк и одложување. Локалната власт и градоначалникот треба да одговорат и за состојбата со сточниот пазар, јавната чистота, уличното осветлување и другите комунални услуги кои се во надлежност на општината. Одговорноста на локалната власт е да ги решава проблемите на граѓаните, да управува домаќински со општинските средства и да создава услови за подобар живот, тоа го заслужуваат и жителите на општина Кривогаштани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter