АЕТМ: Во првите девет месеци од 2025 онлајн трансакции од 693.1 милиони евра, раст од 30 проценти - Канал 5

АЕТМ: Во првите девет месеци од 2025 онлајн трансакции од 693.1 милиони евра, раст од 30 проценти

 Во првите девет месеци годинава реализирани онлајн трансакции вредни 693.1 милиони евра, што е раст од 30 проценти споредено со минатата година, објави денеска Асоцијацјата за е-тргивија на Македонија АЕТМ.

АЕТМ: Во првите девет месеци од 2025 онлајн трансакции од 693.1 милиони евра, раст од 30 проценти

Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 338.5 милиони евра, остварен пораст од 18 проценти. Бројот на реализирани трансакции од Македонци кон странски е-трговци се зголемил за 63.2 проценти, додека вредноста за 45 проценти. Просечната трансакција на Македонците кон странските е-трговци се намалила за 11.3 проценти.

Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка на Република Северна Македонија, согласно кои, како што информираат, може да се забележи дека во првите три квартали од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 42,626.6 милиони денари или 693,1 милиони евра, што преставува пораст од 30 проценти во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 533 милиони евра. Најголем апсолутен дел од растот и понатаму го носат домашните картички користени за купување од домашни е-трговци, каде вредноста на трансакциите порасна од 286,9 на 338,5 милиони евра, односно за 18 проценти. Сепак, се вели во информацијата, најдинамичен раст се забележува кај вредноста која Македонците со своите картички ја направиле кон странски е-трговци во износ од 19,461.2 милиони денари или 316.4 милиони евра што преставува пораст од 45 порценти во однос на истиот период минатата година. Иако во апсолутен износ вредноста на трансакциите со странски картички кај домашни е-трговци е мала, позитивен сигнал за македонската економија е растот од 38 порценти, што ја зголемува вредноста од 27,7 на 38,2 милиони евра.

Покрај растот на вредноста, е-трговијата бележи и значително зголемување на бројот на онлајн трансакции, кој во периодот од првиот до третиот квартал 2025 година достигна 21 милион, што е 30,2 проценти повеќе споредено со истиот период во 2024 година. Најизразен пораст повторно се забележува кај домашните картички кон странски е-трговци, со раст од дури 63,2 проценти, што укажува на зголемена фреквенција на онлајн купувања, најчесто со пониска поединечна вредност. Бројот на трансакции кај домашните е-трговци исто така расте, но со поумерено темпо односно остварени се 10.6 милиони трансакции што преставува пораст од 10.4 проценти во однос на истиот период минатат година.

- Податоците за првите девет месеци од 2025 година покажуваат силно забрзување на е-трговијата и тоа не само со направени онлајн нарачки туку и платени со платежни картички односно остварен раст од 30 прпценти на вкупната вредност на онлајн трансакциите во однос на истиот период лани. Особено изразен е порастот кај трансакциите со домашни картички кон странски е-трговци, каде вредноста е зголемена за 45 порценти, а бројот на трансакции за над 63 проценти. Ефектот на Тему кој има илјадници нарачки дневно се отсликува во овие податоци целосно со оглед дека единствениот начин на плаќање кој до сега се нудеше на платформата беше со платежна картичка и охрабри многу граѓани потикнати од широката понуда, ниските цени и бесплатната достава за првпат да направат онлајн купување со платежни картички. Неодамнешната одлука на Temu да воведе и кеш на достава претставува прилагодување кон локалните навики, но воедно отвора прашање дали овој чекор ќе го забави позитивниот тренд на дигитални плаќања, изјави претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков.

Нерамномерниот пораст на вкупната вредност и бројот на онлајн трансакциите јасно се рефлектира и во просечниот износ по трансакција. Имено просечната вредност остварена за купување со македонски картички од странски е-трговци се намалила за 11.3 проценти и изнесува 34.6 евра, додека кон домашните е-трговци се зголемила за 7 проценти и изнесува 32 евра, а со тоа на вкупното ниво просечната вредност останува иста односно 33 евра.

Во текот на првите девет месеци од 2025 година, регистрирани се 175 новоотворени онлајн продажни места, што, според АЕТМ; претставува значаен показател за зголемена понуда и заинтересираност на бизнисите да влезат во е-просторот и да започнат со онлајн продажба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Таа стана „лек“ за мажите во огнен комбинезон: „Доаѓам право пред твојата врата“

Во нова, малку провокативна кампања за здравствената компанија „Ro“, една од најубавите актерки во Холивуд, Меган Фокс го претставува „Ro Sparks“ – нивниот лек на рецепт за третман на еректилна дисфункција.

Видео-фото: Таа стана „лек“ за мажите во огнен комбинезон: „Доаѓам право пред твојата врата“

„Лично, мислам дека можеби сум родена за ова. Не постои подобра личност што можеше да биде дел од ова“, изјави Фокс (40) за магазинот „People“.

„Зошто дополнително да се усложнува нешто што и онака е сериозна тема? Веќе делува сериозно, па затоа – нека биде забавно“, вели таа.

„Ro Sparks“ е комбиниран третман „два во еден“ за еректилна дисфункција, кој ги содржи состојките силденафил и тадалафил.

Иако двете состојки се одобрени од американската Управа за храна и лекови (FDA), самиот комбиниран лек не е одобрен од оваа агенција.

Според компанијата Ro, третманот се раствора под јазикот, почнува да делува во просек за околу 15 минути и може да остане активен до 36 часа, пренесува „Пипл“ (People).

Во рекламата, која се емитува на телевизија додека кампањата е присутна и на Тајмс Сквер, се појавува Фокс во црвен, тесен комбинезон со логото на „Ро Спаркс“ (Roe Sparks). Како персонификација на лекот, таа зборува за производот преку низа двосмислени и сугестивни пораки.

„Ако ти го препишат, ќе се појавам директно пред твојата врата“, вели Фокс со заводлива насмевка во рекламата. „Не грижи се, моето пакување е многу дискретно.“

Фокс вели дека хуморот во кампањата не е тука само за да го направи снимањето позабавно. Со пристапувањето кон еректилната дисфункција на лежерен начин, таа се надева дека рекламата ќе помогне да се надмине дел од срамот што ја придружува оваа состојба и ќе ги охрабри мажите отворено да зборуваат за неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во недела изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз Ер Скопскиот маратон

Во недела од 06:00 до 14:00 часот дел од улиците и булеварите во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по алтернативни сообраќајници.

Во недела изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз Ер Скопскиот маратон

Скопје во недела, 4 октомври, ќе биде во знакот на 22. Виз Ер Скопскиот маратон, поради што дел од улиците и булеварите во градот ќе бидат затворени за сообраќај. Од 06:00 до 14:00 часот, сообраќајот по улиците и булеварите опфатени со трасата на маратонот ќе биде пренасочуван по алтернативни сообраќајници.

Затворен за сообраќај ќе биде потегот од Рекорд, односно улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, продолжувајќи по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ до реонот на Хром.

Затворени ќе бидат и делови од улицата „11 Октомври“, односно потегот од Собранието кон Црвен крст, како и делови од булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“, до делот кај Американ колеџ.

Во Аеродром, со посебен сообраќаен режим ќе бидат опфатени потезите кон Воен базен, Мајчин дом и булеварот „Јане Сандански“, до раскрсницата со булеварот „Србија“.

На посочените сообраќајници возачите ќе треба да користат алтернативни правци, а конкретното пренасочување ќе се врши во зависност од движењето на тркачите.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до возачите да го избегнуваат движењето по трасите во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите и насоките на униформираните полициски службеници на терен.

Организаторите ги замолуваат граѓаните за разбирање поради привремениот сообраќаен режим и ги повикуваат навреме да го испланираат своето движење во недела, со избор на алтернативни сообраќајни правци каде што е потребно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗТ Скопје Аеродром во Европа

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис.

МЗТ Скопје Аеродром во Европа

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис од Грција.

Пресметката на теренот ќе биде кулминација на една вечер за паметење, која ќе започне неколку часа претходно пред спортскиот центар „Јане Сандански“.

Почнувајќи од 17:00 часот, посетителите ќе може да уживаат во одлична музика со DJ Alen, вкусна храна, ладно пиво и други пијалоци, додека за најмладите навивачи е обезбедено цртање на лица во боите на клубот.

Исклучително возбудлив дел од пред-натпреварувачката програма ќе биде ADMIRAL FREE SHOOT CHALLENGE-натпревар во слободни фрлања со богат награден фонд (iPhone 17, спортска опрема и друго). Ова е одлична можност за присутните да ја покажат својата прецизност и да освојат примамливи награди.

Билетите за овој спектакл се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари и истите може да се набават преку продажната мрежа на mktickets.mk.

Веруваме дека настанот пред спортскиот центар дополнително ќе ги обедини навивачите, нивните семејства и сите останати љубители на кошарката низ една богата и интересна двочасовна програма. Потоа, дружењето го продолжуваме на трибините, со силна поддршка за МЗТ Скопје во овој голем европски предизвик!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер