Аеродром прва општина во државата со фискална едукација во основните училишта - Канал 5

Аеродром прва општина во државата со фискална едукација во основните училишта

Започнувањето на проектот „Фискална едукација“ беше одбележано денеска во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“.

Аеродром прва општина во државата со фискална едукација во основните училишта

Со овој проект, како што беше нагласено, општина Аеродром станува прва општина во државата што ја воведува фискалната едукација во основните училишта.

На настанот присутни беа градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, како и државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска.

Ученици во „Браќа Миладиновци“ низ игра и креативна работилница, меѓу другото, се запознаа со даноците.

-За да имаме одговорни граѓани и идни генерации кои се свесни за значењето на даноците, мора да работиме на информирање и градење на знаењето. Даночната култура и даночната свест започнуваат од знаењето, а знаењето започнува во образовниот процес. Управата за јавни приходи долги години спроведува активност, фискална едукација на млади, досега претежно во средните училишта. Оваа активност од минатата година ја освеживме со нови содржини, посовремени, поинтересни и поблиски до денешните генерации, нагласи Петрова во изјава за медиуми.

Како на пример, додаде, видео - клипот данок плати, во иднина да ти се врати, даночен квиз што може да се симне и да се користи на компјутери, мобилни уреди и слично.

- Сега одиме чекор понапред и фискалната едукација на млади ја симнуваме и во основните училишта. Едукатори од УЈП заедно со наставници од основните училишта ќе работат со децата, со учениците, на еден забавен, интерактивен начин со интерактивни, креативни игри и задачи, да им пренесат, како се собираат даноците, како се трошат парите од даноците и дека фискалната сметка не е обично парче хартија, туку е еден симбол на заеднички придонес на сите нас, истакна Петрова.

Таа појасни дека овој проект, за фискална едукација во основните училишта, започнува во ова училиште и изрази благодарност за поддршката во процесот, до вработените, до градоначалникот и Министерството за образование и наука.

Притоа нагласи дека веруваат оти со ваквите активности, се зголемува вредноста на разбирањето на дечињата и тие ќе знаат дека секој денар данок платен денес, значи, подобро општество утре.

Ивановска појасни дека од денеска во училиштата во општина Аеродром, најмалите ќе имаат можност да се запознаат со значењето на даноците, начинот на кој функционира даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции. Но, и за важноста за совесно и одговорно однесување и транспарентно однесување со јавните средства. Притоа изрази благодарност за поддршката, до УЈП, градоначалникот и МОН.

Митески изрази задоволство што токму општина Аеродром е прва, во која започнува овој проект за фискална едукација на учениците, најмладите. Тој изрази надеж дека тоа ќе вроди со позитивни резултати и искажа благодарност до УЈП и МОН, за спроведувањето на овој проект, за првпат во основните училишта во државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СТОП ЗА УСЈЕ - Протестна блокада на 1 декември во Скопје

Граѓаните повторно на улица,  протестна блокада на раскрсницата кај Црвен крст на 1 декември .

СТОП ЗА УСЈЕ - Протестна блокада на 1 декември во Скопје

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ повикува на протестна блокада во вторник, 1 декември, со почеток во 17:30 часот, на раскрсницата кај Црвен Крст во Скопје.

По повеќе од една година институционално одложување и отсуство на конкретни решенија, граѓаните повторно излегуваат на улица за да побараат функционален надзор над индустриското загадување, транспарентност и одговорност од надлежните институции.

Министерството за животна средина и просторно планирање сè уште нема објавено ниту драфт-верзија на новата А-интегрирана еколошка дозвола за „Титан Усје“, ниту најава за јавна расправа. Во исто време, остануваат неодговорени и системските барања за подобра контрола на индустриските загадувачи.

Меѓу клучните барања на граѓаните се:

● Активирање на државна акредитирана лабораторија за независна контрола. Пред шест месеци, министерот Хоџа изјави дека лабораторијата е целосно опремена и дека за нејзина акредитација недостига уште еден обучен вработен. Шест месеци подоцна, таа сè уште не функционира.

● Усогласување на алармните прагови за активирање мерки со препораките на Светската здравствена организација, со цел навремена заштита на здравјето на граѓаните.

● 24-часовно јавно објавување на емисиите од сите инсталации со А интегрирана дозвола. Досега не е поставена ниту една нова државна мерна станица, ниту на индустриските загадувачи им е наложено јавно да ги објавуваат податоците од мерењата.

Дополнително, загрижува и начинот на кој функционира Државниот инспекторат за животна средина. Формалните инспекциски контроли, без континуирани реални мерења и конкретни корективни мерки, не обезбедуваат ефикасна заштита на граѓаните.

Новата А-интегрирана дозвола за „Титан Усје“ претставува важен тест за тоа дали државата ќе ги примени европските еколошки стандарди и ќе воспостави правила што ќе важат за сите индустриски загадувачи.

Не бараме уште едно ветување. Бараме институционална одговорност, функционален надзор и конкретни мерки.

Затоа, ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на протестната блокада:

�� РАСКРСНИЦА КАЈ ЦРВЕН КРСТ НА Р. МАКЕДОНИЈА

�� ВТОРНИК, 1 ДЕКЕМВРИ 2026

�� 17:30 ЧАСОТ

Со почит,

Стоп за Усје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карлеуша повторно остана без профил на Инстаграм

Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша најави дека ќе поднесе тужба против „Мета“ откако нејзиниот профил на „Инстаграм“ повторно ѝ беше изгаснат. 

Карлеуша повторно остана без профил на Инстаграм

При доаѓањето на снимањето на телевизиско шоу – видно незадоволна што овој проблем, како што тврди таа, се повторува на секои 15-тина дена – таа изјави дека трпението ѝ е при крај. Исто така, откри дека веќе стапила во контакт со адвокати во Германија.

Според порталот „Српскаинфо“, повикувајќи се на „Пинк.рс“ (Pink.rs), пејачката смета дека нејзините права на оваа платформа се сериозно прекршени.

„Ова е приказна што се повторува на секои две недели... Мислам дека дефинитивно ќе морам да поднесам сериозна тужба против ’Мета‘; тоа е мојот нов правен чекор во борбата за моите права, кои се грубо прекршени. Оставете ми мене да го решам ова на свој начин“, изјави Карлеуша.

Зборувајќи за тоа зошто не одлучила порано да поднесе тужба, таа објасни дека Инстаграм не ѝ бил главен приоритет, но дека моменталната ситуација ги надминала сите граници. – Генерално, Инстаграм не ми е главна преокупација, но ова сега веќе не е ни само безобразно, туку е и смешно. Контактирав сериозна германска адвокатска канцеларија, па ќе видиме до каде ќе отиде работата – изјави Карлеуша.

Овој пат, нејзиниот профил под името „JKentertainmentt“, кој го отвори неодамна, беше затворен. Засега не се знае што точно довело до деактивирање на нејзиниот последен профил.

Проблемите на пејачката со оваа социјална мрежа започнаа на почетокот на 2025 година, кога беше затворен нејзиниот главен профил, кој имаше повеќе од 2,4 милиони следбеници.

Откако повеќе од еден месец немала пристап до својата сметка, во март истата година, таа се нашла во ситуација во која – според правилата на „Мета“ – нејзиниот профил бил пред трајно бришење.

Иако во меѓувреме отворила нова сметка, во јуни минатата година накратко се вратила на својот стар профил; сепак, до почетокот на јули, тој повторно бил исклучен – наводно поради голем број пријави, конкретно од ботови. Потоа, на својот роденден, 17 август, Карлеуша отворила нов профил. Сега, по исклучувањето на сметката „JKentertainmentt“, таа најавува правна битка против технолошкиот гигант.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаник Синер официјално се повлекува од Австралија Опен, го чека голем пад на АТП

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да игра на Австралија Опен, објавија организаторите.

Јаник Синер официјално се повлекува од Австралија Опен, го чека голем пад на АТП

Синер нема да игра на првиот Гренд слем турнир во 2027 година, бидејќи се опоравува од неодамнешната операција на десното колено.

„Редовно сме во контакт со тимот на Јаник Синер и тие потврдија дека тој нема да биде со нас на Австралија Опен во јануари по неговата неодамнешна операција. Јаник обожава да се натпреварува тука во Мелбурн и со нетрпение очекува да се врати на Австралија Опен во 2028 година. Му посакуваме се најдобро во закрепнувањето и со нетрпение очекуваме наскоро да го видиме повторно на теренот“, изјави за АП извршниот директор на Тенис Австралија, Ендру Абдо.

Иако има заштитен ранкинг кој му овозможува задржување на местот во главните ждрепки на најголемите турнири, тој ќе продолжи да паѓа и да губи поени на АТП листата.

Тој веќе е на второто место зад Саша Зверев, а бидејќи има 7.950 поени, само прашање на денови е кога ќе му го препушти второто место на Алкараз.

Минатата сезона, тој доби 800 поени за полуфиналето на Австралија Опен, потоа во Доха доби уште 100 за четвртфиналето, а ги освои Индијан Велс и Мајами. Тоа се вкупно 2.900 поени што сигурно ќе ги изгуби на почетокот на следната година и ќе изнесуваат околу 5.000 поени. Знаеме дека Бен Шелтон би можел да го стигне со неговиот моментален резултат, а Даниил Медведев не е далеку зад него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер