3Француски воен „Мираж“ се урна во близина на Нанси- пронајдено е телото на едниот пилот, по другиот се трага
3Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
ЖивотАЕК: Малолетниците дневно приклучени на интернет и повеќе од пет часаТриесет и девет проценти од испитаниците опфатени во анкета на Агенцијата за електронски комуникации рекле дека малолетните лица во нивното домаќинство во просек поминуваат и повеќе од пет часа приклучени на интернет.-Приближно половина од испитаниците или 46,3 проценти знаат дека постои програма за родителска контрола која на лицата помлади од 18 години ќе им овозможи безбеден интернет. Од нив само 10,2 проценти имаат веќе инсталирано таков софтвер, додека од оние испитаници кои немаат инсталирано таков софтвер, а знаат дека истиот постои, околу 61 процент би инсталирале. Околу 10 проценти од испитаниците кои имаат позитивен став кон инсталирање на софтвер за родителска контрола, знаат каде може да го најдат, стои во клучните наоди од Извештајот од испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисници на електронски услуги. Во последните четири години, се наведува во наодите, се забележува тренд на раст во бројот на домаќинства каде интернет пристапот го користат и малолетни лица. Во 2022 година, дури 43,2 проценти од испитаниците одговориле дека малолетни лица користат интернет во нивното домаќинство, а кај дури 85,6 проценти од нив малолетните лица користат интернет секој ден. Според испитувањето, бројот на корисници на услугата интернет во домаќинството се зголемил од 79 проценти на 89 проценти во последните пет години. Од испитаниците кои имаат интернет пристап во своето домаќинство, само 29,5 проценти ја знаат брзината на интернет конекцијата што треба да ја обезбеди операторот, а од нив 76,8 проценти сметаат дека ја добиваат предвидената брзина и количество податоци од интернет провајдерот. Како што стои во наодите, во последните четири години има раст на бројот на испитаници кои се соочиле со некаков проблем при користење интернет во домаќинството, односно во 2022 година само 29 проценти од испитаниците немале проблем со својата интернет конекција во домаќинството. Како најчести проблеми со интернетот се наведени непостојана брзина на конекцијата (34,2 проценти), прекини/недостапност на услугата (30,6 проценти) и проблеми со техничката опрема. Поради прекини или недостапност на услугата во последните 12 месеци, 38,4 проценти од домаќинствата го контактирале интернет провајдерот и за 55,7 проценти од нив проблемот поради кој пријавиле бил отстранет истиот ден. -Околу 27 проценти од домаќинствата со интернет пристап имаат приговарано телефонски до својот провајдер, а 30,7 проценти од испитаниците се изјасниле дека се потполно задоволни со одговорот кој го добиле од интернет провајдерот. Само 1,6 проценти од домаќинствата со пристап до интернет упатиле писмен приговор до интернет провајдерот, се наведува во дел од клучните наоди од испитувањето. Анкетата е спроведена од 13 април до 15 март годинава на случаен репрезентативен примерок од 1100 испитаници на возраст од 18 и повеќе години, кај корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија. Примерокот е репрезентативен според белезите пол, возраст, етничка припадност и место на живеење, во однос на официјалните статистички податоци во моментот на спроведување на истражувањето, достапни во Државниот завод за статистика – Податоците од пописот 2021.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГерманија ги заострива критериумите за полагање германски јазик за доселениците- имало многу измами Германското МВР потврди дека ќе ги заостри критериумите за полагање на испитот по германски јазик, што е клучен предуслов за добивање дозвола за постојан престој.Германското МВР потврди дека ќе ги заостри критериумите за полагање на испитот по германски јазик, што е клучен предуслов за добивање дозвола за постојан престој, а подоцна и германско државјанство. Причината се сè почестите обиди за мамење на испитите, пишува Дојче Веле. Во новата уредба на министерството, до која имал пристап весникот „Билд“, се наведува дека учесниците на курсевите за интеграција во Германија нелегално добиле прашања и решенија за делот од тестот што вклучува слушање и читање преку интернет. Овој дел се состои од 45 прашања со предложени одговори. Испитот вклучува и писмен дел, односно пишување краток текст, кој учесниците, според прописите, честопати воопшто не би го завршиле. И покрај ова, испитот се сметал за положен ако кандидатот постигнел добар резултат во првиот дел и го положил усниот дел од испитот на ниво Б1. Минатата година, 318.550 имигранти го полагале тестот. Затоа Министерството одлучило да ги заостри условите за полагање на испитот. Во иднина, кандидатите ќе мора да покажат познавање на сите три дела: слушање/читање, пишување и зборување. Во исто време, во делот каде што се најслаби, ќе мора да го исполнат минималното ниво А2. Испитот повеќе нема да се положува ако некој дел не го достигне тоа ниво. Измените на „Правилникот за испити за курсеви за интеграција“ стапуваат во сила на 1 ноември. Тестот по германски јазик за имигранти (DTZ) е завршен испит за курсеви за интеграција организирани од Федералната канцеларија за миграција и бегалци (BAMF). За да добијат сертификат за положување на испитот, учесниците мора да постигнат вкупен резултат од А2 или Б1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици. Според податоците на BAMF, 318.550 имигранти го полагале тестот по германски јазик минатата година. Од тој број, 175.193 го постигнале нивото Б1, кое овозможува комуникација на секојдневен германски јазик. 102.663 кандидати го достигнале пониското ниво А2, додека 40.694 останале под нивото А2.Тагови: Германија германски јазик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Шоу бизАлександер Скарсгард на филмска премиера се појави во килт и со маица со ликот на колешката (ФОТО)Актерот Александер Скарсгард се појави на премиерата на филмот „Wicker“ во Лос Анџелес во виолетово-зелен килт и маица со отпечатено лице од неговата колешка Оливија Колман. На црвениот тепих на 50-годишниот актер му се придружи и неговиот помлад брат Бил Скарсгард. Скарсгард позираше со Оливија Колман и Елизабет Дебики, кои ги играат рибарката и жената на кројачот во филмот. Неговиот избор беше креација од дизајнерот Чоуп Валовен. Режисерите и сценаристите Алекс Хјустон Фишер и Елеонор Вилсон, исто така, присуствуваа на премиерата, а неколку дена претходно, актерот беше поддржан од неговиот татко Стелан Скарсгард на проекција во Њујорк. За филмот „ Wicker“ Во филмот, Колман игра рибарка која е отфрлена од локалното население. Таа ангажира локален занаетчија, игран од Питер Динклејџ, да ѝ направи сопруг од плетенка. Улогата ја игра Скарсгард, а неговиот лик се покажува многу поспецијален отколку што очекувала. Неговиот дух и способности будат нови чувства кај неа, додека нивната врска предизвикува љубомора и немир што го загрозуваат животот во селото. Авторите го опишуваат филмот како комична приказна за сексот, бракот и апсурдите на општествените обичаи. Привлекол внимание и во Лондон Скарсгард привлече внимание и со својот моден избор на премиерата во Лондон пред десет дена, кога се појави во златен костум и проѕирни чевли од модната куќа Сен Лоран. Додека некои беа воодушевени од смелата комбинација на актерот, други изразија сомнежи за практичноста на таквите обувки. „О, боже, тие чевли сигурно смрдат на пластика и пот“, напиша еден коментатор. Други беа помалку критични. „Сè му стои добро“, е еден од коментарите, а третиот додава: „Тој може да носи речиси сè“.Тагови: килт маица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаУжас: Инфлуенсер се запали во пренос во живо, познати се деталите Познатиот инфлуенсер Мануел Ото си го одзеде животот додека емитуваше во живо кога се запали, а страшните видеа почнаа да кружат на интернет.Ото беше најпознат во светот на игрите како креатор на популарната онлајн мултиплеер игра Stick Run, која ја создаде кога имаше само 14 години и која привлече повеќе од 43 милиони играчи во текот на годините, објави Сан. Веста за трагедијата, која се случи вчера вечерта во Германија, ја потврди портпаролот на проектот Stick Run: - Свесни сме за емитувањето на Twitch во кое нашиот основач и сопственик, Мануел Ото, очигледно си го одзеде животот. Длабоко сме погодени од оваа трагедија и бараме од јавноста да ја почитува приватноста на неговото семејство и најблиските во овие исклучително тешки времиња. Исто така, апелираме до заедницата да се воздржи од ширење непроверени информации и шпекулации. Информирани сме дека Twitch оттогаш го отстранил спорниот стриминг, како и целата придружна видео содржина.“ Вознемирувачки снимки кружат на социјалните медиуми Иако вознемирувачки снимки од екранот снимени кратко пред и за време на инцидентот брзо се појавија на социјалните медиуми, властите не ја потврдија веднаш точната локација на инцидентот. Сепак, баварскиот регионален весник PNP објави дека вчера вечерта, едно лице починало во пожар што го зафатил таванот на куќа во јужна Баварија, чиј идентитет не бил јавно објавен од полицијата во тоа време. Претставници на играта апелираа до секој што има сигурни информации да контактира со компанијата или со надлежните полициски власти. Веста за ненавременото заминување на младиот инфлуенсер предизвика бран на неверица и тага во гејмерската заедница. Бројни следбеници се збогуваа со емотивни пораки на социјалните медиуми: „Дел од нашето детство е исчезнат“, „Животот може да биде суров“ и „Скршен сум од оваа вест, едноставно е неверојатно“. Овој шокантен настан повторно го донесе во центарот на вниманието на јавноста прашањето за менталното здравје на креаторите на содржини и безбедносните протоколи на платформите за пренос во живо.Тагови: инфлуенсер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook