Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“
2Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ТенисАдвокатскиот тим на Ѓоковиќ со итен апел до регионот: Бидете претпазливи Во светот на интернет измамите со помош на име на славна личност се сѐ почести. Во Србија токму тоа се случува со Новак Ѓоковиќ.Имено, станува збор за реклама која го поврзува најдобриот тенисер во светот со наводната платформа на Газпром, која ги повикува граѓаните да вложат пари во неа. Измамата се одвива преку социјалните мрежи, а толку се рашири, што ја објави адвокатскиот тим на Новак Ѓоковиќ предводен од Горан Драганиќ. „На овој начин сакаме да ја информираме пошироката јавност во Србија и регионот дека во последно време повторно се забележани зачестени обиди на сајбер криминални групи, за незаконско искористување на името и ликот на Новак Ѓоковиќ, за измама на граѓаните преку Интернет. . Неколку меѓународни сајбер криминални групи преку лажни рекламни пораки интензивно пласираат невистинити рекламни содржини во кои наводно учествувал Новак Ѓоковиќ. Најчеста сајбер измама од овој вид е невистинита рекламна порака која го поврзува Новак Ѓоковиќ со наводната платформа на Газпром, која ги повикува граѓаните да ги инвестираат своите пари преку таа наводна платформа. Сите вакви и слични рекламни пораки кои го преплавија интернет просторот се апсолутна измама, затоа ги предупредуваме граѓаните на Србија и регионот да бидат многу внимателни, да не наседнуваат на вакви и слични многу сериозни финансиски измами и да не дозволат да станат плен на организирана сајбер криминална група. Против сите одговорни за овие интернет измами веќе се преземени сите правни лекови дозволени со закон, а до Вишото јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за високотехнолошки криминал“, се вели во соопштението на адвокатот на Ѓоковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаОвој уред открива камери во просторијатаРазвиен е нов уред што може да го претвори обичниот телефон во алатка за откривање скриени камери.Скриените камери претставуваат сè поголем проблем во просторите каде што луѓето очекуваат приватност. Поради тоа, истражувачите работат на технологии кои би им овозможиле дури и на просечните корисници релативно лесно да проверат дали во нивната близина има непозната камера. Едно од новите решенија се нарекува „SweepLED“. Тоа решение е создадено од тим од Корејскиот напреден институт за наука и технологија (KAIST), во соработка со Националниот универзитет во Сингапур и Универзитетот за менаџмент во Сингапур. „SweepLED“ е дизајниран како специјален додаток за паметен телефон. Тој содржи низа од 15 мали ЛЕД-диоди распоредени во форма на прстен околу камерата на телефонот. Додатокот се поставува врз задната камера така што ЛЕД-диодите го опкружуваат објективот без да го попречуваат. Телефонот истовремено се поврзува со специјализиран софтвер кој користи вештачка интелигенција за да го анализира она што го снима камерата. Принципот на работа се заснова на прилично едноставна идеја. Камерата на телефонот мирува додека ЛЕД-светлото се движи околу објективот. На тој начин, системот набљудува како светлината се одбива од разни предмети во просторијата. Сè со помош на вештачка интелигенција Објективот на скриената камера може да остави специфична трага кога е осветлен. За разлика од обичните површини, внатрешната структура на објективот – вклучувајќи ги стаклените елементи, отворот на блендата и сензорот – може да создаде карактеристична, искривена рефлексија. Токму овие промени се обидува да ги препознае системот со вештачка интелигенција што стои зад „SweepLED“. Наместо да бара само една рефлексија, системот анализира како се менува шемата на рефлексија со текот на времето додека изворот на светлина се движи. Врз основа на овие податоци, тој се обидува да го разликува отсјајот што потекнува од скриен објектив од рефлексиите на обичните предмети. Истражувачите сметаат дека развојот на вакви системи е оправдан бидејќи постоечката професионална опрема за откривање скриени камери не е практична за секојдневна употреба. Доколку оваа технологија прерасне во сигурен производ, телефонот би можел да стане практична алатка за проверка на приватноста во хотелски соби, апартмани и други простори. Извор: Б92Тагови: камери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајакнати сообраќајни контроли од мај до августКонстатирани 10.411 прекршоци, откриени 619 кривични дела и одземени 423 мотоцикли и електрични тротинетиСекторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи во периодот од мај до август 2026 година спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон прекршоците сторени од возачи на електрични тротинети, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Во рамки на контролите, полициските службеници констатираа вкупно 10.411 прекршоци, од кои 1.571 се однесуваат на електрични тротинети, 34 на велосипеди, а 8.806 на мопеди, мотоцикли и трицикли. Најголем број прекршоци, вкупно 7.303, се однесуваат на некористење заштитен шлем – кацига. Констатирани се и 718 прекршоци за управување по несоодветна површина, 401 за управување нерегистрирани возила и/или возила без полиса за осигурување и 322 за некористење рефлектирачки елек. Дополнително, евидентирани се 81 прекршок за управување од лице помладо од 18 години, 45 за управување под дејство на алкохол и 1.541 прекршок од друг вид. Покрај прекршоците, во текот на акциските контроли откриени се и 619 кривични дела. Од нив, 604 се однесуваат на управување без возачка дозвола, 14 на управување под дејство на алкохол и едно на управување во забранет правец. Во рамки на преземените мерки, одземени се вкупно 423 превозни средства, од кои 20 електрични тротинети и 403 мопеди, мотоцикли и трицикли. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли, со посебен акцент на прекршоците и однесувањата што ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот. Целта е навремено откривање и санкционирање на прекршувањата на прописите, спречување на сообраќајните незгоди и заштита на човечките животи. Апелираме до сите возачи ги почитуваат сообраќајните правила, да користат пропишана заштитна опрема, да не управуваат под дејство на алкохол и да не управуваат возила без исполнување на законските услови. Особено повикуваме на внимателност и одговорност кон пешаците и останатите учесници во сообраќајот. Побезбедни патишта, посигурни животи. Безбедноста во сообраќајот не е случајност – таа е одлука.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСинкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“Премиерот на Литванија за Би-Би-Си изјави дека дека неговата земја направила планови за евакуација поради заканите од Русија, но додаде дека „нема да се предадат“ доколку бидат нападнати.Премиерот Миндаугас Синкевичиус изјави дека литванците се чувствуваат „постојано загрозени“ од Русија, делумно поради беспилотните летала што влегуваат во воздушниот простор на земјата. Рече дека доколку неговата земја биде нападната, „ќе возвратат. Постојат планови за „различни сценарија“ пример за „непречено“ извлекување на постарите граѓани од градовите и избегнување на сообраќајни метежи. Литванија која е членка на НАТО, дели копнена граница со руската енклава калининград. Ова се случува само една недела откако пилотите на борбените сили на НАТО соборија дрон што влезе во воздушниот простор на литванија. Москва не го коментираше инцидентот. Авионите на НАТО се искачија неколку пати за да соборат залутани украински дронови што годинава влегоа во балтичките земји, Естонија и Латвија.Тагови: Миндаугас Синкевичиус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter