АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
1АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
МакедонијаАдвокатската комора свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатураАдвокатската комора на Република Македонија денес свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура.Адвокатската комора на Република Македонија денес свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура, датум што го симболизира институционалното основање на организираната адвокатура во Македонија и нејзината повеќедецениска улога во заштитата на правата и слободите на граѓаните и јакнењето на владеењето на правото. На свеченоста, која се одржа во просториите на Комората, присуствуваа претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Африм Фидани, Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески, народниот правобранител Фатон Сељами, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Сашо Георгиевски, раководителот на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов, претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска, како и претседатели и претставници на судовите, претставници на државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации, професионалните комори и органите на Адвокатската комора. Настанот го отвори извршната директорка на Адвокатската комора, Билјана Тошева, која им посака добредојде на присутните и го покани претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, адвокат Лазо Ѓорѓиевски, да им се обрати на присутните. Во своето обраќање, претседателот Ѓорѓиевски потсети дека токму на 16 јуни 1945 година, по предлог на тогашниот министер за правда д-р Павел Шатев, бил поставен институционалниот темел на македонската адвокатура. „Денешното одбележување не е само свеченост. Ова е ден на почит кон една професија која веќе 81 година стои исправено во одбрана на правото, слободата и достоинството на човекот“, истакна Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека адвокатурата отсекогаш била многу повеќе од професија. „Адвокатурата е глас на граѓанинот пред институциите. Гарант на правото на одбрана. Коректив кога системот ќе потфрли. И еден од најважните столбови на владеењето на правото. Адвокатот не е само застапник пред суд. Тој е чувар на правната сигурност и еден од последните бедеми меѓу моќта и граѓанинот“, порача претседателот на Комората. Осврнувајќи се на современите предизвици со кои се соочува правниот систем, претседателот Ѓорѓиевски истакна дека иднината бара модерна, силна и обединета адвокатура, способна да одговори на новите општествени и технолошки промени. „Силата на една држава не се мери само преку институциите што ги има, туку и преку тоа колку е независна, достоинствена и силна нејзината адвокатура“, нагласи тој. Во своето обраќање тој ја претстави и визијата на новото раководство на Комората, истакнувајќи дека целта е изградба на адвокатура која ќе биде независна во своите ставови, достоинствена во постапувањето, современа во функционирањето и блиска до граѓаните. „Нашата цел е адвокатура која ќе ги штити интересите на адвокатите, но истовремено ќе биде активен партнер во градењето на правна држава заснована на владеење на правото, а не на привилегии“, рече Ѓорѓиевски. Тој истакна дека присуството на претставниците на највисоките државни институции, судската и обвинителската власт, академската заедница, дипломатскиот кор и меѓународните организации претставува силна потврда за значењето што адвокатурата го има во демократското општество и во функционирањето на правната држава. Со одбележувањето на Денот на македонската адвокатура, Адвокатската комора уште еднаш ја потврди својата определба за зачувување на независноста на адвокатурата, унапредување на професионалните стандарди и градење современа, силна и независна адвокатура како еден од темелите на демократското општество и владеењето на правото. АДВОКАТСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАТагови: Адвокатска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработенитеПлатата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок. Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход, се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметна потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 06.11., со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата. Работењето на АД ЕСМ, кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот Буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година. Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања - да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените. Во контекст на платите и надоместоците за вработените, би сакале да потсетиме дека е почнат процесот за зголемување на платите во АД ЕСМ согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Исто така, на почетокот на јули е исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во 100% вредност, а последните две години вработените ја добиваат декемвриската плата пред почетокот на Новогодишните празници. АД ЕСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28