Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана
1Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана
МакедонијаАдвокатот Туфегџиќ бара таткото на Вања да оди во куќен притворОбжалена е одлуката за продолжениот притвор на Александар Ѓорчевски, татко на Вања и осомничен во случајот за нејзиното убиство.Неговиот адвокат Владимир Туфекџиќ за Канал 5 вели дека се бара мерка куќен притвор, иако според него не е оправдана ниту една мерка кон Ѓорчевски. Адвокатот е свесен дека постапката за укинување на притворот може да потрае, но посочи дека целта на барањето е да се одржи кохезија на семејството кое е погодено од трагедијата. Туфекџиќ дополни дека испратиле ургенција до обвинителството за да го повикаат Ѓорчевски да даде исказ, бидејќи тоа го направил единствено уште додека предметот беше во предистрага... Таму, најавува, адвокатот, таткото на Вања ќе ги објасни и снимките што ги објави контроверзниот српски политичар Срѓан Ного... -Лицето има дадено исказ во прелиминарна фаза на предистрага кога му бил определен краткотраен притвор, за да биде повикано во фаза на истрага да даде целосен исказ со кој ќе појасни што видел, слушнал и со кои лица преземал дејствија со цел пронаоѓање на неговата ќерка во периодот од 27 ноември до денот на неговото лишување од слобода, воедно како, со кого и на кој начин ги обезбедувал и предавал видео записите на полициските службеници, како и за многу други прашања битни за целосно расчистување на овој настан. – Вели адвокатот Туфекџиќ Во видеото Ного, чија автентичност ја потврдува Туфекџиќ, беше објавена снимка на која се слуша како Ѓорчевски, кој по исчезнувањето на Вања, од 27ми ноември до пронаоѓање на нејзиното тело на 3ти декември, водел своја истрага, прибирајќи снимки од камерите на околните објекти, наводно на инспекторите во полиција им го објаснува движењето на цитроенот и конгуто што биле искористени за киднапирањето.. -Еве тука проаѓа со истите две коли, со истите кои што го фаќаме карши Лукоил, значи таа е колата, сега треба... еве, еве ги поминаа, еве го последен е застанат од страна, се враќа во рикверц, он подзастануваше претходно на Лукоил, и сега се престројува во... може и право да оди, овде се престројува позади, ова Берлинго ли е, што е, не знам и продолжува, ова е од кај Папилон, од карши... карши Буњаковец - говори Александар Ѓорчевски Како снимките, завршиле кај српскиот политичар Ного, засега нема одговор од надлежните институции. Одговор на ова прашање од обвинителството најави дека ќе побара и адвокатот на Ѓорчевски, а од таму единствено повторуваат дека истрагата не е загрозена... Во случајот за убиствата на Вања и Панче Жежовски осомничени се шест лица. Првиоосмничениот Љупчо Палевски, за кој според информациите се смета дека пукал во Вања, од притвор е преместен во 40 -дневен екстрадициски затвор во Турција, кој му истекува на почетокот на Февруари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
АвтомобилизамБМВ подготвува одговор на Г- Класата на Мерцедес (ФОТО)Mercedes G-Class практично нема директен германски конкурент со децении, но тоа би можело да се промени во следните неколку години.Откако се појавија информации дека Audi размислува за развој на робустен SUV кој ќе се натпреварува со G-Class, BMW наводно има слични планови. Иако засега нема официјална потврда од Минхен, во последните месеци се почесто се споменува дека BMW размислува за развој на луксузен SUV кој би можел да се натпреварува со G-Class, но и со Land Rover Defender и идниот модел на Audi. View this post on Instagram A post shared by CAR DESIGN | RENDERINGS (@kelsonik) Добро познатиот дигитален дизајнер Келсоник, чии рендери често се појавуваат во специјализирани медиуми, се обиде да покаже како би можел да изгледа таков автомобил. Рендерите прикажуваат модерен, но сепак многу робустен BMW со исправен став, проширени браници, големи гуми за сите терени и резервно тркало на задната врата. Предниот дел е украсен со помали „бубрези“ на BMW и тенки LED светла, додека целиот автомобил изгледа поелегантно од Mercedes G-Class, но доволно сериозно за возење надвор од патот. Неговиот дизајн е поблизок до новиот Lexus GX отколку до класичен, целосно коцкест SUV. Според авторот на рендерот, големите предни отвори за вентилација би можеле да послужат за ладење на двоен турбо V8 моторот на BMW, кој би се вклопил совршено во таков автомобил. Секако, електричниот погон не е исклучен како опција. View this post on Instagram A post shared by CAR DESIGN | RENDERINGS (@kelsonik) Според досегашните информации, евентуалниот SUV на БМВ би можел да пристигне околу 2029 година, доколку проектот добие конечно одобрение. Во меѓувреме, наводно, Audi работи и на сопствена интерпретација на луксузен SUV, што значи дека G-класата конечно би можела да добие двајца сериозни германски конкуренти по многу години.Тагови: бмв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширанаПо повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар, анализите покажвуаат дека конечно водата може да се користи како техничка вода – ќе може да се користи за капење и сите останати домаќински потреби.По повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар, анализите покажвуаат дека конечно водата може да се користи како техничка вода – ќе може да се користи за капење и сите останати домаќински потреби, но не и за пиење, ниту пак за подготвување на храна. Ова на прес конференција го кажа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој посочи дека ќе се продолжи со обезбедување на флаширана вода за пиење. „Во координација сме со Општината во делот на сето она кое треба да се преземе понатаму. Сакам лично да изразам благодарност, прво на гостиварчани за нивното разбирање, потоа и на сите експерти кои помогнаа да дојдеме до оваа фаза, техничка вода. Се надевам до сите одговорни во рамки на опшините, се надевам дека ова ќе биде за памет и дека ќе постапуваат максимално професионално и во делот на квалитетот на водата, затоа што играње со здравјето на граѓаните нема“, рече Тошковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкраинците ги нападнаа руските градови Ростов и Белгород- има загинати (ВИДЕО)Украински беспилотни летала го нападнаа рускиот пограничен регион Белгород и градовите во јужна Русија во текот на ноќта, објавија локалните власти и каналите што ги следат воените настани.Оперативниот штаб на регионот Белгород објави на Телеграм дека 12 лица се повредени во Белгород. Во нападот беа запалени станбена зграда и 15 паркирани автомобили. „Покрај тоа, една куќа беше делумно уништена, а неколку станбени згради беа оштетени“, објави штабот. Регионот Белгород се наоѓа по должината на границата со Украина, а градот Белгород е оддалечен само околу 27 километри од североисточниот дел на Украина. Belgorod now 🔥👀 pic.twitter.com/0i3uQCUOe9 — MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 26, 2026 Експлозии и во градот на брегот на Азовското Море Подоцна во текот на ноќта, експлозии одекнаа и во јужниот руски град Ростов на Дон, објави Телеграм каналот Егзиленова Плус. Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скрјабин, го потврди украинскиот напад и рече дека една станбена зграда е оштетена. Гувернерот на регионот Ростов, Јуриј Сљусар, рече дека две лица се убиени во градот, додека уште пет се повредени. Тој додаде дека во нападите биле запалени магацини и неколку куќи. Belgorod 🎉🎉🎉🎉 pic.twitter.com/i2Qda0tFGt — MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 26, 2026 „Две лица, брачна двојка, беа убиени во Ростов на Дон. Пет лица беа повредени, од кои двајца во тешка состојба, вклучувајќи и тинејџер. Прозорци беа скршени во неколку куќи, како и на горните катови од станбена зграда и социјален објект“, рече Шљусар. Експлозии беа пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море, според каналот на Телеграм Супернова Плус.Тагови: Ростов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20