Адеми: Верувам дека до февруари голем дел од дивоградбите во Охрид ќе бидат расчистени

 На прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид. 

Најголем дел од 409 градби не се сите цврста градба, во смисла куќи, хотели, туку дел се гаражи, огради, дел се дополнителни скали, вели министерот без ресор Едмонд Адеми во интервју на Радио Слободна Европа.

Прашан колку дивоградби ќе бидат отстранети во дадениот рок од УНЕСКО, Адеми вели дека тоа не е задача на Владата, туки задача на општината и зависи од нејзините капацитети и можности.

– Се надевам и верувам дека до февруари голем дел, ако не се, барем голем дел од нив да бидат расчистени. Kако што изјави и премиерот, доколку општината нема капацитети и можности тоа да го реши, доколку се обрати до Владата, таа ќе излезе во пресрет, изјави Адеми.

За тврдењата од невладините организации дека во Баку не бил презентиран ист закон со тој што е доставен во Собранието, Адеми категорично вели не, и посочува дека тоа е процес.

– Во јануари е пратена верзија на законот. Знаете, легислативата и законот е процес. Во април е пратена втората верзија во Баку, онаа што е усвоена на седница на Влада. Ако ги читате заклучоците од Баку, УНЕСКО ја поздравува одлуката на Владата за усвојување на Законот што е сега во Парламент. Значи не е точно дека во УНЕСКО е пратена друга верзија, а во Парламент друга, истакна Адеми.

Според Адеми, кој ја предводеше македонската делегација во Баку на 43. сесија на комитетот за светско и културно наследство, препораките и забелешките од УНЕСКО за Охрид не се од вчера, туку од 2009, 2010 и 2013 година.

– Голем дел од вината зошто Охрид и Охридскиот регион се најде во ваква состојба е благодарение на претходната влада. Голем дел од тие дивоградби со законот за легализација кога е донесен 2009 се во времето тогаш. Сега ситуацијата е таква какава што е, проблемот е во наши раце и оваа влада ќе испорача резтати, изјави Адеми.

Дел од препораките, посочува Адеми, се веќе исполнети и очекува и останатите обврски да бидат исполенти бидејќи владата има јасна агенда и рокови за институциите.

– Во декември да го усвоиме планот за менаџмент. Во меѓувреме Законот кој е во Собрание предвидува мораториум од шест месеци, за после тоа со планот да се зонира целосно охридскиот регион. Ќе има прва, втора и трета зона и ќе се знае точно дека во прва зона не може да се гради. Тоа е концептот да се зонира градот за да се знае точно каде може и каде не смее да се гради, а таму каде смее до каде може да се оди. Сето тоа со менаџмент планот до декември ќе може да се менаџира охридскиот регион како целина, изјави Адеми.

Прашан зошто не побарале помош од УНЕСКО, Адеми вели дека во Баку во рамки на разговорите кои ги имал со експертските организации ИКОМОС и УСЦН била договорена експертска поддршка.

– Ги слушам тезите дека ќе сме добиеле и пари за колекторот. Еден колектор чини меѓу 20 и 30 милиони евра. Изградбата на нов колектор во Охрид, тие пари УНЕСКО ги нема да ви ги даде. Затоа владата, знаете со нова одлука, формира ново претпријатие, кое колекторскиот систем го презема под своја капа, што до вчера беше под капата на општините, и во рамки на Буџетот оваа година планираме околу 4,5 милиони евра да вбризгаме во репарација и реновирање на пумпите, нови пумпи за колекторот, а од догодина целосно, заедно со Европската банка за развој, со Европската унија и со други институции, да можеме да ја финансираме целосно изградбата на новиот колекторски систем, вели Адеми.

Во однос на реакциите од невладините организации дека во Баку не била презентирана вистинската состојба со дивоградбите, Адеми посочува дека од мај 2019 Охрид има нов градоначалник и тој во рок од еден месец, согласно документацијата што ја има во општината изработил регистер на дивоградби.

– Тој тоа го презентираше многу отворено, со бројки, колку се во вкупниот број, колку се во заштитениот појас, таму се 409. Кажа дека голем дел од тие 409 градби не се сите цврста градба, во смисла куќи, хотели, туку дел се гаражи, огради, дел се дополнителни скали. Како што кажа, ако може да го цитирам, на прстите од двете раце може да се избројат градби од типот на куќи и на угостителски објекти или хотели коишто се изградени во тој појас. Јас целосно му верувам на градоначалникот дека тие бројки што ги презентираше, бидејќи тој регистар не го правеше владата, не го правев јас, туку го правеше општината и градоначалникот, дека таа е таа бројка, вели Адеми./МИА

Фото: Сексипилната сопруга на поранешниот втор пик на НБА драфт, контроверзниот Миличиќ

Најдобро рангираниот кошаркар од овие простори на некој НБА драфт, српскиот центар Дарко Миличиќ пред скоро две децении беше избран од Детроит од втората позиција.

Иако сите очекуваа тој да направи завидна кариера во најсилната лига сепак тоа не се случи. Контроверзниот Дарко наместо по игрите во дресот на Детроит на кошаркарскиот терен беше запаметен по неговите екцеси и испади.

Поранешниот центар на Детроит сега живее мирен живот на огромниот имот во близина на Нови Сад во Србија и многу често се појавува во балканските медиуми каде раскажува за своите инциденти. За како што тој самиот вели „глупостите што ги правел и за трошењето пари на скапи автомобили“.

„Лудиот “ Дарко дури влезе во во рингот за да се проба и во боксот???.

Но на јавноста и е интересна и сопругата на Дарко, атрактивната Зорана Миличиќ.

Сопругата на Дарко Миличиќ, кој неодамна во големо интервју зборуваше за „глупостите што ги правел“ и трошењето пари на скапи автомобили „за да биде забележан“, објави серија предизвикувачки фотографии на Инстаграм.

Зорана која на Дарко му роди два сина и една ќерка, е вистинска спортистка и многу активно се занимава со фитнес и екстремни спортови, поради што има истакнати стомачни мускули и тело на кое би позавиделе двојно помладите девојки.

На Инстаграм ја следат повеќе од 100 000 следбеници кои се воодушевени од нејзиниот изглед и од нејзиното совршено тело.

Дарко заработи милиони настапувајќи за НБА екипите на Детроит, Минесота и Бостон иако не ги достигна височините кои од него се очекуваа, кои сега му обезбедија мирен и луксузен живот заедно со една од најубавите и најатрактивни соприуги на некој спортист од Балканот, велат воодушевените следбеници на Зорана.

Скопје одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение

Сите случајни минувачи со воодушевување и се приклучуваа на поворката.

Голем број деца, заедно со своите родители ја започнаа својата музичка обиколка од Плоштад „Македонија“, продолжувајќи кон Градскиот Трговски Центар па се до Diamond Mall. Со пеење, свирење на традиционални инструменти и весели гранчиња во рацете, ги ослободија срцата на секој случаен минувач.

Ова музичко патување, воедно и вистинско празнично изкуство, не само што означи почетокот на Воскресението Христово, туку ги исполни сите со радост и веселие, истакнувајќи го духот на православните празници.

Пеењето на најрадосните каланди, што се одржа во Скопје, Кичево и Реканскиот крај, во најсоодветен дух го најави најголемиот православен празник - Воскресението Христово.

Видео: Новак Ѓоковиќ ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Најдобриот и најтрофејниот светски тенисер во историјата, мегапопуларниот  Новак Ѓоковиќ, неодамна по петти пат во кариерата ја освои престижната награда Лауреус наменета за најдобриот светски спортист.

По тој повод Новак доби интересно прашање.

Имено, на изјавата дека „многу се зборува за тоа дека тој ќе биде новиот Џејмс Бонд“, односно по конкретното прашање „Дали си ти следниот Џејмс Бонд?“, славниот Ноле изјави:

- Дали сум јас? Зарем не е очигледно? Не знам зошто им требаше толку време, но ако ова е официјална понуда - подготвен сум! Го сакам мојот лик на Новак Ѓоковиќ, мислам дека уживам во него, се забавуваме, но веројатно би го оставил Новак за Џејмс Бонд. Мислам дека е време да ја подигнам мојата актерска кариера на повисоко ниво – изјавил Ноле со насмевка на лицето.

https://www.instagram.com/reel/C6LUlS5NUCp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

притисни ентер