Адел планира сепак да им се врати на концертите- од еден настап ќе заработи 6 милиони евра - Канал 5

Адел планира сепак да им се врати на концертите- од еден настап ќе заработи 6 милиони евра

Откако неодамна откри дека ќе паузира од својата музичка кариера, Адел моментално е во преговори за концерти за 2025 година, пренесува The Mirror.

Адел планира сепак да им се врати на концертите- од еден настап ќе заработи 6 милиони евра

Според нив, тие ѝ понудиле огромна сума на пари за неколку настапи на стадионот на Тотенхем Хотспур, кој може да прими околу 60 илјади луѓе.

Иако неодамна изјавила дека планира да оди на долг одмор, наводно решила да го одложи и да продолжи со низата одлични настапи. Извор близок до пејачката за Mirror изјавил дека доколку Адел се согласи да одржува концерти, би можела да заработи и до пет милиони фунти по настап (околу шест милиони евра).

„Има понуда Адел конечно да настапи на стадионот на Спарс, кој е нејзин сон со години. Таа го сака тој фудбалски клуб и се труди да не пропушти ниту еден натпревар на телевизија“, открил и изворот.

За потсетување, Адел моментално ги завршува настапите во Лас Вегас, а на своите фанови им порача дека нема да ја продолжи турнејата. „Воопшто немам никакви планови за нова музика“, рече таа во интервју за германски ЗДФ. "Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?" додаде пејачката.

Инаку, Адел го започна своето шоу Викенд со Адел во Вегас, поточно во Цезар Палас, во ноември 2022 година, а последниот настап е закажан за 23 ноември 2024 година. Исто така, во август оваа година одржа 10 концерти во Минхен , во специјално прилагодени арени со капацитет од 80.000 луѓе на вечер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: 3% не е доволно зголемување - пензионерите немаат за да го преживеат месецот

Зголемувањето на пензиите од околу 3% не е доволно зголемување за пензионерите да го преживеат месецот и да имаат достоинствен живот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по средбата со пензионери во скопската општина Карпош.

Филипче: 3% не е доволно зголемување - пензионерите немаат за да го преживеат месецот

Филипче посочи дека во услови на огромен раст на цените и сите трошоци за живот, пензионерите се соочуваат со сериозен удар врз нивниот стандард, а власта не носи никакви мерки за да им помогне.

„Пензионерите никако не може да го почувствуваат зголемувањето, имајќи предвид дека зголемување од под 3%, не е доволно да се преживее месецот на толкав голем раст на сите цени, на толкав голем раст на горивата. На ваков удар на стандардот кој што се случува изминатите месеци, на пензионерите навистина има потребна поголема поддршка“, рече Филипче.

Тој посочи дека загриженоста кај пензионерите не се однесува само на пензиите, туку и на севкупните состојби во државата и политиките на власта кои директно влијаат врз животниот стандард.

„Меѓутоа и како наша најстара категорија на граѓани, тие се загрижени и за многу други работи, загрижени се за севкупните случувања во земјата, загрижени се за тоа што е загрозен европски пат, загрижени се за тоа што земјава е презадолжена, загрижени се за сите други лоши политики во однос на стандардот, економијата, финансiите, свесни се дека и нивните деца, навистина, лошо и тешко живеат, загрижени се затоа што огромен број од нив бараат излез и спас надвор од државата“, рече Филипче.

YouTube video

Скопје, 29.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Концерт за незаборав: „Вечното ехо на Бадев“ ги оживува безвременските македонски мелоди

Музичко патување исполнето со емоции, традиција и длабока почит кон македонскиот музички идентитет ја очекува публиката на претстојниот концерт со наслов „Вечното ехо на Бадев“.

Концерт за незаборав: „Вечното ехо на Бадев“ ги оживува безвременските македонски мелоди

Овој посебен музички настап е посветен на ликот и делото на еден од најголемите бардови на македонската народна песна-Никола Бадев. Неговите песни, кои децении го пренесуваат духот на македонскиот народ, оваа вечер ќе заживеат преку современи и автентични интерпретации, потсетувајќи не зашто неговиот глас останува вечно врежан во нашата културна меморија.

На сцената ќе настапат хорот и солистите на ансамбл „Танец“ и врвни домашни музички и вокални изведувач, придружувани од оркестарот на ансамбл „Танец“, ќе ги изведат најпознатите бисери од неговиот богат опус.

Датум: 16.10.2026 година

Локација: Македонски народен театар

Време: 19:30 часот

Влезници: kupikarta.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Единствената земја-членка на ЕУ со нуклеарно оружје изведе симулација на нуклеарен напад

Француските воздухопловни и вселенски сили изведоа симулација на нуклеарен напад како дел од воената вежба „Покер“.

Единствената земја-членка на ЕУ со нуклеарно оружје изведе симулација на нуклеарен напад

Операцијата започна од воздухопловните бази Сен-Дизје и Таверни, кои играат клучна улога во француските нуклеарни сили. Сен-Дизје ја поддржува воздушната компонента на нуклеарното одвраќање, додека во Таверни се сместени командните и оперативните центри на стратешките сили.

Во вежбата учествуваа борбени авиони „Рафал“.

„Користиме вистинска опрема и следиме реални процедури во многу сложени услови, со околу 50 летала во воздух. Единственото ограничување е тоа што не летаме со вистински нуклеарни боеви глави под крилјата“, изјавија припадници на француската војска.

Наместо вистински нуклеарни ракети „ASMP-A“, авионите „Рафал“ носеа инертни макети што одговараа на тежината и димензиите на вистинското оружје. Овие макети можат безбедно да се отфрлат доколку е потребно. Ракетата има максимален дострел од приближно 500 километри и носи нуклеарна боева глава „TNA“ со јачина од 300 килотони.

Сценарио и цели на вежбата

Во симулацијата учествуваа два тима: тимот „Црвени“ го претставуваше непријателот, додека тимот „Сини“ дејствуваше против нив. „Целта е да се осигураме дека ќе останеме способни да извршиме таква мисија во иднина, дури и додека технологијата се развива со сè поголема брзина“, објаснија претставници на француската војска.

Екипажите имаа задача да ја пробијат непријателската одбрана и да ги испорачаат ракетите на прецизни локации во одреден временски рок. За време на ноќниот лет, кој траеше меѓу шест и осум часа, секој екипаж на „Рафал“ неколку пати се полнеше со гориво од еден од 15-те авиони-цистерни. Притоа, пилотот на борбениот авион мора да маневрира при многу големи брзини и на мали височини.

„Целта е одвраќање“

„Целта на нашата мисија е да се спречи војна, а со тоа и употреба на нуклеарно оружје. ’Покер’ е демонстрација на сила, осмислена токму за да се осигура дека тоа нема да се случи“, објасни командантот Жан-Батист, кој ја стекна потребната квалификација преку учеството во вежбата. Тој додаде дека секој пилот мора да учествува во најмалку една таква операција секоја година.

Франција располага со три воздухопловни бази со нуклеарна намена: Сен-Дизје, Истр и Авор. Исто така, планира наскоро повторно да ја активира базата Ликсеј за идните авиони „Рафал Ф5“. Наредбите до базите пристигнуваат од далечина – поточно, од бункер во базата Таверни, која се наоѓа на околу 200 километри од Сен-Дизје. Во тој бункер е сместен команден центар каде што постојано се стационирани околу четириесет припадници на воениот персонал. Франција моментално е единствената држава со нуклеарно оружје во Европската Унија, а во неколку наврати се разговараше за можноста нејзината нуклеарна заштита да се прошири на целиот блок. Франција воспостави систем на „проширена“ нуклеарна одвраќачка моќ, кон кој веќе се приклучија голем број држави.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер