БалканАбазовиќ: Ако се формира новата црногорска Влада, со задоволство ќе бидам во опозиција Црногорскиот премиер во заминување, Дритан Абазовиќ, денеска најави дека доколку се формира нова влада, партијата што ја предводи ќе биде во опозиција.-Доколку се формира нова влада, секако дека ќе бидам во опозиција. Одам таму со големо задоволство бидејќи луѓето треба да направат нешто што реално што јас не би сакал да го направам, рече Абазовиќ, лидер на движењето УРА, пренесе РТЦГ. Абазовиќ додаде дека му е многу драго што неговото движење не е дел од „расправијата што се појави“. -Нека формираат влада, но кога ќе заврши медениот месец, нека нема изненадувања. Кога ќе заврши медениот месец, што би рекле младите, ќе се земат пуканки и тогаш ќе почне приказната, рече Абазовиќ, одговарајќи на прашања од новинарите во Подгорица. Тој посочи дека Црна Гора нема да има поинклузивна влада од неговата, додавајќи дека сега сите се застапени во неговата влада. -Им посакувам се најдобро, само се чека тортата да не запавлачи“, изјави Абазовиќ. Тој изјави дека нема да ја извршува функцијата пратеник се додека не се избере новата извршна власт, како и дека не може да поднесе оставка од премиерската функција бидејќи, како што рече, нема кој да го замени. -Законот не предвидува вакво нешто и затоа што побрзо да се избере новата влада. Тоа е тоа. Некој треба да управува со државата, рече Абазовиќ. Движењето „Европа сега“ предводено од Милојко Спајиќ синоќа одржа состанок, по кој беше соопштено дека постои апсолутна согласност меѓу членовите на партијата околу формирањето на 44-та влада. Спајиќ ги информираше колегите пратеници од партијата како ќе изгледа новата Влада на Црна Гора, кој ќе ја сочинува и кои ќе бидат нејзините главни приоритети. На средбата не беа поканети претставниците на ЦИВИС и Обединета Црна Гора, кои одделно преговараат со мандатарот. Како што информира РТЦГ, во сегашната ситуација, дел од новата влада би можеле да бидат ПЕС, Демократска Црна Гора, партиите на малцинствата и СНП на Црна Гора./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобилиРуските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко. Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви. Several videos now circulating on Ukrainian telegram channels showing the Russian drone strike shortly ago on Kyiv’s North Bridge, confirmed by Mayor Klitschko. pic.twitter.com/E27CNMP5u1 — Christopher Miller (@ChristopherJM) October 4, 2026 Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.Тагови: Киев мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаOJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрагаПри претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана. Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство. Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка. Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.Тагови: OJO Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп ја менува „играта“: „Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун“Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека се сложува „многу добро“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Трамп ја нагласи важноста на одржувањето добри односи со лидерите на земјите што поседуваат нуклеарно оружје. Трамп ги даде овие забелешки на предизборен митинг во Охајо пред изборите за Конгресот, зборувајќи за својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг и бранејќи ги своите врски со лидерите на големите сили. „Не е ли одлично да се сложувам со лидерите на големите земји, големите нуклеарни сили? Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун од Северна Кореја“, рече Трамп. Тој додаде дека е добро да се има договор со некој што има „112 нуклеарни ракети“. Тој се сретнал со севернокорејскиот лидер три пати Трамп потврди во август дека се надева дека ќе се сретне со Ким подоцна оваа година, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека можеби ќе се обиде да ја обнови нивната лична дипломатија, што досега резултираше со три билатерални средби: првата во Сингапур во јуни 2018 година, втората во Ханој во февруари 2019 година и најновата во селото Панмунџом на меѓукорејската граница во јуни 2019 година. Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, во петокот изјави дека Трамп не ги смета разговорите со Северна Кореја за „отстапка“ и е подготвен да разговара со Пјонгјанг ако тоа е во интерес на САД. Најновите изјави на Трамп доаѓаат во време кога Северна Кореја продолжува да ги отфрла повиците за денуклеаризација и инсистира дека нејзиниот статус како нуклеарна држава е „неповратен“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook