Околу 800 португалски ученици направие огромна штета за време на престојот во хотелот „Пуебло камино реал“ во близина на Малага - соопшти шпанската полиција.
Тепачките и демолирањето на собите предизвикале полицијата во неколку наврати д аинтервенира.
Учениците на возраст од 14 до 17 години направиле штета која се мери во неколку десетици илјади евра.
Од хотелот потврдиле бројни инциденти, и пријавиле штета од 50 000 евра - јавува
elpais.com
Штетата ја увиделе дури откако децата си заминале!
Меѓу другото, тие фрлале душеци од прозорите, ги кинеле пешкирите, ги празнеле противпожарните апарати, а во една соба телевизорот бил фрлен во кадата!
Учениците биле во хотелот организирано, да го прослават крајот на учебната година.