70- годишен милијардер ја замени 20 – годишната девојка со нова, поатрактивна (ФОТО)

Поранешниот шеф на Рено во Формула 1, Флавио Бријаторе, кој има милиони на својата банкарска сметка, повторно е во врска со млада убавица.

Овој 70-годишник се чини дека сериозно ја сфатил изреката „помладо е послатко“, па во последно време тој е заинтересиран само за дами во нивните 20-ти години.

Откако раскина со 20-годишната студентка по право, Бенадета Боси, тој повторно ја пронајде љубовта со Марија Лудовика Кампана, која има 24 години, пренесува италијанскиот Vanity Fair.

Марија ја завршила школата за моден дизајн „Иституто Марангони“ во Милано и го основа својот бренд за костими за капење. На својот Инстаграм, каде ја следат 35.000 луѓе, таа редовно објавува свои секси фотографии во костуми за капење.

Бриаторе и Кампана се запознале за време на вечера во одморалиштето Порто Черво во северна Сардинија и, наводно, веднаш се вљубиле. Подоцна биле видени како уживаат на неговата луксузна јахта.

Пред Марија и Бенадета, Бријаторе беше во врска и со познати модели како Наоми Кембел и Хајди Клум, со која ја има и 15-годишната ќерка, Лени.

Тој бил девет години во брак со Елизабета Грегораци, 30 години помлада, а тие се разведоа во 2018 година и сега заедно се грижат за нивниот син Фалко.

(20.25 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 30% : Силјановска 109692 , Пендаровски 48553 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Криминалистичката полиција во Дрезден спроведе истрага против четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години поради сомнение дека злоставувале 13-годишно глуво девојче.

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

притисни ентер