Автомобилизам6 часа Imola Peugeot 9x8 се враќа во Emilia-RomagnaЕдна година од тркачкото деби, PEUGEOT 9X8 “Evolution” се враќа на Imola во вториот круг од FIA светскиот шампионат на долги патеки (WEC) По завршувањето на 1812 km Qatar, тимот Peugeot TotalEnergies комплетираше серии на „тест сесии“ во Losail, Imola, Барселона, Le Castellet и Spa-Francorchamps Покрај бројните тест сесии, возачите на тимот Peugeot TotalEnergies го задржаа остриот тркачки ритам на 12 часа Sebring и Miami E-Prix Пред една година тимот Peugeot TotalEnergies го претстави PEUGEOT 9X8, чија аеродинамика и каросерија беа 90% обновени од техничкиот тим на Peugeot Sport. Под тешки временски услови, автомобилот бр. 93 заврши деветти, додека болидот бр. 94 беше погоден на стартот. Од своето деби во април 2024 година, тимот со PEUGEOT 9X8 освои поени на шест од осумте трки на кои учествуваше, вклучувајќи ја и последната во Катар. „На 1812 km Катар, бевме во чекор со некои од нашите конкуренти и завршивме на првото место во втората група“, рече Jean-Marc Finot, Потпретседател на Stellantis Motorsport. „Нашата задача сега е да се искачи напред во водечката група. Стратешки и оперативно, тимот многу добро се справува за време на трките од крајот на сезоната 2024. Ако продолжиме вака, можеме да се бориме за победнички резултати“. 51 ден го делат завршетокот на првата трка во Катар од почетокот на 6 часа Imola, втората трка на 2025 FIA WEC. Автодромот Enzo e Dino Ferrari во Imola (4.909 km) има уникатен изглед. Прототипите на Hypercar поминуваат половина од своето време со полн гас, достигнувајќи 300 km/h на главната права пред да сопираат во Variante Tamburello. Справувањето со метежот на возила е главен фактор на Imola, со 36 автомобили (вклучително 18 хиперавтомобили) кои ја делат тесната патека. Покрај тоа пролетното време во Еmilia-Romagna може да биде многу непредвидливо, што ја комлицира стратегијата за пневматиците. Возачите, инженерите, техничарите, всушност сите во тимот Peugeot TotalEnergies ќе мора да останат исклучителни фокусирани и „будни“ овој викенд. “Претходната година не го знаевме доволно добро овој нов PEUGEOT 9X8 во тркачки услови, ниту самата патека која само што е додадена на FIA WEC,” објасни Olivier Jansonnie, технички директор во Peugeot Sport. “Всушност сезоната 2024 ја поминавме учејќи ја патеката со овој автомобил и одредувањето на пакетот на пневматици. На Imola, ќе биде прв пат да се вратиме на патеката под исти услови како и претходната година, па затоа ќе биде оличен репер за мерење на напредокот.” Од 1812 km Катар на крајот на февруари, тимот Peugeot TotalEnergies и возачите вложија многу напор. “Се тркавме на Losail по првиот круг од сезоната, потоа на Imola во март. За жал ужасното време ја прекина сесијата за „учење“ на автомобилот, која за завршивме на патеката во Брселона.” Tимот продолжи со тест на долги патеки на Le Castellet и трка на Spa-Francorchamps. Последното помина многу добро, со суво и изненадувачки благо време за сезоната. Двата возачи брзо најдоа свое темпо, овозможувајќи на тимот да постигне солиден напредок во поставките на шасијата и изборот на пневматиците за престојната трка. Во меѓувреме возачите го одржуваа својот натпреварувачки дух. Malthe, Mikkel, и Paul се натпреваруваа во LMP2 прототипови на 12 часа Sebring, а Jean-Eric Vergne и Stoffel Vandoorne учествуваа на формула E на патеката во Мајами пред да се одржи Imola. Слободниот трениг и квалификациите за 2025 6 часа Imola ќе се одржат во петок 18 април и сабота 19 април. Стартот на вториот круг на 2025 FIA светскиот шампионат на долги патеки ќе биде во недела 20 април во 13:00 часот (локално време). Paul di Resta (PEUGEOT 9X8 #93): Паузата помеѓу Катар и Imola се чинеше малку долга, но возевме неколку тест сесии и, во мојот случај, 12 часа Sebring. FIA WEC сега е во Европа со три клучни трки, почнувајќи од 6 часа Imola. Патеката е тесна, и со толку многу болиди на патеката, тоа ја прави трката предизвикувачка и непредвидлива. Временските услови исто така мора да се земат во предвид за изборт на пневматиците.“ Loïc Duval (PEUGEOT 9X8 #94): „Imola е тесна, повлажна патека. Тоа е прилично уникатна средина, сместена во средина на куќите. Тоа е супер техничка патека, со брзи секвенци, прави и слепи свиоци... Навистина уживам во чувството и сензациите при возење овде. Престигнувањето во Imola никогаш не е лесно, треба да бидете трпеливи и да ја чекате вистинската можност.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
ЖивотЈП „Лајка“ со над 75% зголемен обем на заловувања и ветеринарни третмани во 2026 годинаБележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75%.Бележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75% во споредба со истиот период минатата година. Во првите десет месеци од 2026 година, претпријатието има реализирано вкупно 1.285 заловувања, 1.084 ветеринарни третмани и 310 вдомувања. Во споредба со истиот период во 2025 година, тоа претставува зголемување од 52% кај заловувањата, 50% кај ветеринарните третмани и 8% кај вдомувањата. Изразено во бројки, оваа година се заловени 440 повеќе кучиња, третирани се 362 повеќе, а нов дом добиле 23 кучиња повеќе во однос на минатата година. Особено значаен раст е забележан во периодот од април до октомври, кога се реализирани 1.014 заловувања и 852 ветеринарни третмани, наспроти 580 заловувања и 483 третмани во истиот период минатата година. Овие резултати укажуваат на значително зголемен интензитет на теренската работа и поголем опфат на бездомните кучиња на територијата на Град Скопје. Една од поважните промени во работењето на ЈП „Лајка“ е повторното воведување на стратешко заловување по општини, со кое, покрај редовното постапување по пријави од граѓаните, се спроведуваат и однапред планирани теренски активности. Наместо интервенциите да се засноваат исклучиво на поединечни пријави, екипите систематски обработуваат цели подрачја, населба по населба и локација по локација, со цел поголем број бездомни кучиња да бидат опфатени со програмата за хуман третман. Заловените бездомни кучиња поминуваат низ ветеринарен третман кој вклучува стерилизација или кастрација, вакцинација против беснило, тестирање за лајшманиоза, микрочипирање и третман против внатрешни и надворешни паразити, по што понатаму се постапува согласно предвидените процедури. И покрај зголемениот обем на работа, сакаме да посочиме дека долгорочното справување со проблемот на бездомните кучиња не зависи единствено од активностите на претпријатието, туку и од одговорноста на сопствениците на домашни миленици.Затоа упатуваме апел до сите сопственици да ги микрочипираат и регистрираат своите кучиња, согласно законските обврски. Микрочипирањето не е само законска обврска, туку и начин за сигурна идентификација на сопственикот, особено во ситуации кога кучето ќе се изгуби или ќе биде затекнато на јавна површина. Одговорното сопствеништво, спречувањето на неконтролираното размножување и ненапуштањето на милениците се неопходни за долгорочно намалување на бројот на бездомни кучиња. Резултатите од 2026 година покажуваат значителен напредок во обемот на работењето на ЈП „Лајка“, но и ја нагласуваат потребата од континуирана работа, институционална соработка и поголема одговорност на сопствениците, со заедничка цел - похуман и поодржлив пристап кон проблемот со бездомните кучиња во Скопје.Тагови: ЈП Лајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
ФудбалФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари КејнДобитникот на „Златната топка“ капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина. Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO). Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери. Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO). Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат. Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него. Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал. Неочекуван е и изборот на голманот. Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“. FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26. ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија) ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија) СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија) НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).Тагови: ФИФА Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор АндреевскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 200 гр. мелено месо 2 главици кромид 2 чешниња лук 400 мл. доматен сос масло сол, бибер и др. зачини малку свежо нане или магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter