11-годишно момче направи неверојатен подвиг- по голема борба од морето извлече чудовиште од 97 килограми (ВИДЕО)
211-годишно момче направи неверојатен подвиг- по голема борба од морето извлече чудовиште од 97 килограми (ВИДЕО)
Живот55- годишен кумановчанец нема никакви документи55-годишниот Нихад Тузлиќ од Куманово, кој е со тешка ретардираност, не може да биде згрижен во ниту една здравствена институција бидејќи освен извод на родените, нема ниту еден документ.Неговите соседи, кои се загрижени за нивната безбедност, велат дека бил згрижен во клиниката во Демир Хисар, но пред неколку месеци го отпуштиле бидејќи не поседува лични документи. Му дале мала трошна куќичка за да има барем покрив над глава и секојдневно му помагаат со храна и алишта. Но, тие додадоа дека Нихад бидејќи нема пари за лекови, тој станува агресивен и секојдневно шета по градот а никој не знае каде оди. - Искача, вика, фрла со камења, урла, не знам, изјави Сермет Даут, сосед на Нихад. -Да го земат во Демир Хисар, ако може ако има можност, зашто ние не можеме во страв живееме од него, не знаеме кога ќе го фати таа болка, децата не смееме да ги пуштиме надвор, ќе фати ќе го повреди детето, изјави Муса Реџепи, сосед на Нихад. - Девојчето доаѓа касно, деца млади излегуваат секоја вечер. Јас морам да ја чекам секоја вечер. Нормално сите сме родители, сите се плашиме. Нема лекови, не пие, значи нема кој да го чува, изјави Ајрие Даут. Соседите очајно бараат институција да го згрижат Нихад. Велат дека едвај му извадиле извод, но за другите документи не ги исполнувал условите. Неговата сосетка Ајрие кажа дека ќе ги плати сите трошоци, само Нихад да ја добие потребната помош за да живеат без страв. -Јас не знам како не можеме да извадиме држајвнаство, извод извадивме, а државјанство не можеме, мора да се тргне овој од тука, нека си најдат начин државата, изјави Ајрие Даут. Нихад е роден во Куманово и соседите велат дека тука служел војска. За неговиот татко, кој сега е починат знаат дека е роден во Македонија и имал македонски пасош, а неговата мајка, која исто така е почината, била родена во Босна. Бил женет, но откако се разболел, се развел и оттогаш живее сам. Има брат, кој е со слична дијагноза, но тој живее во Германија. Соседите сметаат дека надлежните институции треба да обрнат внимание на вкави случаи кои се опасност за безбедноста на сите граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
КултураРемек дело на Ван Гог е продадено за рекордни 190 милиони долари Слика во масло „Костени во цут“ насликана од Винсент ван Гог непосредно пред неговата смрт во 1890 година вчера беше продадена во аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк за 190,4 милиони долари, што е нов рекорд за холандскиот уметник.Сликата е направена во мал град во близина на Париз. Ван Гог одлучил да ги наслика костените неколку дена откако пристигнал во мај 1890 година во Овер-сур-Оаз, градот кој се наоѓа на еден час од Париз каде што се наоѓаат овие дрвја, според веб-страницата на аукциската куќа. Сотби објави еден ден претходно дека постигнал договор со наследниците на поранешниот еврејски сопственик на делото, кој тврдел дека е продадено порано поради финансиски притисок по нацистичкиот прогон.Тагови: Ван Гог Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПроектил го погоди највисокиот облакодер во Ријад Највисокиот облакодер во Ријад, дом на суверениот фонд за богатство на земјата, денеска беше погоден од ракета за која се сомнева дека е испукана од Хутите, што е најновиот удар во војната на јеменската група против земјата.Во нападот се скршени прозорци на седум до осум ката од кулата PIF и се свиткани делови од нејзината метална фасада. Ова беше втор пат за помалку од две недели напад на Хутите да оштети обележје во финансискиот кварт на Ријад, откако нападот на 8 ноември ја погоди зградата во која е сместен државниот нафтен гигант Aramco. Влезовите во финансискиот кварт беа затворени, а луѓето беа евакуирани. Нема извештаи за жртви. Три извори запознаени со ситуацијата изјавија дека зградата била погодена од ракета на Хутите. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија што се бори против Хутите соопшти дека „се соочила со ракетна закана“ од Хутите кон Ријад, со првични извештаи за урнатини и материјална штета. PIF, што е кратенка за Јавен инвестициски фонд на Саудиска Арабија, потврди дека добила барање за коментар од Ројтерс. Хутите не издадоа соопштение за нападот. Конфликт во Јемен Хутите ги напаѓаат саудиските аеродроми и нафтената инфраструктура откако замрзнатата граѓанска војна во Јемен беше повторно разгорена во јули, поради војната меѓу САД и Иран. На терен во Јемен, групата зазеде големи делови од територијата од владата поддржана од Саудиска Арабија, принудувајќи ја да се повлече во текот на викендот. Жителите на саудискиот главен град беа разбудени од силна експлозија во раните утрински часови во четврток. Новинската агенција Саба, водена од Хутите, објави дека саудиските авиони извршиле воздушни напади врз јеменскиот главен град Сана, кој е под контрола на Хутите, рано во четврток, без да даде дополнителни детали. Војната ќе потрае Конфликтот им зададе голем удар на плановите на престолонаследникот Мохамед бин Салман за развој и диверзификација на економијата на Саудиска Арабија, најголемиот извозник на нафта во светот и сојузник на САД. Принцот се сретна со командантот на Централната команда на САД, адмирал Бред Купер, во Ријад во среда, што е трета јавна посета на Купер на Саудиска Арабија од обновениот конфликт во Јемен. Ројтерс објави во среда дека саудиските власти сега очекуваат воената кампања во Јемен да се продолжи до шест месеци, според двајца западни претставници информирани за плановите на кралството. Трет извор запознаен со плановите на Саудијците ги потврди обвинувањата. Изворите велат дека Саудијците, кои оваа недела го отстранија командантот на нивната коалиција што се бори во Јемен, сакаат да видат напредок од своите сојузници на терен пред да влезат во какви било преговори со Хутите. Но, во меѓувреме, ситуацијата во Јемен се чини дека им оди во прилог на Хутите, кои го зазедоа целиот јеменски брег на Црвеното Море, вклучувајќи го и стратешки важниот теснец Баб ел-Мандеб на неговиот влез, и го опколија градот Таиз во планините над Аден, каде што се наоѓа привременото седиште на владата. Растечки конфликт во Заливот Кога станува збор за пошироката војна на Блискиот Исток, која започна во февруари кога САД и Израел го нападнаа Иран, нема знаци на напредок во разговорите со посредство на Катар. Во исто време, во последните денови има зголемување на непријателствата во Заливот, при што Иран ги таргетира американските сојузници Бахреин и Кувајт, а САД извршија воздушни напади на иранскиот остров Кешм во Ормутскиот теснец во вторник. Саудиска Арабија првпат се вклучи во конфликтот во Јемен во 2015 година на чело на арапска коалиција во обид да ја врати јеменската влада на власт откако Хутите го зазедоа главниот град Сана и поголемиот дел од земјата. Тие водеа крвава војна на исцрпување и во 2022 година се согласија на прекин на огнот што траеше до летото оваа година.Тагови: облакодер ријад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаСтанарите шокирани- во сандачињата наоѓаат писма со пари, не се знае кој е добротворотЖителите на станбена зграда во холандскиот град Шидам, во близина на Ротердам, биле изненадени кога пронашле банкноти од 50 евра во своите поштенски сандачиња, а идентитетот на лицето кое им ги оставило парите сè уште е непознат.Според извештајот на регионалната телевизиска станица Омроеп Тви, околу десет станари пријавиле дека ги пронашле парите во своите поштенски сандачиња, и можно е да имало и други приматели на мистериозните подароци. „Никој не ми должи ништо“ Една жителка рекла дека нејзиниот син, додека го проверувал своето поштенско сандаче, ја пронашол сметката, без никаква порака или објаснување. „Се прашував дали некој ми должи пари, но всушност никој не ми должи ништо“, рекла таа, додавајќи дека нема поим кој би можел да ги оставил парите. Полицијата во моментов нема информации за тоа кој стои зад подарокот, но е потврдено дека пронајдените банкноти се автентични. Пликови полни со пари Сличен случај е забележан во јануари 2024 година во населбата Делфсхавен во Ротердам, кога жена добила неколку пликови со пари од непознат испраќач. Првиот плик содржел 250 евра и порака на благодарност за доброто што го направила, со предлог да ги потроши парите за себе или да ги донира во добротворни цели. Во следните два плика, таа пронашла 600 и 1.000 евра, соодветно, а ниту примателот на подарокот ниту полицијата не можеле да го утврдат идентитетот на мистериозниот добротвор.Тагови: Станари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45