4-4-2: Баџо е најдобриот напаѓач во историјата на Италија

Роберто Баџо е избран за најдобар напаѓачки играч во историјата на Италија од страна на „FourFourTwo“.

Британскиот магазин го рангираше поранешниот фудбалер на Фиорентина, Јувентус, Милан и Интер на врвот на листата од 32 играчи. Во првите 10 се:

1. Роберто Баџо

2. Џузепе Меаца

3. Паоло Роси

4. Силвио Пиола

5. Луиџи Рива

6. Алесандро Дел Пјеро

7. Џампјеро Бониперти

8. Франческо Тоти

9. Гуглиелмо Габето

10. Џанлука Вијали. /МИА

Маск: Не сакам да го преземам ТикТок

Мултимилијардерот Илон Маск,сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека не е заинтересиран да ја купи TikTok,социјалната мрежа која САД се обидуваат да ја забранат поради наводна безбедносна закана од нејзините кинески сопственици.

Изјавата на Маск од крајот на јануари е објавена вчера на веб-страницата на WELT Group, дел од германската медиумска корпорација Axel Springer SE, која беше домаќин на настанот, на кој како гостин беше сопственикот на Tesla, SpaceX и X преку видео врска.

„Не дадов понуда за TikTok“, рече милијардерот една недела откако Трамп предложи дека е отворен Маск да ја преземе апликацијата, во сопственост на кинеската ByteDance.

„Немам планови што ќе правам со TikTok“, рече Маск, додавајќи дека тој лично не ја користи апликацијата и не е запознаен со нејзиниот формат.

„Воопшто не сум желен да го преземам TikTok, обично не преземам компании, тоа е многу ретко“, продолжи Маск, нарекувајќи го своето преземање на поранешниот Твитер необично.

„Генерално градам компании од темел“, додаде тој.

Трамп потпиша извршна наредба со која бара одложување на забраната на популарната апликација, која требаше да биде блокирана во САД на 19 јануари.

На ByteDance му е даден рок во јануари да ги продаде американските средства на TikTok или ќе се соочи со забрана. Американските законодавци се загрижени дека апликацијата претставува закана за националната безбедност бидејќи кинеските власти би можеле да ја принудат да споделува податоци за американските граѓани.

Курти победи на изборите на Косово, но ќе мора да коалицира за да формира влада

Премиерот Албин Курти и неговата левичарска националистичка партија Самоопределување (ВВ) победија на парламентарните избори на Косово, покажуваат излезните анкети и првичните резултати на Централна изборна комисија (ЦИК).

За Самоопределување гласале меѓу 37% и 42% од избирачите, но владејачката партија предводена од Курти најверојатно ќе зависи од коалиционите партнери за да продолжи да владее.

На изборите во 2021 година, Движењето Самоопределување имаше повеќе од 50 проценти од гласовите.

Податоците од четири организации кои спроведоа постизборни истражувања, сугерираат дека десноцентристичката Демократска партија (ПДК) на Мемли Красниќи освоила меѓу 19% и 23% од гласовите, центристичката Демократска лига на Косово (ЛДК) на Лумир Абдиџику од 19% до 20% и конзервативната Алијанса за иднината (ААК) на Рамуш Харидинај меѓу 6% и 8%.

Останатите партии и коалиции нема да го надминат прагот од пет проценти за влез во парламентот.

Според проекциите од освоените гласови, ВВ во новиот состав на законодавниот дом ќе има 43 пратеници, ПДК 25, ЛДК 23 и ААК девет.

Без разлика на изборните постигнувања во водечките политички партии, 20 од 120 места во парламентот се резервирани за етничките малцински групи: 10 за Србите и уште 10 за другите, вклучувајќи ги Бошњаците, Турците и Ромите.

На денешните први редовни, а вкупно девети парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста, се гласаше на 2.533 гласачки места, а право глас имаа 1.970.944 лица во самото Косово и 104.924 во дијаспората. Косовските граѓани во странство гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва, лоцирани во 19 различни земји.

На изборите учествуваат 28 политички субјекти, од кои 20 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.

Човек без прекин возел камион 19 часа и 47 минути- му се слошило кога ја видел казната

За време на проверка на камиони и други транспортни возила во индустриската област Калтеиче во близина на Зиген, службениците од регионалната транспортна управа Лан-Дил од Диленбург откриле „алармантно висок степен на недостатоци“.

Од прегледани 14 возила, од кои 12 камиони, сите биле неисправни. Поради несоодветно обезбедување и обезбедување на товар, како и помали дефекти на возилата, од сообраќај привремено се отстранети седум камиони и три транспортери, објави Феникс.

Против возачот е поведена соодветна кривична постапка.

Инспекторите од Диленбург биле особено изненадени од 65-годишен камионџија кој возел речиси 20 часа без пауза. Поточно, возачот од областа Зиген-Витгенштајн го возел камионот непрекинато 19 часа и 47 минути. За среќа, при тоа возење никој од учесниците во сообраќајот, вклучително и самиот возач, не бил повреден.

Но, поради екстремно долгото возење без прекин и дополнителни технички дефекти на возилото, на возачот му е изречена вкупна казна од 11.880 евра.

притисни ентер