300 000 Французи застанаа во поддршка на возачот на автобус кој удри тинејцери (ВИДЕО)

Над 290 000 луѓе потпишаа петиција за поддршка на париски возач во јавен превоз , на кого му се заканува отказ зошто му удрил шлаканица на тинејџер.

Видеото , кое во Франција е вистински хит, покажува како возачот излегува од автобусот и му удара шлаканица на тинејџер кој стоел среде улица. Државната компанија за јавен превоз го осуди ваквиот чин и најави дека возачот ќе добие отказ.

Но , неговите колеги застанаа во одбрана на возачот и покренаа петиција , вом која бараат тој да не добие отказ.

Велат дека возачот морал нагло да закочи , зашто тинејџерот без да гледа , полека ја минувал улицата , а потоа и го навредувал возачот.

Фестивал на уникатни домашни производи викендов во Скопје

Под мотото „Вкус и традиција“, од 17 до 19 мај во Diamond Mall ќе се одржи Фестивал на македонски домашни производи.

Изложувачи на Фестивалот ќе бидат 15 домашни производители на традиционални прехранбени производи и пијалаци.

Како што најавуваат организаторите, посетителите ќе можат да вкусат и да набават домашен путер и масло од лешник, производи од тартуфи, комбуха, афион, бобинки и бадем, потоа домашно зреено месо и сувомеснати производи, сирење, зимница и мед, како и ракија, вино и пиво произведени во мали семејни дестилерии, винарници и пиварници.

Продолжуваат протестите на специјализантите, незадоволни се од платите

Продолжуваат протестите на специјализантите, незадоволни се од платите и од нерегулираниот работен однос.

Изборите завршија,а проблемите на младите приватни специјализанти останаа да ги решава идната влада.Тие продолжија со протестот секој вторник пред интерните клиники. Незадоволни се од платите, од нерегулираниот работен однос, а најмногу се огорчени што немаат здравствено осигурување.

Протестот го следи Јорданчо Цветановски .

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Висок американски функционер се сомнева во можноста за „тотална победа“ на Израел во Газа

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се сомнева во можноста Израел да постигне „тотална победа“ над палестинскиот Хамас во Појасот Газа, изјави заменик државниот секретар Курт Кембел, пренесоа денеска израелските медиуми.

Иако американските власти апелираа до Израел да помогне во подготовката на јасен план за повоено владеење со Газа, изјавата на Кембел е досега најјасното признание од висок американски функционер дека сегашната воена стратегија на Израел нема да ги даде резултатите што ги бара.

-Во некои аспекти, ние се бориме околу тоа што е теоријата на победата. Понекогаш кога внимателно ги слушаме израелските лидери, тие најмногу зборуваат за идејата за голема победа на бојното поле, целосна победа, рече Кембел на Младинскиот самит на НАТО во Мајами.

-Мислам дека тоа не е веројатно, ниту можно, така што изгледа како ситуациите во кои се најдовме по 9 септември, кога по раселувањето на цивилното население и многу насилство, бунтовите продолжија, рече заменик-државниот секретар на САД.

притисни ентер