30-дневен притвор за Шабан Салиу, куќен притвор за Ваљон Сарачини - Канал 5

30-дневен притвор за Шабан Салиу, куќен притвор за Ваљон Сарачини

Ефективен притвор за четворица, домашен за шестмина.Екс директорот на ДЗС, Шабан Салиу доби 30-дневен притвор, а поранешниот министер за економија, Ваљон Сарачини куќен.. 

30-дневен притвор за Шабан Салиу, куќен притвор за Ваљон Сарачини

Обвинителството побара и доби четири ефективни и шест куќни притвори, како и осум мерки на претпазливост за 19-те новоосомничени во истрагата за трагичниот пожар во кочанската дискотека Пулс, додека амбасадорот во Норвешка Кучи се уште е надвор од земјата. Според информации на Канал 5, побаран е притвор за екс директорот на ДЗС, Шабан Салиу, а за поранешниот министер за економија Ваљон Сарачини домашен.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски не прецизираше кој од осомничените каква мерка добил. Потврди дека станува збор за 2ца екс и еден актуелен директор на ДСЗ, 3-ца екс-министри за економија, а меѓу новоосомничените се градежни и пазарни инспектори, државни секретари и повеќе службеници. Со ова, осомничени се сите екс-министри за економија од 2012 година, со исклучок на актуелниот Бесар Дурмиши, а Коцевски образложи зошто.

Осомничени се и сите директори на ДЗС од 2012та година, бидејки како што вели Коцевски истрагата до сега покажала дека и сегашната и претходните раководни структури целосно ги запоставиле своите надлежности. Вели тие не вршеле контроли, надзори и проценка на ризик, не само во Пулс, туку во дискотеките низ целата држава. Низа пропусти биле утврдени и во работата на локалната самоуправа. Во однос на раководството на ДПИ, Коцевски информираше дека проверките за 2-цата осомничени екс директори продолжуваат, а за актуелниот не постоел законски основ за гонење.

Наведувајки примери од слични трагични пожари во клубови во Романија, САД и Бразил, чии законски норми ги зеле во предвид при истрагата , Коцевски ја образложи и временската рамка по која се води обвинителството. Тој објаснува дека освен оние кои имаат диреткна вина, се сомничат и оние лица чија серија на пропусти од отворањето на дискотеката па се до пожарот, довеле до тоа дискотеката да работи и да се случи катастрофата. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели секој кој се огрешил ќе одговара и порача дека истрагата не треба да биде место за политички препукувања.

За пожарот во Кочани во моментов се осомничени 45 физички и 3 правни лица. Коцевски информираше дека до сега се собрани 1000ци материјални докази, а истрагата е се уште во тек. Нагласи дека таа треба да заврши за 2 месеци.

YouTube video

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск

По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим.

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск

Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април.

Се очекува 200.000 луѓе да присуствуваат на погребот на папата. Меѓу нив ќе бидат шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. На погребот ќе присуствува и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

Поради погребот во Ватикан и во Рим воведени се драконски безбедносни мерки. Се очекува погребната поворка да трае околу половина час, а рутата на ковчегот со папата Франциск поставени се големи екрани, на кои верниците ќе можат да следат што се случува во секоја фаза од погребот. Големи екрани ќе бидат поставени и на плоштадот Свети Петар.

Верниците уште од утре ќе можат да го посетат гробот на папата во базиликата Санта Марија Маџоре, објави Ватикан.

Од 5 до 10 мај, 135-те кардинали, членови на конклавата, ќе треба да изберат нов папа. /MИА

Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. 

Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Од УХМР најавија дека во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Од АМСМ денеска информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

притисни ентер