30 дена притвор за членот на обезбедувањето на Мицкоски приведен за „оддавање службена тајна“ - Канал 5

30 дена притвор за членот на обезбедувањето на Мицкоски приведен за „оддавање службена тајна“

Вработениот во обезбедувањето на премиерот Мицкоски – полицискиот инспектор од Велес Ангел Сарамаков доби 30 дневен притвор.

30 дена притвор за членот на обезбедувањето на Мицкоски приведен за „оддавање службена тајна“

Вработениот во обезбедувањето на премиерот Мицкоски – полицискиот инспектор од Велес Ангел Сарамаков доби 30 дневен притвор, откако полицијата го фатила на паркинг во Велес како оддава тајни документи на МВР на друго лице, за да добие имотна корист од 50.000 евра. Лицето Б.К, кое првично беше исто така уапсено, сега според соопштенито на Обвинтиелството, има статус на сведок во постапката. Сарамаков е осомничен дека од користољубие сторил кривично дело, оддавање службена тајна, за кое му се заканува затворска казна од најмалку една година.

-Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.03.2025г. на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите. – велат од Обвинителството и притоа тоа ги демантираат наводите во јавноста дека уапсениот оддавал тајни на криминалната група од Грчец, без да кажат за кого биле наменети и што содржеле.

При акцијата, полицијата во возилото на Сарамаков пронашна ранец во кои биле службените материјали од МВР, а потоа биле извршени и дополнителни претреси, каде што се прибрани уште докази во интерес на истрагата.

Од Владата за Канал 5 уверуваат дека во случајов не е нарушена безбедноста на премиерот Мицкоски, но експертите, алармираат дека станува збор за исклучително сериозна ситуација, која предизвикува опасност врз највисоките функционери, но и компромитирање на државните тајни, а воедно покажува и колку длабоко се инфилтрирани „кртовите“..

-Страшна, страшна состојба, морам да кажам дека е страшна состојба, плус ако сте член на една ваква служба која што се грижи за безбедноста на највисоките државни функционери, премиерот, претседателот. Министерството за внатрешни работи треба да спроведе најсериозна истрага, целосна, не само за ова лице, и за сите други кои што имаат соодветни безбедносни сертификати за пристап до овие информации, службена тајна, државна тајна итн,- Љубомир Ѓурчевски – Поранешен полициски началник во МВР.

Дека постојат кртови во МВР тврдеше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој посочуваше дека се води истрага за откривање на оние кои работат против службата. Таа изјава ја даде откако беа уапсени двајца пензионирани полицајци кои исто така оддавале службени тајни на криминалната група од „Дуќанџик“ и ги пробивале полициските акции, а претходно поради истите причини беше компромитирана и акцијата Планина во 2021 година со која беше опфатена групата од Грчец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роботи со моторна пила помагаат во одржување на железничките пруги (ВИДЕО)

Јапонската железничка компанија JR East почна да користи хуманоидни роботи опремени со моторни пили за отстранување гранки од дрвја по железничките пруги, со цел подобрување на безбедноста и сигурноста на железничкиот сообраќај.

Роботи со моторна пила помагаат во одржување на железничките пруги (ВИДЕО)

Роботите беа користени во близина на станицата Нобејама во префектурата Нагано на линијата Коуми, каде што беше потребно да се отстранат гранките што растеа над шините и можеа да го попречат движењето на возовите, објавува јапонскиот портал SoraNews24.

Машините се монтирани на специјални возила што можат да се движат по железничките пруги, како и по патиштата. Роботот е опремен со држач на едната рака, со кој може да држи и поместува гранки, додека другата е опремена со моторна пила за нивно сечење.

JR East започна да ги воведува овие роботи во својата флота за одржување во март оваа година, додека JR West започна да користи слични системи во 2024 година.

Досега, работите за одржување на пругите главно се извршуваа ноќе, помеѓу последниот и првиот утрински воз, за ​​да се избегне прекин на патничкиот сообраќај.

Сепак, со зголемениот број вработени кои бараат работа во дневна смена, JR East ја разгледува можноста за почесто извршување на работата во текот на денот.

YouTube video

Компанијата предупредува дека таквата промена би можела да доведе до почести привремени прекини на сообраќајот на некои делници за време на редовното работно време на железницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија.

Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал.

Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток.

Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток.

Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер