28 години постоење, Еуроимпекс единствен меѓу импортерите со две импортерски продажно сервисни точки во Скопје - Канал 5

28 години постоење, Еуроимпекс единствен меѓу импортерите со две импортерски продажно сервисни точки во Скопје

Еуроимпекс е во моментов единствен меѓу импортерите кој функционира со две импортерски продажно/сервисни точки во Скопје, покрај дилерската мрежа на територија на Република Македонија. 

28 години постоење, Еуроимпекс единствен меѓу импортерите со две импортерски продажно сервисни точки во Скопје

Еуроимпекс е во моментов единствен меѓу импортерите кој функционира со две импортерски продажно/сервисни точки во Скопје, покрај дилерската мрежа на територија на Република Македонија. Опстојува 28 години на пазарот и им нуди на своите клиенти сервисирање, дијагностика, акциски понуди за оригинални резервни делови вклучувајќи и работна рака, лимарски услуги и специјални пакети за возила постари од 5 години со програмата 5+, вклучувајќи ја и понудата на Eurorepar резрвни делови.

Компанијата Еуроимпекс која опстојува 28 години на пазарот ја претставува својата втора продажно/сервисна импортерска точка во Скопје преку еден од членовите на менаџерскиот тим Ванчо Каламадевски, национален технички советник и раководител на сервисниот центар на локација Скупи, кој ги истакнува услугите и производите кои ги нуди сервисниот центар на пазарот преку неговото раководење во истиот.

„Во оваа компанија сум веќе 11 години и од секогаш се работело по веќе зададени правила, стандарди и начини на работа. Нудење на беспрекорна услуга и начин на комуницирање со клиентите, употребата на оригинални резервни делови и нивна гаранција. Клиентот кој стои пред вас има високи очекувања од услугата и производот посебно затоа што вие го претставувате Брендот Peugeot и ја извршувате функцијата на Овластен сервисен центар. Тука нема простор за „грешки“, затоа и одговорноста е уште поголема. Претставува вистинско задоволство, мотивација и предизвик да се раководи со еден ваков сервисен центар“ изјавува Ванчо Каламадевски.

Еуроимпекс е во моментов единствен меѓу импортерите кој функционира со две продажно/сервисни точки во Скопје и дилерска мрежа на територија на Република Македонија. Во моментов импортерска точка на локација Скупи 3А брои 6 лица и опслужуваат функции како продажба на возила, сервисирање и магацинско работење,.... и се достапни за сите клиенти кои имаат потреба од нивните услуги.

За разлика од продажно сервисната точка во Лисиче на Бул. Трета Македонска Бригада, на оваа локација Ул. Скупи 3А, копманијата нуди и сервисирање и проверка на возила од сите автомобилски брендови, на тој начин претставуваат мултифункционален сервисен центар.

Нивниот тим е составен од стручни лица и е образован и обучен да може да ги опслужи сите клиенти кои имаат потреба од сервисирање на возила, дијагностика, оригинални резервни делови и тјунирање.

А посебно истакнуваат дека нудат и резервни делови од нивниот најнов партнерски Бренд - EUROREPAR, кој е всушност „мулти-бренд“ за резервни делови, сервисирање, одржување и поправка комбинирајќи квалитет, цена и перформанси. Препорачан од Принципалот Automobiles Peugeot, а понудува производи за онаа целна група која е со помала куповна моќ и сака да вгради високо квалитетни делови кои се од потрошен материјал (филтри, ребраст ремен со затегачи, водна пумпа, дискови, лагери, плочки итн). Сите резервни делови од програмот Eurorepar имаат 2 годишна гаранција.

Ванчо Каламадевски, за оние сопственици на возила кои ги носат своите автомобили во приватни гаражи наместо во овластени сервисни центри истакнува:

„Не секој сопственик на автомобил го третира своето возило на ист начин. Секако дека клиентот е тој кој одлучува на кој начин ќе се грижи за своето возило и аналогно на таа грижа, колку тоа возило ќе врати назад во истата мера на издржливост, трајност итн. Наша задача како професионалци е да го советуваме клиентот најдобро што можеме и да му ја објасниме важноста од сервисирање на своето возило во Овластени сервисни центри. Од многу причини.

Ако сакаме производот да биде со подолг век на употреба и да можеме поретко да го враќаме на сервис треба да размислиме за одлуката каде и како да го сервисираме. Употребата на оригинални резервни делови, гаранцијата која ја нудиме и сигурноста дека на вашиот производ работат „стручни раце“, кои поминале обука, знаење и искуство да најпрво го препознаат вистинскиот проблем а потоа да знаат со кои методи е најдобро и најдолготрајно да тој „проблем“ го решат се со цел комплетно задоволување на потребите и очекувањата на странката. Секако дека финалната одлука ја има сопственикот на возилото“

Дилерската мрежа на Еуроимпекс е распространета во 4 градови во Републиката. Дилерски центар во Скопје - СИТИ КАР, Гевгелија – БОНДИ, Тетово – АВТО ЧАЈКА и Штип – АВТО ЧАЈКА 2 и секако двете импортерски локации: Локација 1: Бул.Трета Македонска Бригада бр. 72, Скопје; Локација 2: Ул. Скупи 3А, Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Џонг-ун пристигна во Кина преку нов мост (ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Кина преку новоизградениот мост меѓу двете соседни земји, изјави јужнокорејски владин претставник.

Ким Џонг-ун пристигна во Кина преку нов мост (ВИДЕО)

Ким пристигна во Дандонг преку новиот мост на реката Јалу, кој ги поврзува Северна Кореја и Кина, изјави функционерот под услов на анонимност бидејќи не е овластен јавно да зборува за ова прашање.

Кинескиот премиер Ли Ќијанг се сретна со Ким во пограничниот град, изјави друг јужнокорејски функционер запознаен со посетата, исто така под услов на анонимност. Посетата на Ким доаѓа еден ден пред годишнината од вмешаноста на Кина во Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година.

YouTube video

Затоплување на односите

Се очекува Ким да се врати во Северна Кореја по посетата во сабота, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Јужнокорејски функционер запознаен со посетата изјави за Ројтерс дека е малку веројатно Ким да го посети Пекинг пред состаноците на високо ниво на Кинеската комунистичка партија, кои започнуваат во понеделник.

Кина и Северна Кореја овој месец, по долго одложување, го отворија Новиот мост на реката Јалу. Станува збор за објект долг три километри што претставува нивен најважен копнен граничен премин. Целта е да се оживее трговијата и економската размена по години на затегнати односи и нарушувања предизвикани од пандемијата.

Посетата на Ким во овој момент се вклопува во сегашната фаза на поблиски економски врски и почести состаноци на високо ниво меѓу Кина и Северна Кореја, рече Лу Чао, експерт за односите меѓу Кина и Северна Кореја во Провинциската академија за општествени науки Лиаонинг, истражувачки институт на кинеската влада со седиште во Шенјанг.

Се очекува мостот да го олесни транспортот на тешка опрема, суровини и енергија што ѝ се потребни на Северна Кореја за развој. Отворањето е најновиот знак за одмрзнување на односите меѓу Пекинг и Пјонгјанг, откако лидерите на двете земји се состанаа на два самити во изминатите 13 месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа

Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. 

Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа

Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти.

Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент.

Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година.

Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник.

Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа.

Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер