24 години од НАТО бомбардирањето, Вучиќ на церемонија во Сомбор, десницата ќе ја блокира Влада - Канал 5

24 години од НАТО бомбардирањето, Вучиќ на церемонија во Сомбор, десницата ќе ја блокира Влада

Пред 24 години на денешен ден започнаа воздушните напади на НАТО врз тогашна Сојузна Република Југославија (Србија и Црна Гора). 

24  години од НАТО бомбардирањето, Вучиќ на церемонија во Сомбор, десницата ќе ја блокира Влада

За време на 78-те денови колку траеше бомбардирањето, според официјалните извори загинаа 2.500 луѓе, додека вкупната материјална штета проценета е на повеќе десетици милијарди долари, јави дописникот на МИА од Белград.

Загинаа 2.500 лица меѓу кои 1.031 припадници на вооружените сили и полицијата, а повредени се околу 6000 цивили, 5.173 војници и полицајци, а повеќе лица сè уште се водат како исчезнати. Воените загуби на НАТО никогаш официјално не се соопштени.

Операцијата на НАТО „Милосрден ангел“ започна на 24 март 1999 година во 19 часот и 45 минути, по неуспешните преговори за решавање на кризата на Косово во Рамбује и Париз.

Деветнаесет земји на Алијансата го почнаа да бомбардирањето од бродови во Јадранското Море, од четири воздухопловни бази во Италија, поддржани од стратешки бомбардери кои полетаа од бази во Западна Европа, а подоцна и од САД. Во бомбардирањето се уништени и оштетени 25.000 станбени единици, 470 километри патишта и 595 километри железнички пруги. Онеспособени се 14 аеродроми, 19 болници, 20 здравствени центри, 18 детски градинки, 69 училишта, 176 споменици на културата, 44 мостови беа оштетени, а 38 беа уништени. Симбол на страдањето во бомбардирањето на СРЈ беше малата Милица Ракиќ, која почина на 17 април за време на бомбардирањето во Батајница. Во ноќта на 23 април 1999 година, за два часа и шест минути по полноќ, НАТО ја нападна и зградата на РТС, при што загинаа 16 работници. Ова беше прв случај кога медиумска куќа беше прогласена за легитимна воена цел. За време на бомбардирањето беа извршени 2.300 воздушни напади врз 995 објекти низ целата земја, а 1.150 борбени авиони лансираа близу 420.000 проектили со вкупна тежина од 22.000 тони.

НАТО лансираше 1.300 крстосувачки проектили, беа употребени и графитни бомби, како и 37.000 касетни бомби од кои 200 лица загинаа, а повеќе од стотина беа повредени, а беше користена и забранетата муниција со осиромашен ураниум.

По повеќедневен дипломатски притисок, бомбардирањето заврши со потпишувањето на Воено-техничкиот договор во Куманово на 9 јуни 1999 година, а на 10 јуни, беше усвоена Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, по што за три дена почна повлекувањето на армијата и полицијата од Косово и влегувањето на меѓународните воени сили.

Централна церемонија за одбележување на годишнината од бомбардирањето во Србија ќе се одржи вечерва во Сомбор, на која ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ.

Американскиот амбасадор Кристофер Хил денеска упати сочувство до семејствата на загинатите во војните во 90-тите и до семејствата на загинатите во бомбардирањето на НАТО.

Знам дека луѓето во Србија не можат да го заборават тоа страшно време, и не треба. Народот на Србија не може да ја потисне својата болка, но верувам дека има доволно сила да ја потисне својата огорченост, наведе Хил.

За денеска десноориентираните и проруски опозициски партии и движења закажаа протести и блокади, а главниот собир и блокада ќе биде пред Владата на Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција: Се заканил дека ќе ја обезглави наставничката, ќе оди во затвор

Во Франција, 47-годишен маж беше осуден на шест месеци затвор поради закана дека ќе ја обезглави наставничката која го казнила неговиот син.

Франција: Се заканил дека ќе ја обезглави наставничката, ќе оди во затвор

Пресудата беше изречена во итна постапка, шест дена по инцидентот во основно училиште во селото Ле Фога во близина на Тулуз во југозападна Франција, објавува Би-Би-Си.

На наставничката ѝ е дадена официјална заштита и моментално е на боледување. Поради инцидентот што се случи минатиот петок, нејзините колеги не одржаа часови во понеделник.

Францускиот министер за образование, Едуар Жефри, изјави дека ниту еден наставник не треба да се плаши да си ја врши работата и дека нападот врз еден од нив е напад врз целата институција. Жефри во текот на летото протурка закон кој го штити училишниот персонал од „значајни ризици“ по безбедноста или здравјето што може да ги претставуваат членовите на семејството на учениците. Министерот истакна дека ова е еден од првите случаи во кои ќе се применува новата регулатива.

Текот на настаните

Раководителот на одделот за образование на Тулуз, Карим Бенмилуд, потврди дека таткото бил повикан во училиштето на разговор. Градоначалникот на Ле Фога, Жан-Мари Пуиг, објасни за BFMTV дека момчето било немирно на час, па затоа било испратено во друго одделение за да се смири. Детето продолжило да се однесува лошо таму, а наставничката го опоменала.

Таткото бил налутен. Според градоначалникот, тој ја сретнал наставничката пред училиштето и ѝ се заканил дека „ќе ѝ ја отсече главата да беше машко“. Таткото подоцна се извинил, но против него била поднесена кривична пријава.

Судска одлука

Таткото на момчето се појавил пред судија во Тулуз завчера попладне. Според извештаите од францускиот суд, судијата му рекол дека таквите изјави се вознемирувачки. Обвинителот побарал шест месеци домашен притвор, но судијата му одредил затворска казна поради сериозноста на неговите постапки.

„Навистина не сум горд на себе“, рекол таткото на момчето, според обвинителите. Казната бара од него да посетува курс за граѓански права и одговорности и му забранува да има каков било контакт со наставничката или да се приближува до училиштето.

Пропис донесен во Франција во јули дозволува префрлање на ученици доколку постои сериозен ризик за персоналот. Се верува дека момчето и неговата помлада сестра ќе бидат префрлени во друго училиште. Се вели дека наставничката, која е во своите 50-ти години, е во длабок шок по заканите.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи

ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти за време на владеењето на СДСи ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи

Државата плаќала 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства додека железничкиот Коридор 8 со години стоел незавршен.

Ова е сериозен скандал и резулат од неодговорното управување на СДС И ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура граѓаните добиле милионски трошоци и нови долгови.

ДЗР констатирал неефикасно управување, a дополнително предупредил и ризик од губење на 61 милион евра европски грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8.

Кој е одговорен за овие пропусти? Кој дозволил државата да плаќа милиони евра провизии? И кој ќе одговара ако со нечие постапување или непостапување е нанесена штета на државниот буџет?

СДС и ДУИ неодговорно постапувале со парите на граѓаните.

Јавното обвинителство мора да постапи по наодите на ДЗР. Да се испитаат сите одлуки, договори, постапки и одговорни лица и да се уврди дали има основа за кривична одговорност.

СДС и ДУИ не можат да се кријат и да молчат додека граѓаните ја плаќаат сметката за нивното катастрофално владеење во минатото.

4,6 милиони евра провизии, години доцнење незавршена железница и ризик за европски средства. Тоа е наследството од СДС и ДУИ.

Бараме одговорност за секој потрошен денар и за секоја одлука со која е оштетена државата. Не сме исти. Разликата е евидентна.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воз излета од шините во Франција, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)

Околу 20 лица се повредени во железничка несреќа што се случи вчеравечер кога воз излета од шините помеѓу Руан и Кан во северна Франција, објавија француските власти.

Воз излета од шините во Франција, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)

Возот превезувал 180 патници и излетал од шините во близина на градот Клеон во Нормандија, објави францускиот министер за транспорт Филип Табаро на социјалната мрежа „X“.

140 пожарникари биле на местото на несреќата помагајќи им на повредените и патниците, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер