Многумина празнуваа продолжениот велиденски викенд, но не и полицијата која продолжи со засилените сообраќајни контроли... Тие, за жал, уште еднаш ја потврдија ниската сообраќјна култура и честото непочитување на сообраќајните правила...
И покрај засилените контроли, граѓаните продолжуваат да го кршат законот за безбедност во сообраќајот. Во текот на изминатиот викенд се напишани над 2000 казни од кои над 1000 се напишани заради брзо возење.
За брзо возење освен со пазрични казни, дел од возачите кои возеле со над 50 км на час над дозволеното на отворен пат, ќе одговаат и кривично за безобзирно управување на возило... Кривично ќе одговораат и возачите кои беа фатени со алкохол повеќе од 1,5 промили, а овие денови фатени биле повтроно и голем број на возачи кои управуваат возила без воопшто да имаат дозволи
Заради неправилно паркирање евидентирани биле 308 прекршоци, 1018 заради возење со брзина поголема од дозволената, а дури 254 ученисици во сообраќајот управувале возило без возачка дозвола...
додека пак 66 возачи се отстранети од сообраќај заради возење под дејство на алкохол, а изречена е 21 санкција за минување на црвен семафор. По однос пак на Законот за возила од сообраќајот се отстранети 60 возила од кои заради техничка неисправност 13, а заради неважечка сообраќајна дозвола 47 возила. - тонско Гоце Андреевски портпарол на МВР
Овој период казни добиле и моторциклистите кои возеле без кацига, а казни се пишувале и за возење без појас и за користење мобилен при возење..
Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и следните денови и апелираат да се почитуваат сообраќајните прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.