18- годишникот кој прегази жена во Капиштец избегал со татко му преку Табановце, му помогнале маж и жена - Канал 5

18- годишникот кој прегази жена во Капиштец избегал со татко му преку Табановце, му помогнале маж и жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

18- годишникот кој прегази жена во Капиштец избегал со татко му преку Табановце, му помогнале маж и жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека уште две лица се осомничени дека му помогнале по извршувањето на кривичното дело.

Осомничениот 18-годишник на 9 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај така што го довел во опасност животот на луѓето.

По улицата “Народен Фронт” управувал автомобил “Фолскваген пасат’’ и со возилото извршил дејствие на непрописно поместување во лево, на коловозната лента наменета за сообраќај од спротивната лента, без притоа да се увери дека тоа може да го стори без опасност по другите учесници во сообраќајот, со брзина на движење на возилото неприспособена спрема својства, состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.

Освен тоа, автомобилот го управувал без да поседува важечка возачка дозвола.

При такви услови со возилото удрил во телото на оштетената Љуба Јаковлеска, која како пешак попречно го поминувала коловозот. Од ударот и падот на коловозот жената се здобила со тешки телесни повреди, а осомничениот без да и укаже помош веднаш го напуштил местото на настанот. Жртвата била префрлена во Ургентниот центар каде и покрај укажаната медицинска помош починала.

Другите двајца осомничени, маж и жена, му помогнале на осомничениот за предизвикување на сообраќајната несреќа да ја напушти државата, пренесувајќи го со својот автомобил преку граничниот премин Табановце.

Тие се лишени од слобода по враќањето во земјава и за нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Притворска мерка е побарана и за осомничениот возач кој е во бегство и за него притворот ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази и определениот притвор, по него ќе биде распишана и меѓународна потерница со цел негово обезбедување, соопшти Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД започнаа бран напади врз Иран шеста ноќ по ред

САД започнаа бран напади врз Иран шеста ноќ по ред, соопшти нивната војска, додека двете страни се борат за контрола врз Ормутскиот теснец.

САД започнаа бран напади врз Иран шеста ноќ по ред

Централната команда на САД соопшти дека нападите имале за цел „ деградирање на иранските воени капацитети“,иранските државни медиуми објавија дека САД нападнале цивилна инфраструктура, вклучувајќи мостови, железничка станица и аеродром.

Би-Би-Си потврди напад врз еден мост западно од Бандар Абас во покраината Хормозган.

Американските ракети, исто така, погодија цели во близина на островот Кешм, во близина на теснецот, како и во Бандар Абас и Бушер – каде има нуклеарна централа.

Командата на САД не спомена мостови во својот список на „десетици ирански воени цели“ погодени во последната рунда напади, која заврши во раните утрински часови.

Деновиве, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на иран доколку земјата не се врати на разговорите.Откако Трамп во април изјави дека САД ќе бомбардираат цивилна инфраструктура во Иран, вклучувајќи мостови и електрани, комесарот за човекови права на ОН, Волкер Турк, рече дека „намерното напаѓање на цивили и цивилна инфраструктура е воено злосторство“.

Седум лица беа убиени во нападите, објави државната новинска агенција ИРНА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Античкиот грчки „Мит за Амазонките“ вечерва на „Охридско лето“

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот на сцената „Долни Сарај“ ќе има можност да ужива во  балетската претстава „Митот за Амазонките“ во изведба на АРТ Денс Театар  од Грција, а во режија и кореографија на Артемис Игн

Античкиот грчки „Мит за Амазонките“ вечерва  на „Охридско лето“

„Митот за Амазонките“ е танцов перформанс кој се базира на античкиот грчки мит за Амазонките, со музика специјално компонирана за оваа претстава.

Претставата се фокусира на двата најпознати мита поврзани со Амазонките, митот за кражбата на златниот ремен од страна на Херкулес и митот за борбата помеѓу Пентесилеја и Ахил, во која Ахил ја убива Пентесилеја, а потоа ѝ го отстранува сребрениот шлем кој ѝ го покрива лицето и вчудоневиден од нејзината убавина, се вљубува во неа.

Театарската и балетска компанија „АРТ Денс“ премиерно ја изведува оваа балетска претстава во 2013 година за време на Културниот фестивал во музејот „Бубулина“ во Спетсес во Грција. Во 2014 година овој перформанс е избран од Грчкото министерство за култура да ја претставува Грција на Интернационалниот фестивал во Сус, како и на неколку други фестивали во Тунис.Во 2017 година на културната соработка помеѓу Грција и Кина, „Амазонките“ се играат во Гуанжу и во Шунде-Фошан, а во 2022 година се дел од активностите за одбележување на Тирана – европски младински град за 2022 година.

Театарската и балетска компанија „АРТ Денс“ настапува на бројни сцени и фестивали во Грција и надвор од неа. Тие се официјален претставник на Грција на 10. Танцов фестивал во Лимасол (Кипар) во 2007 година, а настапуваат на отворањето на 6. Фестивал на културата во Пекинг во 2008 година како дел од Културната олимпијада во Кина.

Артемис Игнатиу е режисер, кореограф и уметнички директор на церемонијата на палење и предавање на Олимпискиот пламен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србија се приклучи на вселенската програма на НАСА

Србија синоќа го потпиша Договорот „Артемида“ и со тоа стана 69-тата земја што се приклучи кон оваа меѓународна иницијатива за истражување на вселената. 

Србија се приклучи на вселенската програма на НАСА

Договорот во седиштето на НАСА го потпиша министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, а на церемонијата присуствуваа заменик-администраторот на НАСА, Мет Андерсон, помошникот државен секретар на САД за океани, животна средина и наука, Весли Брукс, амбасадорот на Србија, Драган Шутановац, и Марија Гњатовиќ од Министерството за наука, технолошки развој и иновации, пренесува агенцијата Танјуг.

Министерот Ѓуриќ претходно изјави дека пристапувањето кон овие договори ќе им овозможи на научниците, компаниите и институциите во Србија да учествуваат во една од најнапредните вселенски програми во светот.

„Србија е посветена на истражувањето на вселената за мирољубиви цели и на почитувањето на меѓународното право, така што овој договор ќе придонесе и за создавање поволна рамка за нашиот понатамошен развој. Секако, ова има симболична вредност и политичко значење и се одвива како дел од стратешкиот дијалог што претставува историски чекор напред во односите меѓу Србија и Америка“, изјави Ѓуриќ. Тој исто така додаде дека за Србија ова значи влез во кругот на земји со кои САД остваруваат партнерство и пријателска соработка.

Што претставуваат Договорите „Артемида“ Договорите „Артемида“ беа иницирани во 2020 година од страна на НАСА и Стејт департментот на САД, со поддршка на седумте земји-основачи. Иницијативата беше покрената за време на првиот мандат на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер