18 години од загинувањето на Тоше Проески - Канал 5

18 години од загинувањето на Тоше Проески

Маратонците го истрчаа 18-тиот маратон во чест на Тоше Проески и пристигнаа на неговот вечно почивалиште во Крушево.

18 години од загинувањето на Тоше Проески

На годишениот маратон во чест на Тоше учество зедоа 14 учесници

Нив ги пречекаа учениците и грагани од Крушево, кои со рози на главната улица во градот, им посакаа добредојде.

Во Крушево и денеска многу граѓани му оддадоа почит на Тоше на неговото вечно почивалиште.

-Што се однесува до самиот Тоше, не знам дали постојат зборови кои би можеле да објаснат колку всушност направи тој за културата, не уметноста. Не само во Македонија, туку и надвор во регионот. Откако сум тука во Македонија, имам чувство дека вие можеби не сте свесни какво влијание имаше тој на младите. - Марко Прентиќ – црногорски пејач

Тоше Проески животот го загуби на само 26 години, во трагичната несреќа кај Нова Градишка на пат за Загреб. Освен својатата добрина хуманост и харизма Проески зад себе остави многу концерти, осум студиски албуми и безбројни хитови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.

Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Од 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер