Санкционирани 51 возач за пребрзо возење на територија на СВР Битола

Полициски службеници од СВР Битола денеска од 8 до 13 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 51 возач.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, известуваат од МВР.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потенцираат од МВР.

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 1 и 2 август 2021 година (недела и понеделник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

-Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот утре, па сè до 22.00 часот на 2 Август, на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место наречено Слива, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен, информираат од полицијата.

За безбедно одвивање на сообраќајот потребно е да се почитуваат сообраќајните знаци, прописи и наредби на полициски службеници, велат од МВР.

Руски „Иљушин-76“ пристигна на помош во Турција за гаснење на пожарите (ВИДЕО)

Авион на руската служба за итни случаи Иљушин-76 слета денеска во Турција за да им помогне на тамошните власти во гаснењето на пожарот што беснее во околината на Анталија.

Три авиони што Русија ги испрати во Турција, од типот Б-200, веќе се во акција и го гаснат пожарот во околината на Анталија.

Еден од авионите денеска го гаснел огнот неколку часа на потегот помеѓу градовите Анталија и Манавгат, објави ТАСС .

Турските власти побарале помош за гаснење на пожарите во близина на населбите и туристичките зони каде што се руските туристи.

Руското Министерство за одбрана и Руската служба за вонредни ситуации одлучиле да одговорат на барањето на Турција за помош со испраќање 11 авиони за гаснење на пожарите.

Пожарите избувнале во средата, недалеку од одморалиштето Манавгат, јужно од регионот Анталија, поради екстремно високите температури, а во четвртокот огнот се проширил и на други области, вклучително и одморалиштата во Ајдин и Мугла.

Со БМВ блокирала противпожарно возило, па добила лекција (ВИДЕО)

Несовесна жена возач можела да биде среќна поради трпението на пожарникарите.

Видеото објавено на Редит уште еднаш покажува колку краткото застанување на патот е непромислен потег. Вклучувањето на сите четири трепкачи не значи дека сте семоќен, особено на улиците каде што автомобилите се веќе паркирани странично, па паркираниот автомобил им пречи на возилата што се обидуваат да го поминат патот.

Оваа жена возач одлучила да го паркира БМВ -то на патот, веројатно мислејќи дека може да се паркира на неколку минути, бидејќи тоа никому нема да му пречи. Токму тогаш, минувале пожарникари, со вклучени сигнални светла и сирена.

Спротивно на очекувањата, пожарникарите одлучиле да почекаат некое време и да ја повикаат сопственичката со сирена, да го отстрани автомобилот и да им дозволат да поминат непречено. По околу една минута, сопственичката, оди спокојно за да седне во автомобилот. Пожарникарите одлучија да ја почестат со соодветна мелодија. Со оглед на сите работи, таа можела да биде среќна за минималното предупредување.

Патем, во претходните случаи, сопствениците на БМВ кои што биле неправилно паркирани и спречиле пожарникарите да пристапат до хидрантот,останале без стакло.

притисни ентер