12-годишно девојче и 20- годишно момче загинаа во земјотресот во Хрватска(ВИДЕО) - Канал 5

12-годишно девојче и 20- годишно момче загинаа во земјотресот во Хрватска(ВИДЕО)

Силен земјотрес ја погоди Хрватска, со јачина од 6,2 степени и епицентар во близина на Петриња, но силно се почувствува низ цела Хрватска.

12-годишно девојче и 20- годишно момче загинаа во земјотресот во Хрватска(ВИДЕО)

Првите сцени од Петриња се ужасни, половина град е уништен. Се слушаат врисоци, има повредени и мртви. Според последните информации, во Петриња загинало 12-годишно девојче и 20-годишно момче во близина на гратчето Глина.

„Почина 20-годишно момче од Мајске Полјане, куќата му се урна врз него“, потврди за 24сата заменик-градоначалникот на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ.

Најмалку 20 лица се повредени во Сисак, од кои две потешко.

YouTube video

Девојче загина во Петриња, потврди градоначалникот Даринко Думбовиќ. Станува збор за 12-годишно девојче. Оваа информација ја потврди и полицијата.

"Ова е како Хирошима, немаме половина град. Во моментов сум пред мртвото девојче кое почина, чекаме помош", изјави Думбовиќ за ХРТ. Девојчето починало во центарот на градот.

"Извлековме мало дете од четири години, градот е уништен, не можете повеќе да живеете во него. Катастрофа, мајките плачат за своите деца, не знам што има во една градинка, што во друга. Жена ми ми вика, и падна нешто на главата. Ни треба помош, потребни ни се итни служби", извика тој.

"Ова нема никаква врска со животот. Мојот град е целосно уништен. Имаме мртви деца. Ни требаат пожарникари, не знаеме што има под урнатините, падна покрив врз еден автомобил, ни треба помош", изјави градоначалникот на Петриња Даринко Думбовиќ за ХРТ.

Улиците на Петриња се полни со урнатини, оштетени се голем број згради, а спасувачите трагаат по преживеани, објави телевизијата Н1.

Сите достапни противпожарни единици од Загреб се на пат кон Петриња, каде спасувачките служби и пожарникарите со голи раце ги пребаруваат урнатините.

Татко и дете биле извлечени од катна станбена зграда и со возило на брза помош биле пренесени во болница. Засега е непознато со какви повреди се здобиле, но ги однеле на носила.

YouTube video

Сеизмологот Крешимир Кук изјави дека земјотресот помеѓу Сисак и Петриња бил со јачина од 6,2 според Рихтер и дека ослободената енергија е околу триесет пати посилна од онаа што се случила во март во Загреб.

Говорејќи за телевизијата Н1, Кук рече дека земјотресот не е изненадувачки и додаде дека тие веруваат дека ова е најсилниот удар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер